Лазарополе е село во Општина Маврово-Ростуше.
Лазарополе во 1861 година
Лазарополе настанало од раселените жители на две позначајни и познати селски населби. Првото е Главино село кое се наоѓало на северозапад од Лазарополе и за кое се претпоставува дека било главно село во Мијачијата.Остатоци на зидови и темели од куќи на ова село се сѐ уште видливи на неговата локација. Второто село е Лопушник кое се наоѓало на исток од денешно Лазарополе, а од него останало само неговото име на една месност во Јама. Трагајќи по стари историски извори за потеклото и подалечното минато на Лазарополе, дознаваме дека тоа од своето постоење било населено со Македонци од православна вероисповед.Жителите на ова село припаѓале на познатото словенско племе Мијаци.Во структурата на животот на Мијаците имало племенски совет.Во секое село имало племенски главатар.По разни поводи го повикувале народот на Собор.
Географиja и местоположба[уреди]
Традиционална архитектура од Лазарополе
Речната долина во Западна Македонија, која со нејзината северна страна се граничи со Шар Планина, на запад со планината Кораб, Дешат и Крчин, од исток со Бистра и Стогово, а од југ со Дебарската котлина, се вика Река. Низ оваа долина тече реката Радика, десна притока на Црн Дрим. Реката Радика настанува од две реки: Горна или Голема Pека и Мала Pека. Извира од планината Кораб, а Мала Pека од ограноците на Бистра, во близина на селото Тресонче. Мала Pека, како лева притока на реката Радика, ги прибира во своето корито Селечка, Росочка, Гарска и други помали рекички како Осојска и Сушичка. Во Mалореканскиот предел се наоѓаат селата Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари, Осој, Росоки, Селце и Сушица, познати како типично мијачки населби. Лазарополе е второ по големина село во Mалореканскиот предел и се наоѓа на 5 часа источно од Дебар на планината Бистра, прочуена по својата убавина. Населбата се наоѓа на 1350 метри надморска височина, изградена на карстно-варовничко поле по име Коритник. Околни планини се Јама и Лопушник на простор опкружен со бујни дабови и букови шуми, питоми планински пасишта. Поради овие поволни услови, во овој крај се развило и афирмирало сточарството, поточно овчарството познато по своите висококвалитетни производи, особено сирење и кашкавал. Со својата локација Лазарополе за свои непосредни соседи ги има селата: Росоки, Сушица, Галичник, Селце, Тресонче, Гари, Осој, Могорче, Ехловец и Душегубица. Лазарополе има планинско континентална клима, со повремени медитерански влијанија. Таа се карактеризира со свежи пријатни лета и со благи не многу сурови зими. Засолнетатa локација е примамлива за сите годишни времиња. Во летните месеци температурата достигнува до 30 степени над нулата, а преку зима варира, ведрите ноќи можат да бидат многу студени, а преку ден покрај голема бела снежна покривка да се ужива на пријатниот сончев припек.
Економија[уреди]
Демографија[уреди]
Во 1948 год. во Лазарополе живееле 792 жители. Денес селото е раселено.[1]
Општествени институции[уреди]
Црквата „Св. великомаченик Георгиј“
- Цркви
Администрација и политика[уреди]
Културни и природни знаменитости[уреди]
Редовни настани[уреди]
- Ѓурчин Кокалески (1775-1863) - преродбеник, кнез, претприемач и писател
- Анатолиj — архимандрит во Зографскиот манастир, пратеник на руската црква во Атина (1838—1844)
- Иларион — игумен на Киприjановскиот и Зографскиот манастир во ХІХ век
- Исаија Мажовски — (1858—1926) македонски национален деец
- Васил Апостолов Икономов — роден во 1848 година, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умрел во Лазарополе, на 4.06.1934 година.
- Симон Дракул (1930-1999)- раскажувач, романсиер, драмски автор, сценарист, историчар, преведувач
- Анте Поповски (1931-2003) - поет, есеист, препејувач, публицист, академик
Култура и спорт[уреди]
Иселеништво[уреди]
Надворешни врски[уреди]