Ореше

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ореше
Село Ореше 6586.JPG
Село Ореше
Ореше во рамките на Македонија
Ореше
Ореше (Македонија)
Координати41°37′9″N 21°25′8″E / 41.61917°N 21.41889°E / 41.61917; 21.41889Координати: 41°37′9″N 21°25′8″E / 41.61917°N 21.41889°E / 41.61917; 21.41889
Општина Општина Чашка
Географски регион Азот
Население  218 жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина 800 m
Селска слава  

Ореше е село во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Селото Ореше е сè уште населено село иако половина од жителите го напуштиле и заминале на печалба во други земји и градови.

Соседно село на селото Ореше е селото Папрадиште, иако овие села се со иста приказна за населувањето тие се чиста спротивност на живеењето. Ако Папрадиште нема жители ги има повратници само преку летото, а пак Ореше брои околу 200 жители и лето и зима. Во него има 25 семејства со деца,а другите се старци. Шеесетина од нив се пензионери и тука ги поминуваат последните години од животот. Другите се иселени, претежно во Скопје, во Драчево.

Селото Ореше има и училиште од прво до четврто одделение исто така тоа има и продавница.Во основното училиште учат пет-шест деца, а в година, како што било најавено, ќе го затворат, зашто немале есап за три деца да ја праќаат учителката која со комбе доаѓала од Велес, а една од продавниците која била таму пред неколку години изгорела.

Ова Велешко село се наоѓа околу 800 метри надморска височина и неговите жители немаат можност за земјоделието па тешко се живее. Некои одгледуваат стока, од која за жал нема кој да и го откупи млекото.

Жителите велат дека живеат од социјална помош, иако рака на срце тешко може да се примети тоа. Машката работоспособна популација заминува од селото и работи како молери, по тоа се познати надалеку во Македонија.

Содржина

[уреди] Историja

Орешани се Мијаци, нивните предци се доселиле од Гари, а тука, кога селото било во подем, многумина правеле дрвени садови. И сега неколкумина постари го работат овој занает. Сите саделе тутун и чувале стока. Немало парче земја што не било обработено. Големата преселба започна во шеесеттите години.

Селото Ореше има богата и длабока историја, тоа постоело уште во турското време и доказ за неговото тогашно постоење претставуваат стилот на градење на куќите и сведочењата и прераскажувањата на старите луѓе од ова село. Во ова село живеат и луѓе кои во периодот на турската власт учествувале во движењата за ослободување.

Од 1941 до 1945 година жителите од ова село учествувале во НОБ - Народно ослободителната војна против германскиот и бугарскиот окупатор.

Една од најкарактеристичните специфичности која што ја одбележува традицијата на населението во село Ореше е народната носија која претставува културно богатство и наследство на населението од Ореше.

Селото Ореше се наоѓа во областа Азот или Бабуна (Велешко). И покрај тоа што целата област е населена со Македонци, најголемиот дел од нив се идентификуваат како Брсјаци. Луѓето од селото Ореше како и од соседното Папрадиште, пак, се припадници на друга локална заедница Македонци наречени Мијаци. Токму поради тоа во етнолошката наука за овие две села се вели дека се мијачки оази во брсјачка етнографска целина.

Како резултат на исламизацијата и притисоците кои ги вршеле муслиманите во нивната матична територија, Мала и Долна Река, во XVIII век доаѓа до иселување на некои семејства од селата Галичник и Лазарополе кои, главно, се населуваат во планинската област Азот. Оваа област е избрана пред се` поради фактот што тука некои мијачки семејства имале имоти на кои ги напасувале овците и кои претставувале база за создавање постојани живеалишта. За етимологијата на името (етнонимот) Мијаци има повеќе теории. Секако, значајно место му се придава токму на народното толкување: Мие (ние) сме јаки; или зашто биле чисти и измиени се наречени Мијаци (оние што се мијат). Некои автори нивното име го поврзуваат и со нивниот бистар ум (наводно името Мијак го имало тоа значење), но Ѓорѓија Пулески, покрај тоа наведува дека Мијаци значи исто што и Македонци. Карактеристично за оваа мијачка оаза во Велешко, и покрај блискоста и комуницирањето во секој поглед со населението од соседните села, е тоа што во минатото не се ородувале меѓу себе, па дури и постоеле чувства на нетрпеливост и натпревар меѓу овие две етнички групи.

Имено, Мијаците себеси се сметаат за нешто повеќе од Брсјаците, а пак Брсјаците за нив потсмешливо велат: Мијаци, Тријаци, три камења белутраци.

Основач на с. Ореше е дедо Дамјан, родум од с. Росоки, дебарско.

