Богомила

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Богомила
Bogomila-MK.JPG
Поглед на дел од селото Богомила
Богомила во рамките на Македонија
Богомила
Богомила (Македонија)
Координати41°35′35″N 21°28′18″E / 41.59306°N 21.47167°E / 41.59306; 21.47167Координати: 41°35′35″N 21°28′18″E / 41.59306°N 21.47167°E / 41.59306; 21.47167
Општина Општина Чашка
Географски регион Азот
Население (2002) 476 жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина 510 m
Селска слава  

Богомила е село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Римски мост на реката Бабуна на влезот од селото
Стара македонска куќа во Богомила

Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Богомила е планинско село. Се наоѓа на 50 км оддалеченост од градот Велес. Поврзано е со асфалтен пат и со железничка пруга (Велес-Битола), па така мештаните се поврзани со градот. Селото е завиено со планински масиви од планините Бабуна и Јакупица така што е опкружено со пространи шуми и мирисни ливади. Низ него тече реката Бабуна со чиста природна вода. Овде зимите се подолги, а летата пократки па затоа климата е постојано свежа. Во лето температурата достигнува и до 35 °C но, но ноќите се секогаш ладни. Селото е електрифицирано, има водоводна мрежа и телефонска линија. Повеќето од куќите се стари но има и нови куќи и викендички што постојано се градат.

[уреди] Историja

По некои историчари од тука започнува Богомилското движење во првата половина на X век, па се шири низ Македонија, а потоа и на Балканот и во некои делови на Италија,Франција и Англија на запад и Киевска Русија на исток.

Најпознатата историска личност од ова село е Петар Поп Арсов, еден од творците на Македонската револуционерна организација во Солун 1893 година.

Селото е познато и по т.н. Богомилски поход што партизанските единици го превзеле до селото во 1944 година како дел од познатиот Февруарски поход.

[уреди] Економија

Во селото Богомила мештаните, кои повеќето се постари лица, се занимаваат со земјоделство, но само за своите потреби (грав, пченка, компири). Во неколку куќи може да се забележат низи со тутун како се суши, но сето тоа е во мали размери.

Од пролет до есен селаните и други гости во селото берат шумски плодови, лековити растенија и печурки што од овој чист еколошки регион се и тоа како барани, па така го дополнуваат својот буџет. Бидејќи селото е опкружено со пространи ливади и шумски предели има услови за одгледување на пчели кои собираат чист планински и ливадски мед. Па така во секоја трета куќа се забележува и по некоја кошница со пчели.

Позначителни економски текови во селото нема со исклучок на неколкуте прехрамбени продавници.

[уреди] Демографија

Според последниот попис од 2002 година, селото Богомила брои 476 жители, од кои:

[уреди] Општествени институции

[уреди] Образование

Во селското училиште покрај богомилските деца, настава посетуваат и децата од околните села Нежилово, Ореше, Теово, Согле...

Училишната зграда е стара, но реновирана и во одлична состојба, па наставниците и учениците имаат солидни услови за успешна настава. Наставата ја изведува наставнички кадар од градот Велес кој организирано патува секој ден по 50 км., како и наставници од с. Богомила. Учениците од ОУ Петар Поп Арсов земаат учество во многу училишни натпревари на регионално и државно ниво и постигнуваат солидни резултати. За жал со текот на годините во основното училиште во с. Богомила се помалку деца посетуваат настава, а со тоа е загрозена иднината не само на училиштето туку и на овој ретко убав крај (АЗОТ).Се разбира, основната причина за оваа состојба е отсуството на економски развој во целиот крај што би ги задржал младите да живееат и работат тука, а не да мигрираат.

[уреди] Цркви

[уреди] Администрација и политика

Селото Богомила до новата територијална поделба на Р. Македонија пред некоја година, беше седиште на градоначалникот на истоимената општина Богомила. Со децентрализацијата центарот на општината беше преместен во с. Чашка односно општина Чашка. Така богомилчани сега за сите свои потреби се упатуваат во о. Чашка под која и се наоѓаат.

[уреди] Културни и природни знаменитости

Марка на Македонска пошта со куќа во Богомила (5 ноември 2009)

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

ФК Железничар (Богомила), оформен 1962 година, со фузијата на двата Богомилски клуб, ФК Партизан (Богомила), оформен 1952 година и ФК Бабуна (Богомила), оформен 1958 година. Најголемиот успех на клубот е настапот во Втората македонска фудбалска лига, во сезоната 1994/95.

[уреди] Иселеништво

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици