Гевгелија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гевгелија
Во центарот на Гевгелија
Во центарот на Гевгелија
Знаме на Гевгелија
Грб на Гевгелија
Mестоположба
Mестоположбата на Гевгелија
Гевгелија на картата на Република Македонија

Координати : 41°8'21"N 22°30'9"E
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Гевгелија
Прекар: Македонски Лас Вегас
Повикувачки бр.: (+389) 034
Автомобилска ознака: GE
Портал: gevgelija.gov.mk
Историја
Основан: 1886
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Southeastern Region, Macedonia.svg Југоисточен регион
Општина: Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Општина Гевгелија
Географија
Површина: 317
Надм. височ.: 64 м
Клима: Медитеранска
Население
Население: 15 685
Образование:
Етнички групи: Македонци (96,22%)


Гевгелија е град во југоисточниот дел на Република Македонија сместена во Гевгелиско - валандовската котлина во непосредна близина на границата со Република Грција (3 км).


Етимологија[уреди]

Според една легенда за настанок на името Гевгелија се смета дека еден дервиш кој дошол и не сакал да си оди од Гевгелија, бидејќи многу му се допаѓало местото. Жителите не сакале да го примат и решиле насила да го прогонат. Разлутен од тоа, дервишот почнал луто да ги проколнува жителите кои се исплашиле и го повикале назад со зборовите гел-гери што значи ела назад. Иако легенда, гевгеличани ова го сметаат за заклетва на предците т.е. секогаш да бидат добродојдени оние што одлучуваат да ги задомат своите идеи во градот.

Историја[уреди]

Улица во Гевгелија во првата половина на XX век

Гевгелија како град почнала да се развива уште од средината на 19 век, кога населението од овие краеви ја почуствувало потребата да создава современа населба во помош на на минувачите-трговци и да биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток со многубројни анови.

Општи карактеристики[уреди]

Оваа медитеранско подрачје од секогаш представувало значајна крстосница за патниците и стоката кои патувале од Европа кон Блискиот Исток или обратно. Со изградба на железничката пруга Скопје-Гевгелија-Солун во 1873 година и на автопатот Скопје-Гевгелија, таа стана значаен транзитен коридор. Гевгелија се наоѓа на само 70 km од Солун, а на 165 km од Скопје, главниот град на Р. Македонија. Токму поради значакните сообраќајници тука се вкрстуваат патиштата од север и југ, така што Гевгелија представува Европска порта за сите оние кои тргнале на север.

Клима[уреди]

Дел од зградата на Народниот театар

Гевгелија се наоѓа на 64 метри надморска височина и е под влијание на медитеранската клима, пред се, на средоземноморското климатско влијание од Егејското Море. Кожуф планина со својот највисок врв ”Зелен бег”, кој се наоѓа на 2.167 метри надморска височина, претставува природна граница меѓу медитеранската и континенталната клима. Гевгелија има 240 сончеви денови во годината, со годишна сума од 2.392 часови на осончување.Просечната годишна температура изнесува 14,3ºС, просечната годишна минимална температура изнесува 8,6ºС, додека просечната максимална годишна температура изнесува 20,6ºС. Највисоката максимална температура е измерена во јули 2004 година и изнесува 44,6ºС, а најниската минимална емпература е измерена во декември 1999 година и изнесува -16ºС. Просечната годишна сума на врнежи изнесува 649 мм/м². Најмногу врнежи има во месеците октомври и ноември, додека најсушни се јули и август. Меѓутоа, само на 4 јуни 2004 година наврнаа 213 л/м³. Просечниот број на денови со снежна покривка изнесува 4,а со магла 7 денови. Ваквите климатски погодности овозможуваат под ова медитеранско поднебје да виреат и медитеранските плодови, како што се, смоквите, калинките, маслинките, мандарините и лимоните. По долината на Конска Река, западно од Гевгелија, се среќава едно ретко и единствено зимзелено дрво на Балканот, познато како “Гол човек” (Arbutus andrachne), чие стебло е прекриено со црвенкаста и лушпеста кора.

Население[уреди]

Во 1860 година во Гевгелија имало 800 жители, но една деценија подоцна бројот на жителите двојно се зголемил. Во 1870 година Гевгелија станува важно пазариште за жителите на Гевгелиското поле и Мајадачката висорамнина. Во 1886 година Гевгелија и формално е прогласена за градска населба и административно-управен центар на Гевгелиска околија, со вкупно 68 населби. Во градот живеат над 3.000 жители. Крај главната улица, која била калдрмирана и осветлена со фенери, никнале зданијата на околиската и општинската управа, воената касарна и повеќе двокатни куќи. Во 1890 година во Гевгелија имало над 4.000 жители, од кои 3.600 биле Македонци, а другите Турци, Роми и Черкези. Според пописот од 2002 година градот има 15.685 жители.[1]

Националност Вкупно
Македонци 15 060
Срби 292
Власи 201
Турци 28
Роми 12
Албанци 7
Бошњаци 3
други 82

Религија[уреди]

Црквата „Св. Спас“ во Гевгелија

Црквата “Свети спас” е најстарата црква во регионот, изградена на почетокот од 19 век, каде што за панаѓурот во чест на светецот –патрон доаѓале луѓе дури од Солун. Во 1873 година со заеднички средства гевгеличани ја изградиле црквата “Свети Тројца”, а на местото каде што бил подигнат параклисот, во 1895 година била изградена и црквата “Свети Кирил и Методиј”. Во 1888 година, во дворот на црквата “Свети Тројца” била изградена еднокатна училишна зграда, каде што е сместено основното училиште, кое дотогаш се наоѓало во приземни куќи. Во 1909 година во дворот на црквата “Свети Кирил и Методиј”, била изградена нова еднокатна училишна зграда во која е сместено основното училиште. Првото прогимназијално училиште било отворено во 1902 година во двокатницата крај железничката станица.

Опшетствени институции[уреди]


Култура[уреди]

Библиотеката „Гоце Делчев“
Библиотекарство

Почетоците на библиотечната дејност во Гевгелија датираат од 1910 година кога во градот е формирано првото читалиште што го носи името Просвета. Читалиштето било формирано за потребите на драмската секција и располагало со симболичен книжен фонд донесен од приватните библиотеки. Во периодот меѓу двете светски војни читалиштето не работело редовно. Имено, имало години, посебно кога неговите управи биле во рацете на симпатизерите на работничкото движење или во рацете на самите партиски организации кога читалиштето било затворано. Таков бил случајот во 1924, 1928 и 1938 година. Во периодот на фашистичката окупација, читалиштето работи повремено и претставувало значајно место за ширење на напредните идеи. До 1945 година читалиштето работи со прекини условено од тогашните општествено-политички прилики. По ослободувањето на Гевгелија (7 ноември 1944 година), Народно-ослободителниот одбор на Гевгелија донесува одлука за формирање на градско читалиште и ги поканува граѓаните да помогнат во собирањето книги за таа цел.[2] Со оваа акција биле собрани околу 3.000 книги, по што е направена селекција и во 1945 година во почетокот на февруари градската библиотека ја започнува својата работа. На почетокот библиотеката била сместена во просториите на Мицо Чугунцалиев, на шеталиштето, во централното градско подрачје, а од 1950 година работи во сегашната зграда. Зградата во која е сместена библиотеката е прогласена за споменик на културата.

Музеи

Владовиот конак е изграден во 1906 , а од 1992 година е пренаменет во народен музеј. Во него се сместени повеке одделенија од праисторијата, античкиот период, но и етнолошка историска збирка.

Културни активности

Спорт[уреди]

Гевгелија ја негува спортската традиција преку унапредување на популарните спортови како што е спортската сала во Гевгелија која е пријатен и модерно опремен простор за спортување. Во близина на центарот на градот се наоѓа и фудбалско игралиште, а традиционално секоја година се одржуваат мотокросови и шампионати во европски размери.

Карате Клубот Гевгелија од Гевгелија е наследник на карате клубот Партизан кој почнал со своите активности во 1968 година во просториите на друштвото за телесни спортови Партизан од Гевгелија. Карате Клубот Гевгелија е освојувач на бројни медали на државни и меѓународни натпреварувања. најголем успех во историјата на клубот постигна женската екипа од генерацијата родени 1989/1990 година во дисциплина кати екипно. Имено ова екипа беше повеќекратен европски шампион во дисциплина кати екипно. Екипата опстојуваше околу 10 години и цело време ја водеше Александра Аврамова . Денес Клубот Брои окоу 30 членови од кои повеќето се освојувачи на медали на државните и меѓународните турнири. Уписите на нови членови се вршат паралелно со започнувањето на полугодијата во школите.

Личности[уреди]

Родени во Гевгелија

Туризам и хотелиерство[уреди]

  • Смрдлива Вода е туристички локалитет на Кожуф Планина кој се наоѓа на надморска височина од 850 м. и на 24 км оддалеченост од градот Гевгелија. Познат е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни и заболувања на желудникот и бубрезите. Во шумовитите предели се изградени 400 викендички и хотел за сместување на гостите.
  • Негорски бањи : се наоѓаат на 4 км од Гевгелија и претставуваат афирмиран туристичко-рекреативен центар поради лековитата минерална вода. Досегашните испитувања и искуства потврдуваат дека минералната вода е погодна за лекување на ревматични заболувања, стерилитет, гастроинтестинални и заболувања на кардио-васкуларниот систем, воспаленија и други заболувања на периферниот систем, како и на кожата. Бањите ги опколува шума и во нив има можност за подготовка на спортските екипи од земјата и странство, дури и во зимскиот период поради благата клима. Овој комплекс располага со 300 легла во три хотели, базен за капење, одделение за физикална терапија, како и со лековита вода за пиење.
  • Ски центар Кожуф е скијачки центар на истоимената планина, во непосредна близина на градот Гевгелија. Ски-терените на овој центар се протегаат во два природни амфитеатри кои се наречени Марково езеро и Порта. Секој од амфитеатрите има по 600 хектари : вкупната површина изнесува некаде околу 1200 хектари. И двата амфитеатри се протегаат кон север што овозможува подолго задржување на снежната покривка. На Марково езеро се одредени три одделни ски патеки за разни варијанти, а тоа се: Табла, К-92 и Зелен брег.
  • Хотелски комплекси : Гевгелија е нарекувана македонски Лас Вегас, бидејќи во нејзината околина има голем број казина, меѓу кои и едно од најдобрите Балканот - „Хотел-Казино Фламинго“

Во моментов се гради уште еден грандиозен казино-хотел - Шератон(Принцес) - кој ке биде неколкупати поголем од Фламинго.

Наводи[уреди]

  1. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  2. Соопштение на Народноослободителниот одбор од Гевгелија од 16.11.1944 год
  3. George Vafopoulos


Надворешни врски[уреди]

Одредници од ГЕВГЕЛИЈА
Негорци Марвинци
 
Богданци
Конско
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
Стар Дојран
Ругуновец
 
Стојаково