Миткороен (Белица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миткороен

Пронајдоци од наоѓалиштето изложени во Најмалиот етнолошки музеј во светот во Џепчиште

Карта

Местоположба 41°40′33″N 21°18′15″E / 41.67583° СГШ; 21.30417° ИГД / 41.67583; 21.30417Координати: 41°40′33″N 21°18′15″E / 41.67583° СГШ; 21.30417° ИГД / 41.67583; 21.30417
Основни податоци
Место Белица
Општина Македонски Брод
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Миткороен познат и како Калеархеолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува доцноантичка населба и претставува низок рид со зарамнето плато кое зафаќа простор од 100 × 80 м. Се наоѓа на 3 км јужно од селото. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество градежен материјал, а се забележуваат и темелите од одбранбениот бедем. Оттука потекнуваат и монети кои се наоѓаат кај месен жител.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Варница — некропола од доцноантичкото време;
  • Кале — градиште од доцноантичкото време;
  • Ридот — населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола;
  • Столоватец — градиште од доцноримско време;
  • Глибовец — кастел од доцноантичкото време;
  • Аништа — некропола од средниот век;
  • Влак — некропола од средниот век;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069