Владиловци

Координати: 41°31′05″N 21°44′25″E / 41.51806° СГШ; 21.74028° ИГД / 41.51806; 21.74028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Владиловци

Поглед на селото

Владиловци во рамките на Македонија
Владиловци
Местоположба на Владиловци во Македонија
Владиловци на карта

Карта

Координати 41°31′05″N 21°44′25″E / 41.51806° СГШ; 21.74028° ИГД / 41.51806; 21.74028
Регион  Вардарски
Општина  Чашка
Област Клепа
Население 47 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1414
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29011
Надм. вис. 679 м
Владиловци на општинската карта

Атарот на Владиловци во рамките на општината
Владиловци на Ризницата

Владиловци — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Улица во селото Владиловци

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југозападниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, чиј атар, на тесен дел, се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 460 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 30 километри, а од планираниот регионален пат Велес-Прилеп три километри.[2]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на областа Клепа, оддалечено 21 километар јужно од општинскиот центар Чашка.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Владиловци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

На 24 февруари 1907 година тиквешкиот војвода на ВМОРО Карел Хошек заедно со прилепски чети опкружуваат српска чета од 80 души крај селото Владиловци во областа Азот. Во таа битка против четите на српската пропаганда загинува Антон Чехот заедно со двајца негови четници.[3]

На 6 ноември 1910 година во битка против турските војски крај селото Владиловци загинува војвода Никола, деец на ВМОРО.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 25,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.143,9 хектари, на шумите отпаѓаат 627,9 хектари, а на обработливото земјиште 612,4 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита функција.[2]

Населението најмногу одгледува тутун, домати, пиперки, грав и компири. Исто така, населението се занимава и со собирање шумски плодови. Покрај полјоделство, жителите чуваат крупен и ситен добиток, како и живина. Најзастапени се говедата, овците и козите.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948401—    
1953458+14.2%
1961408−10.9%
1971233−42.9%
1981135−42.1%
ГодинаНас.±%
199176−43.7%
199459−22.4%
200277+30.5%
202147−39.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Владиловци имало 500 жители, сите Македонци.[6]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Владиловци имало 680 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Од Владиловци се иселил мошне голем број од населението. Така, во 1961 година, селото броело 408 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 59 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Владиловци живееле 77 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 47 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 680 401 458 408 233 135 76 59 77 47
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Владиловци во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед кои се делат на староседелски и доселенички. Старинечки македонски родови во Владиловци се: Богевци, Влчевци, Симоновци трите родови слават Свети Никола; Китановски, Грујовци слават Митровден, Ангелковци слават Петковден[14]. Доселенички македонски родови се: Долевци се доселени од некаде и слават Св. Ѓорѓи - зимен (Св. Алимпиј Столпник), Зеленгоровци кои слават Св. Никола се доселиле од соседното сега раселено село Јасеново, Крнинци (слават Св. Архангел) дошле после Првата светска војна од соседното село Крнино, Богомилци (слават Св. Никола) дошле во 1919 година од Богомила каде припаѓале на родот Нацевски, Орешанци (слават Св. Никола) дошле од Ореше во 1951 година на купена земја[14].

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Извор.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Извор.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Владиловци, се наоѓале и селата Долно Врановци, Извор, Крњино, Мартолци, Поменово, Попадија, Смилевиќ, Стари Град и Степанци. Во периодот 1950-1952 година, селото Владиловци било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Владиловци, Крнино и Попадија.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 2244 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селски објект, во кое влегуваат и населените места Крнино, Поменово, Попадија, Смиловци и Степанци.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Влезот во главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Јасеново — некропола од римско време; и
  • Стара Црква — населба и некропола од доцноантичко време и средновековна црква со некропола.
Цркви[19]
Реки[5]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Владиловци
Починати во Владиловци

Галерија[уреди | уреди извор]

Панорами од селото

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 55. Посетено на 11 август 2018.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 178.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 116.
  5. 5,0 5,1 „Саем на здрава храна“. Општина Чашка. Посетено на 11 август 2018.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 август 2018.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 211-212.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 август 2018.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 11 август 2018.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]