Брлево

Координати: 41°15′05″N 22°22′52″E / 41.25139° СГШ; 22.38111° ИГД / 41.25139; 22.38111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брлево
Брлево во рамките на Македонија
Брлево
Местоположба на Брлево во Македонија
Брлево на карта

Карта

Координати 41°15′05″N 22°22′52″E / 41.25139° СГШ; 22.38111° ИГД / 41.25139; 22.38111
Регион  Југоисточен
Општина Гевгелија
Област Бојмија
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 380 м

Брлево — историско село во Гевгелиско, денес на територијата на Општина Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото било планинско, сместено североисточно од Гевгелија, меѓу селата Серменин и Кованец, крај устието на Брлевска со Кованска Река. Денес местото се наоѓа во североисточниот дел на атарот на Серменин, близу атарската граница со Кованец.

Историја[уреди | уреди извор]

Докај Брлево на Кожуф, 1918

За време на Првата светска војна низ селото поминувала бугарска воена теснолинејка на коњска влеча, и тоа на одредиштата Милетково – Брлево – Серменин. Вкупната должина изнесувала 18 км од кои потегот Милетково – Брлево (13 км) и е завршен во јули 1917 г., а Брлево – Серменин (5 км) е завршен малку подоцна истата година. Целта на оваа железница била поврзување на војската (V пешадиска дунавска дивизија) со нормалната железничка линија СкопјеГевгелија. Пругата ја поставиле 660 лица, а за потегот од Брлево до Серменин се вклучени 280 воени заробеници. Направени се две коњушарници во Милетково и Брлево.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ангел Джонев – Македония в железопътната политика на България (1878 – 1918 г.)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]