Драгов Дол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгов Дол

Поглед на селото Драгов Дол

Драгов Дол во рамките на Македонија
Драгов Дол
Местоположба на Драгов Дол во Македонија
Драгов Дол на карта

Карта

Координати 41°36′9″N 21°13′5″E / 41.60250° СГШ; 21.21806° ИГД / 41.60250; 21.21806Координати: 41°36′9″N 21°13′5″E / 41.60250° СГШ; 21.21806° ИГД / 41.60250; 21.21806
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03015
Надм. вис. 510 м
Драгов Дол на општинската карта

Атарот на Драгов Дол во рамките на општината
Драгов Дол на Ризницата

Драгов Дол — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од десната страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 510 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 20 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 485,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 31,7 хектари, а на пасиштата само 4,1 хектар.[2]

Селото е сместено на самиот регионален пат од градот Македонски Брод до селото Белица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Драгов Дол било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948115—    
1953130+13.0%
1961141+8.5%
197180−43.3%
198146−42.5%
ГодинаНас.±%
199133−28.3%
199424−27.3%
200223−4.2%
202110−56.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драгов Дол имало 40 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгов Дол имало 40 жители.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Драгодол се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Селото е мало во фаза на раселување. Во 1961 година, селото броело 141 жител, а во 1994 година само 24 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Драгов Дол имало 23 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 40 40 115 130 141 80 46 33 24 23 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Новоизградениот црковен објект кај селските гробишта

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Драгов Дол се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Слатино, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0245 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[15]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 111. Посетено на 7 октомври 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 октомври 2017.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  13. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]