Музеј на македонската борба
| Национална установа „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ „Музеј на ВМРО“ „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим “ |
|
| Музеј на македонската борба Скопје www.mmb.org.mk |
|
Поглед кон зградата на музејот |
|
| Други имиња | Музеј на македонската државност |
|---|---|
|
|
|
| Општи информации | |
| Состојба | државен |
| Тип | музеј |
| Архитектонски стил | барок |
| Место | Плоштад Македонија |
| Адреса | Иљо Војвода ББ |
| Град | Скопје |
| Земја | Македонија |
| Темел удрен | 2008 |
| Изградбата започнала | 2008 |
| Завршена | 2011 |
| Отворање | 8 септември 2011 |
| Трошок | 12.000.000 евра |
| Проектирање и изградба | |
| Сопственик | Министерство за култура |
| Архитект | Зоран Јордановски |
| Архит. фирма | Бетон |
Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија, на левиот брег од реката Вардар. За главен архитект при изградбата на објектот бил избран Зоран Јордановски, а музејот бил изграден од компанијата Бетон од Штип[1].
Музејот бил изграден во периодот од 2008 до 2011 година, и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија. Изградбата на објектот е дел од т.н. проект Скопје 2014.
Содржина |
Трошоци за изградба [уреди]
За изградба на објектот биле потрошени 4 милиони евра. За внатрешноста на музејот, односно за масовните сцени од домашни, руски, украински и бугарски автори биле потрошени околу 1 милион евра, за рамки за слики повеќе од 100.000 евра. За восочните фигури биле исплатени околу 1.5 милиони евра. Проектот за мебел изнесувал околу 200.000 евра, а самиот мебел повеќе од 818.000 евра. За осветлувањето на објектот биле дадени 220.000 евра, а за витраж 420.000 евра.
Така, според неофицијални информации, целиот проект чини околу 12 милиони евра.
Опис [уреди]
Музејот бил официјално отворен од страна на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој во музејот го предал оригиналот од Декларацијата за независноста на Македонија, која е изложена во холот при самиот влез.
Самиот музеј се состои од тринаесет одделенија, и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Во првата просторија е претставен раниот период на македонската борба, кога ајдутите сè уште немале дефинирано политичка платформа[2]. Сите останати простории понатаму се поврзани хронолошки сè до периодот на комунизмот.
Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја. Освен восочните фигури во музејот се наоѓа и поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.
Музејот работи од вторник до недела со работно време од 10 до 18 часот, а во понеделник не работи. Секоја организирана посета во музејот треба да биде најавена.
Критики [уреди]
Музејскиот комплекс, дел од проектот „Скопје 2014“ предизивкал остри реакции во јавноста, посебно од страна на опозицијата, упатени до владејачката партија[3]. Според опозицијата, изградбата претставува травестија и фингирање на историјата. Во музејот се наоѓаат и восочните фигури на Ванчо Михајлов и Мара Бунева, како контроверзни личности во македонската историја.
Восочни фигури [уреди]
- Бунтовници: Димитар Поп-Георгиев, Дедо Иљо Малешевски, Сирма Војвода, Стојан Разловски и Ѓорѓи Пулевски
- Дејци на МРО: Ѓорче Петров, Владислав Ковачев, Јане Сандански, Александар Протогеров, Борис Сарафов, Даме Груев, Димо Хаџи Димов, Никола Карев, Христо Узунов, Питу Гули, Тодор Александров, Васил Чекаларов, Панчо Михајлов, Петар Попарсов, Иван Хаџидимов, Христо Батанџиев, Андон Димитров, Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Александар Турунџев, Петар Чаулев, Ванчо Михајлов, Мара Бунева, Ѓорѓи Сугарев, Диме Пинџуров, Владо Черноземски, Дончо Штипјанчето, Методија Патче, Рафаел Камхи, Константин Кирков, Илија Трчков, Марко Бошнаков, Руша Делчева, Гоце Делчев, Александар Турунџев Никола Петров Русински и Апостол Петков
- Преродбеници и идеолози: Крсте Петков Мисирков, Павел Шатев, Арсениј Јовков, Димитрија Чуповски, браќа Миладиновци, Панко Брашнаров, Венко Марковски, Драган Богдановски и Глигор Прличев
- Комунистички дејци: Методија Андонов Ченто, Методија Шаторов - Шарло, Димитар Влахов, Кузман Јосифовски - Питу, Лазар Колишевски, Лазо Трповски, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, Никола Парапунов, Лазар Соколов, Петре Пирузе, Кочо Рацин, Михајло Апостолски и Никола Вапцаров
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Музејот на македонската борба за државност и самостојност од денеска отворен за посетители“ (на македонски). ТВ Сител. 10 септември 2011. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/muzejot-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-od-deneska-otvoren-za-p. проверено на 2011-09-19.
- ↑ „Отворен Музејот на македонската борба“ (на македонски). 10 септември 2011. http://www.time.mk/read/acbd90ba5a/95ce2db5df/index.html. проверено на 2011-09-19.
- ↑ „Музејот на ВМРО се наполни со пензионери“ (на македонски). www.plusinfo.mk. 13 септември 2011. http://www.plusinfo.mk/vest/15241/Muzejot-na-VMRO-se-napolni-so-penzioneri. проверено на 2011-09-19.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Музеј на македонската борба“ |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||