Марко Цепенков
| Марко Цепенков | |
![]() |
|
| македонски преродбеник | |
| Роден/а | 7 ноември 1829 Прилеп, Отоманска Империја (денес Македонија) |
|---|---|
| Починал/а | 29 декември 1920 Софија, Бугарија |
| Познат | собирач на народни умотворби |
Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829 - Софија, 29 декември 1920) е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците [белешка 1]. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик.
Содржина |
[уреди] Семејството на Марко Цепенков
|
|
|
|
|
|
|
|
Марко Цепенко | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|||||||||||||||||||||||||||
| Никола Цепенков |
|
Коста Цепенков |
|
Ристе Цепенков |
|
Илче Цепенков |
|
Ката Цепенкова |
|
Мара Цепенкова | Дафа Цепенкова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|
|
|
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
Марко Цепенков | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
[уреди] Биографија
Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-57 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.
Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови.[1] Тој дал голем придонес на македонскиот народ.[2]. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската литература е големо значење и важност, како и за при развојот на македонската етнографија и култура.
Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, кадешто е и погребан.
Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивниот институт на Бугарската академија на науките во Софија.[3] Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за прв пат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“.[2] Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање.[3]
[уреди] Собирачката дејност
Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби - браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби [белешка 2][1].
Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил бугарски народ. Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.
Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.
[уреди] Белешки
- ↑ Во Бугарија, Цепенков го сметаат за Бугарин. Како потврда за тоа, тие ја наведуваат реченицата во автобиографија на Цепенков, каде се вели дека дал придонес на неговиот бугарски народ, види М. Цѣпенков - Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, кн. XIV, 1897, стр. 123. Треба да се стакне дека Цепенков спаѓа во македонската интелигенција која го прифатила бугарското име и идејата за заедништво меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Тоа било реакција на Грчката пропаганда во Македонија која во себе го носела погрчувањето, реченицата неговиот бугарски народ има словенска основа, односно културолошка, а не национална, Цепенков е меѓу оние македонски дејци кој зеле учество во Борбата против Цариградската патријаршија и постепено почнале да се преореиентираат кон бугаризмот, односно кон словенизмот и станале идејни носители на македонското преродбеничко движење, види Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980, Б. Конески, Кон македонската преродба, Скопје, 1959, Д. Ташковски, Раћање македонске нације, Београд, 1969
- ↑ Цепенков има големо значење за македонското преродбеничко движење. Треба да се истакне дека Цепенков и другите македонски преродбеници од тој период без разлика како се именувле себеси, сета нивна дејност била носочена кон Македонија, слично како и останатите македонски преродбеници, Цепенков собирал народни умотворби само од Македонија, а не од Бугарија, во неговиот случај Прилепско, Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско, види Б. Конески, Кон македонската преродба, Скопје, 1959
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Марко К.Цепенков - Фолклорно наследство т.1, София, 1998 ИК "Проф. Марин Дринов"
- ↑ 2,0 2,1 "Актан Аго - Турските јазични елементи во јазикот на Марко Цепенков", Логос-А, Скопје, 2006, стр. 25
- ↑ 3,0 3,1 "Актан Аго - Турските јазични елементи во јазикот на Марко Цепенков", Логос-А, Скопје, 2006, стр. 15
[уреди] Надворешни врски
- Автобиографијата на Цепенков на македонски јазик и со поедноставен правопис.
- Приказната за Силјан Штркот, најдолгата македонска народна приказна, запишана од Марко Цепенков.
