РК Ѓорче Петров
| РК Ѓорче Петров | |||
![]() |
|||
| Целосно име | Ракометен Клуб Ѓорче Петров | ||
| Основан | 1979 | ||
|---|---|---|---|
| Сала | СРЦ Кале | ||
| Капацитет | 2.500 | ||
| Лига | Ракометна женска Скопско лига | ||
|
|
|||
Ракометниот клуб “Ѓорче Петров” е основан во 1979 година како ракометен клуб Ѓорче Петров. До осамостојувањето на Македонија, РК Ѓорче Петров настапуваше во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста и формирањето национална ракометна лига, клубот стана синоним за македонскиот ракомет со 16 шампионски и 15 титули во Купот на Македонија. Во 1994 година, по триумфот над тогаш неприкосновениот владетел во европскиот женски ракомет, Хипо од Виена, во РК Ѓорче Петров како спонзор влезе „Кометал трејд“ на чело со Трифун Костовски и од маалски клуб направи европски ракометен шампион. Најголемите успеси на тогашен Кометал ЃП (сега повторно РК „Ѓорче Петров“) на меѓународна сцена се освојувањето на титулата европски шампион во 2002 година и вицешампионските титули во 2000 и во 2005 година. Во шампионската 2002 година, РК „Ѓорче Петров“ го освои и европскиот Суперкуп.
Состав 2008/2009[1]
[уреди]
- Ана Аморим -
Бразил - Едуарда Аморим -
Бразил - Мирјета Бајрамоска -
Македонија - Сандра Бошњак -
Хрватска - Душица Георгиевска -
Македонија - Елена Георгиевска -
Македонија - Ленче Илкова -
Македонија - Драгица Кресоја -
Македонија - Ана Крижанец -
Хрватска - Наташа Младеновска -
Македонија - Савица Мркиќ -
Македонија - Симона Николовска -
Македонија - Алегра Локи Охоланга -
Македонија - Драгана Пецевска -
Македонија - Јелена Поповиќ -
Србија - Јулија Портјанко1 -
Македонија - Марија Стерјова -
Македонија - Ива Стојковска -
Македонија - Веселинка Треноска -
Македонија
1 Јулија Портјанко сега игра за Подравка.
Наводи [уреди]
- ↑ „EHF Champions League 2008/09“. http://www.ehfcl.com/women/2008-09/clubs/1987/HC+Kometal+Gjorce+Petrov. проверено на 10 јуни 2009.
Оваа статија од областа на спортот е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!
