Габровник

Координати: 41°31′35″N 21°29′44″E / 41.52639° СГШ; 21.49556° ИГД / 41.52639; 21.49556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Габровник
Габровник во рамките на Македонија
Габровник
Местоположба на Габровник во Македонија
Габровник на карта

Карта

Координати 41°31′35″N 21°29′44″E / 41.52639° СГШ; 21.49556° ИГД / 41.52639; 21.49556
Регион  Вардарски
Општина Чашка
Област Азот
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29014
Надм. вис. 530 м
Габровник на општинската карта

Атарот на Габровник во рамките на општината
Габровник на Ризницата

Габровник — село во Општина Чашка, во областа Азот, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е наоѓа во средното сливно течение на реката Бабуна, а под северозападната падина на планината Бабуна, каде што атарот се допира со територијата на Општина Долнени и северниот раб на Пелагонија. Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Велес, населбата е оддалечена 32 километри. Атарот зафаќа простор од 15,5 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948140—    
1953142+1.4%
196145−68.3%
197119−57.8%
19818−57.9%
ГодинаНас.±%
19916−25.0%
19941−83.3%
20029+800.0%
20218−11.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габровник живееле 225 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габровник имало 248 Македонци, од кои 152 под врховенството на Бугарската егзархија и 96 патријаршисти.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година селото имало 9 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 225 248 140 142 45 19 8 6 1 9 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Габровник е македонско село.

Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле:

  • Доселеници: Терзиовци (2 к.), Гаревци (2 к.), Спасеновци (1 к.), Марковци (1 к.) и Велевци (1 к.) потекнуваат од предци кои се доселиле во почетокот на XIX век од раселеното село Клетовник, на планината Бабуна, а кое географски припаѓало на прилепскиот крај; Попевци (4 к.) доселени се од некое место во Албанија, ги викаат и Албанци; Стојановци (1 к.) доселени се однекаде.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Целосно се иселил родот Миновци, потекнувале од предок Влав. Селото највеќе имало околу 50 домаќинства. Но поради иселувањата родовите во селото многу се смалиле, или целосно иселиле. Главното иселување на населението било после Втората светска војна, и воглавно во правец на Велес и Скопје, таму до крајот на 1960-тите се иселиле по 15 семејства. Потоа иселеници имало во Војводина во селата Јабука и Качарево. Како и во прилепските села Браилово и Десово, каде се иселил добар дел од населението.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр. 55
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]