Вир (Порече)

Координати: 41°36′10″N 21°16′33″E / 41.60278° СГШ; 21.27583° ИГД / 41.60278; 21.27583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вир

Поглед на селото Битово

Вир во рамките на Македонија
Вир
Местоположба на Вир во Македонија
Вир на карта

Карта

Координати 41°36′10″N 21°16′33″E / 41.60278° СГШ; 21.27583° ИГД / 41.60278; 21.27583
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 7 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03010
Надм. вис. 640 м
Вир на општинската карта

Атарот на Вир во рамките на општината
Вир на Ризницата

Вир — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од вир со значење за длабнатина каде се собира вода.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влез во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во североисточниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од десната страна на реката Треска.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 640 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 15 километри.[3]

Селото е сместено во горниот дел на долината на Модришка Река, која се влева во Треска, кај селото Модриште. Нивите се наоѓаат околу селото, а шума има малку.[2]

Куќите се на дното на долината и по бреговите. Групирани се во три маала: Шјаковско, Николовско и Шутевско.[2]

До Вир води земјен пат, кој започнува од селото Модриште. Со земјен пат, селото е поврзано и со селото Локвица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во селскиот атар се наоѓаат старини на месноста Горна Црква, каде има и гробишта.[2]

Народното предание наведува дека селото настанало со доселување и во прв момент се нарекувало Дервен Вир.[2]

Во XIX век, Вир било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е зафаќа површина од 11,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 617,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 89,2 хектари, а на пасиштата само 22,4 хектари.[3]

Селото има мешовита полјоделско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948265—    
1953296+11.7%
1961245−17.2%
1971171−30.2%
198176−55.6%
ГодинаНас.±%
199151−32.9%
199431−39.2%
200218−41.9%
20217−61.1%

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства со 161 жител, од кои 55 муслимани и 106 христијани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вир имало 290 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вир имало 280 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вир се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Вир е мало село, коешто во 1961 година броело 245 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 31 жител, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Вир имало 18 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 5 Македонци и 2 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 290 280 265 296 245 171 76 51 31 18 7
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Вир е македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Во селото има четири рода.[2]

Според истражувањата на Петар Јовановиќ во 1930-тите години родови во селото се: Шутевци (13 к.), доселени се од кичевското село Шутово; Шијаковци (9 к.), доселени се од Шијак во Албанија, нивниот предок кој се доселил бил прво во Модриште, но од таму го избркале, па си направил колиба во Вир, но го фатило срам и се отселил во Сливје, но таму не му се допаднало, па се вратил назад и за постојано се населил во Вир; Николовци (6 к.), основачот на родот дошол од Дебарско и влегол во родот Шијаковци, каде се оженил за некоја крива девојка; Савевци (17 к.) исто така доселени од Дебарско, најпрво дошол овде на чифлик, но не му се допаднало, па отишол во Сливје, па кога и таму не му се допаднало се вратил назад во Вир.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Старото училиште

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Вир се наоѓале селата Белица, Брезница, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево. Општината Модриште постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0239 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[20]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 320.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 54. Посетено на 18 март 2021.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 96-97.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2021.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 18 март 2021.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]