Факултет за правни науки (Свети Николе)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Факултет за правни науки
ВидПриватен
Основан2014
Деканпроф. д-р Иван Ефремовски
МестоСвети Николе, Македонија
КампусСвети Николе, Битола
ПрипадностМеѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“
msu.edu.mk

Факултет за правни науки - приватен факултет при Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе.

Историја[уреди | уреди извор]

Од академската 2014/2015 година Факултетот за правни науки започнал со работа на факултети при МСУ.[1]

Активности[уреди | уреди извор]

Иако најмлад член на факултетите на МСУ, Факултетот за правни науки има потпишано договори за соработка и пракса со Уставниот суд на Република Македонија, со Комората на извршители на Република Македонија и со Комората на нотари на Република Македонија, а во подготовка се договори за соработка со многу други државни установи.[1]

Програма[уреди | уреди извор]

Прв циклус на студии[уреди | уреди извор]

Согласно 2022 година, на Факултетот за правни науки се акредитирани четиригодишни студии Правни студии. Со завршени тригодишни студии студентот се стекнува со стручен назив дипломиран правник. Студиската програма на првиот циклус правни студии, односно додипломските студии е со траење од четири години (осум семестри) и опфаќа изучување на 42 предмети кои носат 240 кредити. [2]

По завршувањето на тригодишните општи студии, студентот може да избере еден од модулите кои ги нуди факултетот. Изборните модули се наменети за студентите кои имаат намера да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки во четвртата година од студиите, односно да освои дополнителни 60 ЕКТС. Студиските програми траат една година (два семестри) и со нивното завршување, заедно со првиот циклус, по вкупно стекнатите 240 кредити и одбрана на завршна дипломска работа, студентот се стекнува со стручниот назив „дипломиран правник“.[3]

Во четвртата година студентите избираат еден од следниве модули:

Втор циклус на студии[уреди | уреди извор]

Студиските програми за последипломски правни студии од втор циклус (последипломски магистерски студии) се наменети за студентите кои сакааат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „магистер по право“ во конкретната област.[4]

На Факултетот за правни науки во моментов се достапни 5 насоки на последипломски студии:

  • Административно право и јавна администрација
  • Граѓанско право
  • Казнено право
  • Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатијa
  • Финансии и деловно право

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „За факултетот“. Посетено на 7 октомври 2022.
  2. „Правни студии“. Посетено на 7 октомври 2022.
  3. „Изборни модули“. Посетено на 7 октомври 2022.
  4. „Последипломски студии“. Посетено на 7 октомври 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]