Растеш

Координати: 41°44′48″N 21°6′12″E / 41.74667° СГШ; 21.10333° ИГД / 41.74667; 21.10333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Растеш

Панорамски поглед на селото Растеш

Растеш во рамките на Македонија
Растеш
Местоположба на Растеш во Македонија
Растеш на карта

Карта

Координати 41°44′48″N 21°6′12″E / 41.74667° СГШ; 21.10333° ИГД / 41.74667; 21.10333
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 18 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03038
Надм. вис. 720-1000 м
Растеш на општинската карта

Атарот на Растеш во рамките на општината
Растеш на Ризницата

Растеш — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Храштеш“ во XV век. Името потекнува од ботаничкото „(х)раст“ или пак од личното име „Раст“ или „Расто“ со наставката „-еш“.[2]

По преданието, името на селото потекнува од тоа што селото било „зараснато“ со шума.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сретселото во Растеш

Ова село се наоѓа во областа Порече, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Македонски Брод.[4] Селото е ридско-планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 720 до 1.000 метри.[4]

Селото е сместено на левата страна во долината на Мала Река. Селото е свртено кон север. Малку ниви се наоѓаат околу селото, иако поплодните се сместени долж реката.[3]

Куќите се поделени на две маала: Куртеловци и Милевци.[3]

До Растеш води асфалтен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Во селскиот атар се наоѓаат старини на местата Мала Чука, под самото село, каде се наоѓаат траги од град, за кој се верува дека го градела Зорка, сестра на Крале Марко. Кај Калето има ѕидини од некоја стара населба и ѕидини од црквата „Св. Богородица“. На неколку места се сретнуваат и старини од цркви.[3]

Се верува дека селото било основано од сточари, кои тука дошле за пасење на стоката.[3]

Во XIX век, Растеш било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.

Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа површина од 8,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 430 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 141 хектари, а на пасиштата 104 хектари.[4]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Населението во минатото одгледувало добиток (овци и кози). Сточарството оставиле печат врз изгледот на селото и пејзажот. Покрај сточарството, карактеристични дејности биле јагленарството, смоларството и преработка на метална руда на т.н. самокови.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948394—    
1953461+17.0%
1961492+6.7%
1971456−7.3%
1981218−52.2%
ГодинаНас.±%
1991124−43.1%
199492−25.8%
200258−37.0%
202118−69.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Растеш имало 245 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Растеш имало 240 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Растеј се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350Македонци.[9]

Поради иселувањето на населението, селото од средно преминало во мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 429 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 92 жители..[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Растеш имало 58 жители, од кои 57 Македонци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 13 Македонци и 5 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 245 240 394 461 492 456 218 124 92 58 18
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Растеш е македонско православно село.[3]

Родови во селото се: Куртеловци (33 к.), доселени се од селото Врбен, Горна Река; Милевци (14 к.), доселени се од Прилепско. Според преданието они потекнуваат од предок Влав, кој во селото дошол како говедар и овде се оженил со некоја крива девојка. Кога се населил му наредиле да се насели надвор од селото. Од него после се намножило целото маало, овој род ги викаат и Власи. Они имаат посебна црква (Св. Никола) и гробови.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Селската црква „Св. Јован“
Селската црква „Св. Никола“
  • Поранешно основно училиште „Гоце Делчев“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Растеш, во која покрај селото Растеш се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0272 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[19]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Михајло Андриќ (Михајло Никодин Андреев) — четник. Бил припадник на равногорското движење на Дража Михајловиќ во Порече.[20]
  • Бошко Волчески (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
  • Манасија Василески (1901 - 1943) — загинат во НОБ.[21]
  • Нове Ангелески (? - 1944) — загинат во НОБ.[21]
  • Радомир Стојаноски (1920 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
  • Трпе Дојчиноски (1923 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
  • Тодор Јовчески (1919 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
  • Столе Змејкоски (1912 - 1943) — загинат во НОБ.[21]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[22]
Споменици

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 139.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 333.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 255. Посетено на 30 октомври 2017.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 октомври 2017.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  19. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 13 март 2021.
  20. . Александар Симоновски, Миливој Трбиќ (1913 - 1947), ИНИ, Скопје 2018. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]