На млади години тој бил ќаја кај еден бег во Цариград. Еднаш, бегот се пофалил пред една од неговите анамки дека има тапија од султанот за некаков голем имот кој ќе го направи многу богат и и ја покажал тапијата. Ќајата го слушнал нивниот разговор, па го следел бегот каде ќе ја скрие тапијата и за да му се одмазди за неговото лошо поведение кон него, му ја украл тапијата и избегал. Ќајата со тапијата долго време скитал без да смее да се појави во родниот крај, дури скитајќи од село на село не пристигнал во с. Капиново. Во тоа село фатил пријателство со капиновчанецот Стефан и останал да живее во неговата куќа. По престојот од околу две години кај него, од жал за родниот крај, дедо Дамјан тешко се разболел и за да ја излекува својата болест, морал да замине во родниот крај. Стигнал во с. Росоки, поживеал малку со родителите и се верил за една селска девојка.

Но и родниот крај не го задржал. Сега почуствувал тага за Бабуна планина и на својата вереница и соопштил дека откако ќе се земат, ќе заминат да живеат во еден многу убав крај далеку од нивното село. Штом за таа работа слушнале домашните на девојката, нејзе веќе и забраниле да се гледа со својот вереник и тој сам заминал за Капиново. Цели три години тој ајдутува и во еден судир со арнаутите-арамии бил тешко ранет и едвај стигнал до Капиново каде што благодарение на пријателските грижи на Стефан, бил спасен. Чистиот планински воздух благотворно повлијаел врз Дамјана и тој го благословувал бога за овој рајски пристан. Дамјан наполно штом оздравел, конечно решил да се насели во близината на Капиново и макар што неговиот пријател Стефан го молел да остане да работи на неговиот имот, тој решил да создаде свое пријатно катче близу до некоја река, таму да изгради своја колипка и да работи на сопствен имот. Во него се појавила мислата да засели ново селце - карактерна црта на мијачкиот народ кој тежнее кон свој простор за своето семејство и заедно со својот пријателот Стефан, почнал да ја бара ветената земја. Оделе околу Стровија, но не му се допаднало местото, оделе и кон Маргари, но и таму не му се допаднало, но на враќање, минувајќи низ планината Даутица, кога почнале да слегуваат по течението на Орешка река и кога стигнале до местото каде што денес се наоѓа селото Ореше, Дамјан застанал од чудесната убавина пред нив. Тогаш на тоа место имало само едно бачило на кое ќаја бил некојси Орешко.

Пријателите застанале, Дамјан бил восхитен од убавата планина штедро напојувана од обилната бистра Орешка река и решил тука да се насели и тука да изгради свој дом. Му се допаднало тоа катче, таа мала котлинка заобиколена од сите страни со големи планина покриени со букова и дабова шума и наводнувани од мноштво бујни планински потоци кои ги распрскуваат водите низ планинските сочни ливади. Во таа котлинка со помошта на Стефан и момокот Орешко, Дамјан изградил своја куќа. И кога ја исполнил својата заветна приказна, се видел осамен и мислата почнала да му бега кон селото Росоки, по неговата прва љубов. Домашните на неговата избраничка слушнале за неговите ајдучки подвизи и збор не давале да се каже во нивната куќа за Дамјана. Откако не му ја дале невестата, Дамјан со неколкумина другари ајдути, влегува во Росоки, ја грабнува избраничката и ја одведува во својот нов дом и со неа се венчава во село Капиново. Така, ајдукот Дамјан во својот дом донесол домаќинка од својот роден крај зашто како мијак, тој по секоја цена сакал да ја задржи старата племенска традиција и да се ожени за девојка од мијачко потекло.

По настанувањето во новото село, за да не живее осамен, Дамјан почнува да ги убедува своите блиски роднини да се населат во неговото село. По долги убедувања во селото дошле Китан од с. Могорче, а потоа и неколку семејства од дебарските села Лазарополе, Гари и Галичник, кои од зулумите на арнаутските банди избегале од родните села. Во знак на благодарност кон момокот Орешко кој несебично им помагал на новодојденците, новото село Мијаците го нарекле Ореше. Набргу потоа, поради зулумите на Арнаутите, од Лазарополе со семејството доаѓа и дедо Чупче, родоначалникот на семејството Чупарови. По кусиот престој во село Ореше, нему му се допаднало друго место за селиште и се населува на четири-пет километри подалеку од Ореше. Од село Могорче, пристигнал и дедо Митре, таткото на поп Илија, подоцнежен свештеник во село Папрадиште, за една година новото село веќе броело десетина куќи кое поради изобилието на папрат, доселениците го нарекле Папрадиште. Населувањето на селата Ореше и Папрадиште се случило кон почетокот на седумнаесетти и почетокот на осумнаесетти век, тие две селца по неколку поколенија доста се прошириле, а со својата особеност во носијата и со дебарските навики и обичаи многу се разликувале од селаните во другите велешки села. Орешани и Папрадиштани се гордеат со своето мијачко потекло зашто сметаат дека нивното старо племе Мијаци во секој поглед е на повисоко стапало од останатите македонски племиња. Тие слепо се придржуваат на својата мијачка носија, особено жените, и со запазените обичаи, навики, преданија и наречјето на своите дебарски предци, тие се големи сепаратисти и не се посватуваат со населението од околните села од брсјачките племиња. Во својот сепаратизам, Мијаците од Ореше и Папрадиште одат до таму што ако в село им влезе човек од околните села, децата прибегуваат кај мајка си или татка си, соопштувајќи им ја непријатната вест, „леле мајко, брсјак дојде!„

[уреди] Економија

Во селото Ореше е развиен селско-планинскиот туризам но и ловот. Во ова село има црква но има и манастир наречен свети Ѓорѓија кој има конаци и тој е доста посетен на православниот празник Ѓурѓовден.

[уреди] Демографија

Во почетокот на XX век во Ореше живееле околу 460 жители.[1] Според пописот од 2002 година, во селото Ореше живеат 218 жители, сите Македонци.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

Селото има своја месна заедница во која се донесуваат важни одлуки.

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

Жителите од ова село секоја година на 28 август Света Богородица чекаат селска слава и на празникот Ѓурѓовден се слави во манастирот свети Ѓорѓија.

[уреди] Личности

Западномакедонски тип носии

Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост (селата Тресонче, Галичник, Росоки, Селце, Гари, Осој, Лазарополе), туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.

Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија.

Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

Мијачката женска народна носија изобилува со голем број детали:

1. Минтан - долна облека од клашна, украсен на предниците и ракавите со кадифе, згора извезен со срмено "букме" и гајтани. Вез - "лоза" се закопчува со сребрени филигрански петлици.

2. Кошула "тнока" - од домашно дебело платно, целосно извезени ракави. Го добила името по главниот орнамент застапен на ракавите и кошулата.

3. Елек - од домашно платно, предниците потплатени со "свита" - чова и згора украсени со срмени гајтани и позлатени петлици.

4. "Клашненик гувеалски" - горна облека, од домашна бела клашна. Предниците - "свитките" богато извезени со срмени и "алосани" гајтани, "букме" и позлатени "петлици". Долу клашеникот е украсен со гајтани и бикме. Наместо ракави има "паткавици" - "рокави" (украсни парчиња што се спуштаат низ плеќите).5. Појас - ткаен четворно од "чиста" црвена волна. По краиштата богато украсен со "киски" - реси.

6."Препашка" - појас, лито ткаена од алова преѓа со прави шарки, по краиштата украсена со "китови" - реси и "поплети".

7. "Ризинче" - свилено шамивче, индустриски производ.

8. "Фута стамболска" - скутина, цариградска копринена, украсена со "колца".

9. Шамија - свилена со "киски" - реси, индустриски производ.

10. "Чапрази" - со "трепетушки" - пафти со срмен колан.

11. "Низалка" - накит за потпојас, со три реда синџири поткитени со сребрени пари, кувенџиска обработка.

12. Ѓердан поткитен со "дубли" - златни пари.

13. Чорапи "гувеалски" - плетени од волна, ишарани со шарбите "петнаесет игли" и "девет игли".

14. "Врзаници" - невестински чевли, направени од жолта и црвена кожа "сафтијан", ишарани со "з'мба".

15. "Калемќар" - волнена шамија за на глава, индустриски производ.

16. "Игла" од сребро - накит за на глава со четири реда синџири, а на средина со чапрасчиња, кувенџиска изработка.

17. Ушници со трепетулки - накит за над уши.

18. "Плетеници" - украс за на коса, направени од волнени "алосани киски" - рески, украсени со плетеници и "жапки".

19. "Сокај" - украс за на глава, направена од алова "свита" - чова и платно. Долниот дел украсен со срмени ширити и китки.

Мијачката машка народна носија:

1. Кошула - од тенко домашно памучно платно

2. "Жамадан" - минтан од "свита" - чова, со капаци околу рабовите опточени со машински "тегели" од жолт и црвен конец од макара. Предниците и ракавите украсени со купечки "петлици" - копчиња.

3. "Бечви" - од бела клашна насекаде по рабовите украсени со црни гајтани, од страните имаат по два "жеба" - џеба, а напред кај "кутелецот" има два цепа за полесно облекување на бечвите.

4. Појас - исткаен од "чиста" - вишна волна, четворна ткаенина со прави шарки.

5. "Зобанче зетовско" - од темна или црна клашна. Горна облека долга до појас со "ќулавка" - широка јака која се употребува како засолница од лошо време, дожд, ветер и друго и куси "рокави" - ракави, терзиска изработка.

6. "Кече" - капа од црн сатен, украсено со "машински тегели", занаетчиска изработка.

7. "Чипили" - чевли од црна кожа. Чевларска изработка.

8. Чорапи - "ластиклии", плетени од црна волна.

[уреди] Галерија на слики од селото

[уреди] Наводи

  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.157.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици