Галичник

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Галичник
Galichnik-View-Northern-Slope.jpg
Галичник денес
Галичник во рамките на Македонија
Галичник
Галичник (Македонија)
Координати41°35′39″N 20°39′11″E / 41.59417°N 20.65306°E / 41.59417; 20.65306Координати: 41°35′39″N 20°39′11″E / 41.59417°N 20.65306°E / 41.59417; 20.65306
Општина Општина Маврово-Ростуше
Географски регион Река
Население (2002) 3 жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина 1 611 m
Селска слава Петровден
Мреж. место www.galichnik-official.mk

Галичник е село во западниот дел на Република Македонија. Се наоѓа на падините на планината Бистра, во центарот на мијачкиот регион. Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи.

Содржина

[уреди] Етимологија на името

Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на „диви кокошки“ - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле, која има јужна диспозиција.

[уреди] Историja

[уреди] X-XV век

Секојдневие на чешмата „Упија“

Најстарите сознанија за настанувањето на Галичник датираат од 10 век и почетокот на 11 век. Се смета за едно од најстарите села во мијачкиот предел. Првиот период на селото е карактеризиран со мешање на Влашки семејства со Македонци со словенска култура. Престојувањето на Власите во мијачкиот предел го потврдуваат некои топоними од околината на Галичник, како и презимињата на некои од денешните галички фамилии: Куцулоски, Гугулоски, Кипроски.

[уреди] XVI-XVIII век

Вториот период на Галичник е турското владеење. Иако имало обиди за исламизирање на населението, тоа останало христијанско, во голема мерка благодарение на лидерството на Томо Томоски. Томо Томоски е најпознатиот првенец на селото на преминот од 17 кон 18 век. Заради експанзијата на немакедонското население во денешна Албанија, што и било поттикнувано од турската власт, во Галичник од 15 до 18 век постои континуирано доселуваање.

[уреди] XIX век

Знаме на Мијаците од 15 век

Во 19 век, благодарение на доселувањето, високиот наталитет, но и поволните економски услови за сточарство, Галичник е веќе мал град. Турски патеписци зборуваат за Галичник во 18 и 19 век за битен економски центар, не само за регионот, туку и на империјата. Кон крајот на 19 век, Галичник бил поголем и од Гостивар. Јордан Хаџи Константинов-Џинот во втората половина на 19 век вели дека селото имало 500 куќи. Ако се земе дека во една куќа би живееле во просек 8 луѓе, тогаш бројот на населението би се движел околу 4000. Галичник во овој период има значително културно влијание во европскиот дел на Турската империја, главно преку своите преродбеници: Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Макарија Фрчкоски, Панајот Гиновски и др.

[уреди] ХХ век

Галичник, 1908

Третиот период во историјата на Галичник е од 1912 до денес. Балканските војни делувале негативно на овчарството, затоа што со Грчката окупација било оневозможено зимување на овците во Егејска Македонија. Сепак, оваа дејност, почнала да стагнира уште во 19 век. Се поголем дел од мажите оделе во печалба, каде се специјализирале во разни занаети: млекарство, пекарство, слаткарство итн. Во 30-те години на 20 век, галичките печалбари веќе имале насобрано големо богатство, а некои од нив биле и милионери во тогашни американски долари. Пример за вакви успешни бизнисмени биле Васе Чоланчески, Софре Лоноски, Аврам Лоноски и Огнен Алаутоски.

[уреди] Географиja и местоположба

Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на Мијачкото племе, околу 10 километри до вештачкото Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта. Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

[уреди] Економија

Галички кашкавал

Во минатото, економијата на Галичник се базирала на овчарството, додека многу луѓе биле праќани на печалба - да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Денеска, Галичник е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Интересно е да се забележи дека официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е еден жител.

Галичник е ценет по квалитетниот Галички кашкавал, како и поради белото сирење. Галичник е познат и по локалната традиционална Архитектура, летната Галичка уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа.

[уреди] Демографија

Во почетокот на XX век во Галичник живееле околу 3300 жители.[1] Во наредните години бројот на населението на селото Галичник ја надминувало и бројката од 4000 жители. Поради силните миграциони процеси кои го зафатиле Галичник, според пописот од 2002 година, се забележани само 3 постојани жители, сите Македонци.

[уреди] Општествени институции

Црквата „Св. Петар и Павле

Во селото постијат две цркви: „Св. Петка“ која потекнува од крајот на XIX век, и централната црква „Св. Петар и Павле“ изградена во 1930 год., а осветена во 1931 год.

[уреди] Културни и природни знаменитости и туризам

[уреди] Галичка свадба

Галичка свадба од 1919 година
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Галичка свадба.

Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, (втората недела од јули). За разлика од порано, кога на Петровден во Галичник се склопувале и по над 40 бракови, денес свадбата има повеќе културно значење и е еден вид кутлурна манифестација.


Денес Галичник живее од мај до октомври кога во него престојуваат над 50 семејства, најмногу пензионери со нивните внуци. Галичник е туристичка атракција заради својата архитектура и природни убавини. Постојат многу неискористени можности за популаризација на туризмот во селото. Хотелот Неда, изграден во 1980 година по заслуга на Велимир Гиновски, тогашен генерален директор на Југохром, нуди можности за добро летување, иако недостасуваат соодветни турискитчки пакети за постителите.

[уреди] Ликовна колонија

Ликовната колонија во Галичник се организира секоја година во месец август. Првата колонија од овој вид била организирана во 1990 година, благодарение на залагањата на сликарот Нове Франговски. Колонијата традиционално се одржува во Хотелот Неда, а е финансиски поддржувана од Министерството за култура на Република Македонија. На 17 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Романија, Велика Британија, Јапонија, Италија, Унгарија, Германија итн. Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат на секои две години на соодветни изложби.

[уреди] Овчарски средби

Секоја година на ден-два пред Петровден се одржува т.н. овчарски натпревар во брзо стрижење и молзење, односно Овчарски средби. Освен натореварите во стрижење и молзење на овци има и борба на пеливани. Има изложба и дегустација на сирења и нивно оценување. Учествуваат повеќе фолклорни групи од Македонија од повеќе националности. Овие средби се одржуваат на бачилото „Вардар“.

[уреди] Галичка архитектура

Галичка куќа

Архитектурата е една од главните обележја на Галичник. Стрмниот и амфитеатрален терен е искористен за изградба на камени куќи врз изохипсите на теренот. Куќите имаат форма на кубус со благ пирамидален кров. Безбедноста и функционалноста биле главни фактори во изградбата. Куќите се градени на две, а подоцна и на три катни висини. Првата катна висина е т.н. трем - штала за добиток и два кледа, кои претставувале темни визби, скоро вкопани во карпата врз која е изградена куќата. Втората катна висина е главниот станбен простор. Тука е лоцирана т.н. куќа - просторија со огниште каде се подготвува храна. Кај постарите куќи, таа го заземала скоро целиот простор, додека кај поновите, постојат повеќе одаи. Третата катна висина е резервирана за спиење. Некои куќи имаат и т.н. шарена одаја, која служела за прием на гости. Спратовите најчесто имаат централно поставени ходници - гизентии. Некои од куќите имаат и параклис - мала просторија со икони, која служела за молење, што всушност претставува еден вид на домашна капела.

Прозорците на галичките куќи биле историски релативно рано застаклени. Тиe имаат различна големина. Колку се пониски, толку се помали. Ниските прозорци се заштитени со железни решетки. Куќите имаат по две до три влезни врати коишто се обрабени со делкани камења, кои им даваат уникатна привлечност. Првобитните куќи биле сламеници[2], кои биле градени од кршен камен и покривани со слама, и имале приземје и кат. Приземјето бил тремот. Куќите кои денес можат да се видат во Галичник се главно градени кон крајот на 19 век и на почетокот на 20 век. Ентериерот на галичките куќи е богат со дрвен мебел, иако приматот секогаш бил даван на функционалноста.

[уреди] Галичник во литературата

Галичник е доста споменуван во литературата. За него има доста текстови од минатото. Има и голем број на публикации и книги во кои се истражува галичката култура. Галичник е опејуван и во доста песни. Најпозната песна е Кондисал Ајрадин Паша испеана од еден од најпознатите галичани Александар Сариевски.

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Носија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Галичка носија.

Галичката носија, особено „женскта галичка носија“, е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали. Исклучително е слична со другите мијачки носии од реканскиот крај (Лазарополе, Тресонче, Сушица, Гари итн.). Во женската носија кои преовладуваат белата боја (накај жолта) и црвената боја.

Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на „машката мијачка носија“. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

[уреди] Рекоа за Галичник

... Малубројна по наталитет, многубројна по дух и школувана интелигенција, Мијачијата има преродбенички епицентар во Галичник. Од трите еднопросторни и духовни царства, Мијачијата јазично, етнички, народно и индивидуално материјално и духовно, од своето славно писмено и усмено, фолклорно и уметничко (современо) творештво е најславно, најпрочуено - тоа е простор за кој постојано, и во војна и во мир, сакале да го освојат-присвојат, останало Мијачкото царство, хомогено, изворно, автентично. Понекогаш љубоморно завидно самото на себе, а камоли на други! Галичник. Ремек дело на градителската Мијачка рака-куќи-кули. Пред градот, град....

— Радован Павлоски

...Кога од Охрид се оди за Маврови Анови по живо писната долина на бистрата и бучна река Радика, на еден свијок пред Косоврашка Бања се појавува како со нежни бои насликан јапонски параван, планината Бистра, во чие подножје стрмно до Радика се спушта карпа висока речиси километар, а над неа се белеат како птичји гнезда, високи камени куќи, еден дел од Галичник...

— Лазар Личеноски

[уреди] Личности

Статуа на Ѓорѓи Пулевски во Галичник

[уреди] Наводи

  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.263.
  2. Томоски и Брезовски -„Галичка архитектура“

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици