Граѓанско право
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Граѓанското право е збир на правни норми со кои се уредуваат имотно-правните односи, односно оние односи кои што се од имотно-правен карактер. Него го сочинуваат три правни гранки Стварно право (ги уредува облиците на власта врз стварите), Облигационо право ( ги уредува оние односи кои настануваат по повод изразената волја за склучување на одредено правно дело- договор) и Наследното право (ги уредува односите кои настануваат по повод смртта на едно лице и преминувањето на правата и односите на неговите наследници).
