Кадрифаково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кадрифаково
Кадрифаково во рамките на Македонија
Кадрифаково
Местоположба на Кадрифаково во Македонија
Кадрифаково на карта

Карта

Координати 41°48′37″N 22°02′42″E / 41.81028° СГШ; 22.04500° ИГД / 41.81028; 22.04500Координати: 41°48′37″N 22°02′42″E / 41.81028° СГШ; 22.04500° ИГД / 41.81028; 22.04500
Регион  Вардарски
Општина Општина Свети Николе
Област Овче Поле
Население 150 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 24014
Надм. вис. 230 м
Кадрифаково на општинската карта

Атарот на Кадрифаково во рамките на општината
Кадрифаково на Ризницата

Кадрифаково — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на областа Овче Поле, оддалечено 12,5 километри југоисточно од Свети Николе и на 15 километри западно од Штип.

Историја[уреди | уреди извор]

  • Кадрифаковски масакр - колеж извршен од страна на ВМРО врз колонизираното српско население на 16 јануари 1923 година

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948519—    
1953339−34.7%
1961280−17.4%
1971186−33.6%
1981183−1.6%
ГодинаНас.±%
1991184+0.5%
1994180−2.2%
2002163−9.4%
2021150−8.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кадрифаково живееле 50 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кадрифаково имало 40 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Кадрифаково живеат 163 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 150 жители, од кои 146 Македонци, 1 Србин и 3 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 50 40 519 339 280 186 183 184 180 163 150
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Кадрифаково е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:

Доселеници:

  • Од разни села во Овче Поле: Машевци (3 к.) доселени се во 1941 година од селото Немањици; Петровци (1 к.) доселени се од селото Криви Дол во 1941 година; Тренчевци (1 к.), Бучуковци (1 к.) и Мушевци (1 к.) доселени се во 1941 и 1944 година од селото Преод.
  • Од Барбарево се: Коцевци (2 к.), Апостоловци (1 к.), Јосевци (1 к.), Крстевци (1 к.), Пенчевци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.), Сарафиновци (1 к.), Дончевци (1 к.) и Ефремовци (1 к.) сите доселени во 1944 година.
  • Од Кратовско се: Цветановци (1 к.), Ефремовци (3 к.), Денковци (1 к.), Ѓерасимовци (1 к.) и Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Нежилово, доселени во 1941 и 1944 година; Златановци (1 к.), Филиповци (1 к.) и Јаначковци (1 к.) доселени се во 1956 и 1957 година од селото Куново; Ѓоргијевци (1 к.) доселени се од селото Мушково во 1942 година.
  • Од Кривопаланечко се: Петровци (1 к.) доселени се од селото Жидилово во 1941 година; Вучевци (1 к.) и Балкански (1 к.) доселени се од селото Трново во 1942 година; Милковци (2 к.) доселени се од некое кривопаланечко село во 1956 година.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1700 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 141 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Александар Спасов - основоположник и носител на информатичка споменица

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во ова село живеело разно население. Сепак најстари и најбројни биле Македонците. До 1912 година во ова село живееле следните македонски родови. Ѓоргеви, Петрушеви, Ристови, Василкови, Коцеви, Трајчеви и Илиеви. Но тие се иселиле од селото. Ѓоргеви заминале во Амзабегово. Петрушеви во Ерџелија и Скопје. Василкови во Мустафино. Во 1946/47 година во селото биле населени околу 70 семејства на Македонци од Егејска Македонија. Но тие после 1950 година почнале да се иселуваат во Штип и Велес.

Во 1922 година на местото на раселеното население се доселиле колонисти од Црна Гора, Босна, Далмација, околината на Пирот и Крагуевац. Тие брзо нараснале во селото, и го промениле името на селото во Олујиќ. Некои од колонистичките семејства се викале Антоније Милковиќ (од околината на Крагуевац), Никола Бабиќ, Саво Родиќ (од Далмација), Миле Десница, Петар Вучковиќ, Тодор Осоченко, Мичо Костиќ (од околината на Пирот). Во текот на Втората светска војна кога завладеале Бугарите со овој крај тие ги иселиле колонистите, со исклучок на тие од пиротско. Но потоа и тие заминале од селото. Потомците на колонистите денес живеат воглавно во Војводина, во Рума.

Од селото е иселено и турското население кое живеело во селото.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]