Свети Николе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Николе
Центарот на Свети Николе
Центарот на Свети Николе
Знаме на Свети Николе
Грб на Свети Николе
Mестоположба
Mестоположбата на Свети Николе
Местоположба на Свети Николе на картата на Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Свети Николе
Поштенски бр.: 2220
Повикувачки бр.: (+389) 032
Автомобилска ознака: SN
Портал: svetinikole.gov.mk
Историја
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Vardar Region.svg Вардарски регион
Општина: Former coat of arms of Sveti Nikole Municipality.svg Општина Свети Николе
Градоначалник: Зоран Тасев
Географија
Надм. височ.: 271 м
Население
Население: 13.280
Образование:
Етнички групи: Македонци.


Свети Николе — град во централниот дел на Република Македонија, во котлината Овче Поле и е центар на Општина Свети Николе.

Легенда за потеклото на името Свети Николе[уреди]

Црквата „Св. Никола“ во Свети Николе
Кула во Свети Николе

Според некои постои една легенда поврзана за ова место: во Свети Николе постоеле околу 40 цркви.За време на турското ропство сите цркви биле уништени само најубава и единствена која останала е црквата Св.Никола затоа и името на овој град е Свети Николе.

Историја[уреди]

Историјатa на Свети Николе континуирано е населена од праисторијата до денес. Најстарите траги на живот во котлината се од периодот на неолитот, што е потврдено и со археолошки истражувања. Постојат индиции дека во Овче Поле бил центарот на Пеонската држава, чиј најголем град, воедно и седиште на пеонските кралеви, Билазора се наоѓал во Овче Поле, на локалитетот Градиште (с.Кнежје).

Најстари жители на овие краишта биле Пеонците, кои го населувале просторот меѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма).

Свети Николе, како централно место на поголемиот дел од Овче Поле, како населба датира уште од античкиот период. Првобитно населбата била лоцирана североисточно од денешната црква Свети Стефан. Поради мочурливото земјиште и нездравите услови за живот во крајот на 3 век п.н.е. населбата била дислоцирана на десната страна на Светиниколска Река, во месностите: Рудина, Свети Спас и денешно Рецко маало во градот. Најверојатно античкото име на населбата било Пробатон. Во 7 век таа го променила името во Овче Поле.

Средновековна историја[уреди]

Во средновековните пишани извори, прв пат, Овче Поле како населба (тврдина), и пошироко, Овчеполието како област, се споменува во 13 век. Во 1246 г. никејската војска, покрај другите места во Македонија, го зазела и Овче Поле.

Народниот музеј на Свети Николе

Во 1292 г. во населбата, која се уште го носи името Овче Поле, била изградена црквата посветена на чудотворецот свети Николај. За црквата е поврзана легендата за чудотворното излекување на Стефан Дечански,,... И на Овчем Полѣ свети Никола очи ѣму дарова въ црьквi ...".

Свети Николе се споменува и во даровницата на браќата Дејановци од 1378 г., со која се потврдуваат даровите на манастирот свети Пантелејмон во Света Гора.

Во пописниот тапу дефтери на Ќустендилскиот санџак од 1570 г., Свети Николе е именувано со И-с-в-и Н-и-к-о-л-а. Во шеесетите години на 17 век, турскиот патеписец Евлија Челебија на два пати престојувал во Свети Николе.

Население[уреди]

Според пописот од 2002 година, градот Свети Николе брои 13746 жители, од кои:

Економија[уреди]

До седумдесетите години на 19 век, кога патот за Солун минувал преку Свети Николе, тоа било едно од значајните економски места од левата страна на реката Вардар. Пуштањето во сообраќај на вардарската железница во 1873 година неповолно се одразило на Свети Николе, а оваа промена уште повеќе се почуствувала во 1888 година кога вардарската железница е споена со моравската.

Денес населението претежно се занимава со земјоделство, а од индустријата застапени се прехранбената, текстилната и индустријата за градежни материјали. Од прехранбената индустрија застапени се месната индустрија (МИК Свети Николе), индустријата за конзервирање на зеленчук и овошје, пекарската, млечната индустрија, индустријата за дехидриран зеленчук, индустрија за ферментација на тутун и индустрија за сточна храна, со што процесот на земјоделско производство целосно е заокружен. Од земјоделските култури најзастапени се: житните култури, индустриските, раноградинарските култури и виновата лоза, а од сточниот фонд: овчарството, говедарството, свињарството, живинарството и пчеларството.

Личности[уреди]

Родени

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]