Врбен

Координати: 41°43′16″N 20°43′50″E / 41.72111° СГШ; 20.73056° ИГД / 41.72111; 20.73056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Врбен

Поглед на селото Врбен

Врбен во рамките на Македонија
Врбен
Местоположба на Врбен во Македонија
Врбен на карта

Карта

Координати 41°43′16″N 20°43′50″E / 41.72111° СГШ; 20.73056° ИГД / 41.72111; 20.73056
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 132 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07015
Надм. вис. 1260 м
Слава Свети Никола
Врбен на општинската карта

Атарот на Врбен во рамките на општината
Врбен на Ризницата

Врбен — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорама на селото

Врбен е планинско село коешто се наоѓа на јужните падини на планината Враца, во горното сливно подрачје на реката Радика, на надморска височина од 1.260 м. Селскиот атар е релативно голем и зафаќа површина од 25,6 км2. Селото е оддалечено 29 километри од градот Гостивар.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат од Маврови Анови, кој понатаму продолжува како макадамски пат до селото Богдево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Врбен било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

На почетокот на XIX век, Врбен, како и останатите села во областа Горна Река, е во активен процес на албанизација. Во 1844 година, селаните Силјан и Трпо финансиски го поддржале издавањето на книгата „Первоначална наука за должностите на човекот“ од Атанасиј Иванов, а во 1852 година, жители на селото го поддржале издавањето на книгата „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ.[3]

Во периодот по Балканските војни, селото потпаѓа под српска власт.

Стопанство[уреди | уреди извор]

ХЕЦ „Врбен“

Селото во основа има сточарско-шумарска функција. Во атарот на селото преовладуваат шумите со површина од 1.347,4 ха и пасиштата со површина од 1.080,8 ха, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 116,3 ха.[2]

Во селото е сместена проточната ХЕЦ „Врбен“, којашто заедно со ХЕЦ „Вруток“ и ХЕЦ „Равен“ е дел од ХС „Маврово“. Хидроелектраната е најоддалечена од сите три на хидросистемот. Таа има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948222—    
1953256+15.3%
1961331+29.3%
1971231−30.2%
1981234+1.3%
ГодинаНас.±%
1991181−22.6%
1994180−0.6%
2002142−21.1%
2021132−7.0%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 г. Врбен било село со 300 домаќинства, при што населението го сочинувале 450 жители Албанци со христијанска и 310 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Врбен имало 360 жители Албанци со муслиманска и 300 жители Албанци со христијанска вероисповед.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбен се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 129 куќи.[6]

Според митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 година, во Врбен имало 63 српски куќи.[7]

Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), христијанското население на селото во 1905 година го сочинувале 384 Албанци.[8]

Весникот „Дебарски Глас“ во 1909 година го нарекол Врбен „христијанско арнаутско село“ во коешто живеел Уста Раде (?-1909), кој бил почитуван од страна на бугарскиот егзарх Јосиф I Бугарски.[9] Во издание на истиот весник од 1911 година е наведена статистика според која селото броело 150 албански патријаршиски куќи. Притоа, селото било зафатено со српската пропаганда, па така во него имало српско училиште со еден учител, но без ученици.[10]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 година, Атанасиј Селишчев го забележал Врбен како албанско село.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[12]

Поради емиграцијата на населението, во Врбен бројот на населението, речиси се преполовил. Така, во 1961 година селото броело 331 жител, од кои 283 биле Македонци, а 37 Албанци, додека во 1994 година бројот се намалил на 180 жители, од кои 172 се Македонци, а 8 жители Албанци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Врбен живееле 142 жители, од кои 135 Македонци и 7 Албанци. Бројот на домаќинства изнесувал 38, а бројот на живеалишта 66.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 132 жители, од кои 118 Македонци, 5 Албанци и 9 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 660 384 222 256 331 231 234 181 180 142 132
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови[уреди | уреди извор]

По преданието ова село настанало на следниот начин. Биле тројца браќа Никола, Павле (Џербал) и Кољо, тие се доселиле од Стар Врбен, кое се наоѓало близу Радика, каде што е црквата света Петка. Од таму се иселиле поради некоја болест од која умирало многу народ и стока. Во селото има и една црква на која е испишана годината 1790 година, време во кое веројатно е извршено преместувањето на селото. Некои подоцна доаѓале од други места, како Албанија (Матија, Булчиза), Кумановско, околните села, итн. Како родови во селото се спомнуваат.

  • Николас, кои се делат на Топал (3 к.); Вешит (2 к.) Жужње; Тет Брегут (5 к.) доселени се од селото Жужње; Џербаловци (4 к.) муслимани, основачот на родот бил еден од браќата (Павле) основачи на денешното село, потоа преминал во ислам; Кок Љац (1 к.); Љуљевци (6 к.); Цакули (3 к.); Стамболар (11 к.) оделе на печалба во Истанбул; Попит (2 к.); Тет Капакуш (9 к.).[19]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото има училиште до четврто одделение.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Маврово и Ростуше, која настанала со спојување на поранешните општини Маврови Анови и Ростуша со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Маврови Анови.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Трница, во која влегувале и селата Беличица, Волковија, Кичиница, Сенце и Трница.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Трница, во која покрај селото Врбен се наоѓале селата Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Маврово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гостивар.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 493 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[20]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[21] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 119 гласачи.[22]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[23]
  • Кожа — сакрален објект од средниот век.
Цркви[24]
Манастири
Реки

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Врбен

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 61.
  3. Селищев А. М.. „Славянское население в Албании“. София, 1931, стр. 13.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“. Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176–177.
  5. К’нчов, В.. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  7. Извештај на митрополит Поликарп, 25 февруари 1904.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 184–185.
  9. Дебърски глас, година 1, брой 1, 5 април 1909, стр. 2.
  10. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  11. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. София, 1929.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 ноември 2017.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле.
  20. „Изборна единица 6: Општина Маврово и Ростуше“ (PDF). Посетено на 6 ноември 2017.
  21. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-09. Посетено на 6 ноември 2017.
  22. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  23. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  24. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 54-55. ISBN 978-608-65143-2-7.
  25. „Пратенички состав“. Собрание на Македонија. Посетено на 2010-11-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]