Девич

Координати: 41°33′3″N 21°13′36″E / 41.55083° СГШ; 21.22667° ИГД / 41.55083; 21.22667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Девич

Панорамски поглед на Девич од Девини Кули

Девич во рамките на Македонија
Девич
Местоположба на Девич во Македонија
Девич на карта

Карта

Координати 41°33′3″N 21°13′36″E / 41.55083° СГШ; 21.22667° ИГД / 41.55083; 21.22667
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 50 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03014
Надм. вис. 525 м
Девич на општинската карта

Атарот на Девич во рамките на општината
Девич на Ризницата

Девич — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во Девич

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно до реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 525 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 8 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 14,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 107,1 хектар, а на обработливото земјиште 97,7 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во непосредната близина на селото Девич, на 2 километри јужно од селото, веднаш над левиот брег на реката Треска, се наоѓаат зачувани рушевини од ѕидините на Девини Кули, археолошко наоѓалиште на тврдина од доцната антика и средниот век. Непосредно до ѕидините во селото постојат урнатини од Девичка Црква, чие име не е познато, а според стилот на градбата веројатно потекнува од XIV век. Се претпоставува дека сестрата на крал Марко, Дева, овде изградила средновековен град, па аналогно на тоа се смета дека црквата била изградена во втората половина на XIV век. Ова се поткрепува и со народното предание, според кое, во кулите живееле две од четирите сестри на Крале Марко, Дева и Пешна. Првата живеела во кулата која била најсилно бранета тврдина во целиот регион, додека втората живеела во тврдината на влезот од пештерата Пешна.[3]

Средновековниот град, наречен Девич, го наследил античкиот како најдобро утврдено градиште на реката. Изграден е по српското освојување кон крајот на XIII или XIV век. Рударството тогаш силно се развило и градот бил економски центар на регионот. По османлиското освојување, рударството згаснало и административниот центар на областа Порече бил преместен јужно кон Македонски Брод. Самиот град Девич не е споменат во османлиските документи, што укажува дека тој исчезнал[4].

Во XIX век, Девич било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Урнатини и остатоци од Девини Кули

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948223—    
1953259+16.1%
1961264+1.9%
1971215−18.6%
1981171−20.5%
ГодинаНас.±%
1991141−17.5%
1994125−11.3%
200286−31.2%
202150−41.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Девич имало 210 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Девич имало 160 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Девич се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]

Девич е мало село, коешто во 1961 година броело 264 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 125 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Девич имало 86 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 43 Македонци и 7 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 160 223 259 264 215 171 141 125 86 50
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Девич е македонско село.

Селото го основал некој дечко од Охридско, потоа повикал и други од својот крај да се населат.

Според истражувањата од 1926 година, родови во Девич се:

  • Доселеници: Грдановци (13 к.), Гидиовци (4 к.), Мотлевци (2 к.) и Кочовци (1 к.), сите овие родови се доселени од Охридско; Наковци (3 к.), доселени се од селото Крушје (Горно или Долно), родот во Крушје е доселен од Закамен; Шоповци (1 к.), доселени од околината на Ќустендил; Брушковци (1 к.), доселени од Кичево, каде имаат роднини; Јаќимовци (1 к.), потекнуваат од селото Арангел во Кичевско, најпрво се населиле во Крушје, па од таму во Девич; Прпаровци (1 к.) доселени од Барбарос, сега раселено село.[16]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед кон отворот на пештерата Пешна

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Грешница се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0232 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[20]
  • Девини Кули — градиште од доцноантичко време и средниот век;
  • Дрење — населба од римско време; и
  • Пешна — гробница од доцноантичко време.
Цркви[21]
Реки
  • Пешница — кратка река, која извира од пештерата Пешна
Пештери
  • Пешна — споменик на културата, како и пештера со најголем отвор на Балканот

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 91. Посетено на 1 октомври 2017.
  3. Александар Матески, „Девини кули и Пешна“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 136-137.
  4. Микулчиќ, Иван (1996). Средновековни градови и тврдини во Македонија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 154.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 октомври 2017.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. . Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  18. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 65-66. ISBN 978-608-65155-5-3. |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]