Свети Никола
Од Википедија, слободна енциклопедија
Свети Никола се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето.
На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.
Во тешките времиња кога римските цареви преземале гонења против Христијаните, Свети Никола непоколебливо стоел на своето место и со својот пример не дозволил да отпаднат од христијанската вера. Кога светиот цар Константин Велики ја признал Христијанската вера и дал целосна слобода на верата, Свети Никола развил уште поголема дејност и во Христијанската вера привел мноштво луѓе. Присуствувал и на Првиот Вселенски Собор во 325 година.
Свети Никола починал во длабока старост на 6 декември 343 година. Телото негово почива во градот Мир во Ликијската област во Мала Азија.

