Папрадиште (Велешко)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Папрадиште
Papradishte-Veleshko.JPG
Поглед на дел од селото Папрадиште од планинарскиот дом во селото
Папрадиште во рамките на Македонија
Папрадиште
Папрадиште (Македонија)
Општина Општина Чашка
Географски регион  
Население  7 жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина  
Селска слава Петровден

Папрадиште е село во Општина Чашка, во околината на градот Велес во областа Азот.


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Селото се наоѓа во областа Азот, југозападно од градот Велес во горниот изворишен дел на реката Бабуна. Папрадиште е планинско село сместено на падините на планината Даутица на надморска височина од 980 метри. Со асфалтен пат е поврзано со селото Богомила од кое е оддалечено 8 километри.

[уреди] Историja

Папрадиште заедно со Ореше се единствените мијачки села во областа Азот и целиот велешки регион. Селото е формирано од Мијаци од селата Тресонче, Лазарополе, Гари, Галичник во Мијачијата во Западна Македонија кои овде се доселиле бегајќи од нападите на албанските качачки банди.

[уреди] Економија

Папрадиште има погодни услови за сточарство (особено одгледување на овци) кое било главна гранка на неговите некогашни жители. Денес селото има големи ресурси за селски и планински туризам. Во Папрадиште постои планинарски дом (обновен пред неколку години) и селото е попатна станица на планинарите кои одат да ги освојуваат врвовите Чеплес и Солунска Глава.

[уреди] Демографија

Во селото живеат 7 жители, Македонци. За време на летото и верските и останати празници во Папрадиште доаѓаат неговите некогашни жители и нивните потомци кои имаат куќи во селото. Во овој период во Папрадиште доаѓаат и до 2000 луѓе, поранешни жители и нивни потомци кои живеат во Велес и Скопје.

Во 1961 година Папрадиште броело дури 716 жители, сите Македонци.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици