Белица (Порече)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот Белица видете на појаснителната страница
Белица
Belica6.jpg

Стари куќи во Белица

Белица се наоѓа во Македонија
Белица
Белица (Македонија)
Координати 41°40′33″ СГШ 21°18′15″ ИГД / 
Општина Општина Македонски Брод
Население 106 жит.
Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“

Белица се наоѓа во Поречката област, во подножјето на планинскиот масив Мокра Планина (Даутица, Јакупица и Караџица) на надморска височина од 600 до 680 метри . Во овој предел се наоѓаат изворите на најубавата река во Македонија, реката Белешница, која преставува најголема притока на реката Треска. Во околината на селото има неколку подземни пештери кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореогафија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница. Селото се дели на Долна Белица и Горна Белица. Горна Белица е составена од неколку мала.

Историja[уреди]

Белица во минатото се викала Виниче но поради некоја болест населението во него изумрело. Подоцна Белица настанала со доселување од неколку села, како од селата: Бенче, Рамне и еден мал дел од Локвица. За името Белица постојат две теории, едната вели дека поради белата-бистрата река се нарекло Белица, а додека другата теорија вели дека село е наречено по легендата за некоја девојка Белаица, која во тој период требало да се потурчи, таа не го прифатила тоа и се фрлила во реката и по тоа селото и реката го носат името Белица.

Економија[уреди]

Демографија[уреди]

Општествени институции[уреди]

Цркви[1]

Културни и природни знаменитости[уреди]

Археолошки локалитети[2]
  • Варница - некропола од доцноантичкото време;
  • Кале - градиште од доцноантичкото време;
  • Миткороен - утврдена населба од доцноантичкото време;
  • Ридот - населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола;
  • Столоватец - градиште од доцноримско време;
  • Глибовец - кастел од доцноантичкото време;
  • Аништа - некропола од средниот век;
  • Влак - некропола од средниот век;
Пештери
  • Голубарник - позната е по специфичните лилјаци, уникатниот бисер и загадочниот човечки череп;
  • Лапарник - според категоризацијата на пештерите во Македонија, оваа пештера спаѓа во групата на забележителни пештери;
  • Момичек - важи за една од наколоритните пештери во Македонија.

Личности[уреди]

Иселеништво[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „БРОДСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО  » Манастиречка парохија“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://www.dke.org.mk/namesnistva/brodsko.asp#02_manastirecka_parohija. конс. 31 март 2010. 
  2. „Археолошка карта на Република Македонија“, Том 2, издание на МАНУ, Скопје, 1996.

Надворешни врски[уреди]