Мијаците се дел од македонскиот народ кои живеат во Мијачијата или долнореканскиот регион покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно и национално наследство. Традиционалната мијачка носија е широко позната.
[уреди] Историја
Мијаците се именувани според македонско словенско племе кое се населило во долнореканскиот регион на Македонија во 5 и 6 век.[1]Нивниот номадски начин на живот се трансформирал во земјоделски и сточарски. По покрстувањето во 7 век, оваа група на Македонци ги населила денес познатите населени места покрај Радика. Територијата на која живеат Мијаците е реканскиот регион со подрегионите.
Мијаците исто така биле познати и вешти дрворесци и иконографи. Дел од Мијаците, денес познати како Торбеши, го прифатиле Исламот.[2]
[уреди] Населени места
Мијаците традиционално ги населувале населените места во Реканскиот регион на Македонија. Најпознати мијачки села се Галичник, Гари и Лазарополе. Покрај овие мијачки села се: Селце, Тресонче,Eхловец, Росоки, Сушица и Осој, како и Долно и Горно Мелничани и Долно Косоврасти. Денес, голем дел од овие мијачки села не се населени бидејќи населението почнало да се преселува во почетокот на 20 век. Голем број на Мијаци се преселиле во Дебар, Скопје и Битола. Населените места Ореше, Папрадиште и Мелница во Велешко биле населени од Мијаци за време на Отоманската Империја[3].
- Повеќе информации: Галички дијалект и рекански дијалект
Мијаците зборуваат на мијачки дијалект или познат како долнорекански или галички дијалект. Основни карактеристики на дијалектот се:
- употреба на „ж“ наместо „џ“
| Мијачки дијалект |
Македонски |
| жеб |
џеб |
- Големиот старословенски јус се изговара како о
| Мијачки дијалект |
Македонски |
| рока |
рака |
| Мијачки дијалект |
Македонски |
| тужа |
туѓа |
- употреба на суфиксот „-т“ или „-д“ за трето лице еднина.
| Мијачки дијалект |
Македонски |
| требит |
треба |
- суфикс „-ајет“ за трето лице еднина
| Мијачки дијалект |
Македонски |
| ставајет |
ставаат |
[уреди] Видете исто така