Дојран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот', видете на појаснителната страница

Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин, варијанти Дорјан, Догрјан, гр. Δοϊράνη, Дојрани) е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро :

Легенда[уреди]

За Дојран постојат многу легенди и преданија. Еве како оваа: Во местото каде што е денешен Дојран живеела една многу убава девојка, Дојрана. По неа ја забележал еден Османлиски бег и се заљубил во нејзе. Отишол кај нејзините родители и ја побарал за жена. Но девојката не го сакала. Така еден ден отишла да ѓи наполни стомните се вода од едно изворче.Но, тогаш Осламискиот бег(тој што бил заљубен во нејзе) ја забележал и потрчал по нејзе. Но таа не го сакала и несакала другите околу неа да имаат маки, па се фрлила во изворчето! Утредента изворчето се проширило, го поплавило целото место. Станало езеро. По името на девојката- Дојрана, езерото го добило своето име ’Дојран’.

Историја на Дојран[уреди]

Во 5 век п.н.е. долината на Празијас (сегашното Дојранско Езеро) ја населувале Пајонци. Тие живееле на брегот на езерото, во дрвени колиби заградени со трска и поставени на скелиња кои се потпирале на долги дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено чамците со кои управувале многу вешто заради што најчесто и обидите на освојувачите (Персијците) биле безуспешни. Се женеле по многу пати, а се занимавале со лов, риболов, земјоделство и сточарство. Биле многу добри пливачи и нуркачи. Секој од нив во својата колиба имал отвор кон езерото (на дното на колибниот под) преку кој ловеле риба во изобилство и со неа ги хранеле дури и коњите и говедата. Регионот околу езерото Презијас во тој период територијално припаѓал на Македонската држава чиј крал бил Аминта, па на неговиот син Александар I по него, па Пердика II (454 - 413 година п.н.е.) па Архелај I (418 - 399 година п.н.е.). Во првиот и вториот век п.н.е. за времето на Филип II и Александар Македонски и во периодот кога Римјаните почнале да навлегуваат на Балканот ( II век п.н.е.) на западниот брег на Празијас (денес, месност Топлец) на површина од 30 - тина хектари веќе бил распространет антички град - тврдина со најстарото познато име Тауријан. Во 395 година при делењето на Римското царство на Западно и Источно чиј центар бил Визит (Цариград), Тауријан станал дел од источното римско царство односно Византија. Потоа доаѓа времето кога на Балканот се населуваат Словените. На почетокот на деветиот век Тауријан важел за град кој благодарение на местопожбата и развојот завзема значајно место во поглед на историските, културните и економските случувања. Иако нема пишани и документирани податоци кои прецизно ќе го окарактеризираат Тауријан во овој век сепак, најверојатна е претпоставката дека токму во некоја од годините на IX - от век заради епидемија на колера и последиците од неа градот е поместен малку подолу - на југ. Новиот град добива ново име Полин.

Рибари на езерото


И новиот град покрај езерото ги прифаќа навиките на стариот Тауријан. Основни животни радости остануваат да бидат: добриот риболов, успешниот лов, родната градина и здравиот пород на стоката. Сепак наоѓајки се на крстопатот каде што се судирале интересите на Византијците и Бугарите, каде што се ширела или стеснувала македонската држава на Самоил (период од 969 до 1018 година) и од каде поминале освојувачките војски на српските кралеви (Милутин 1282 година и Душан 1331 - 1355 година) Полин морал да се соочува и со не така пријатните нешта на тогашноста. Неговите жители освен војните морале да ги плаќаат и разните даноци кон Византиската држава. Во периодот на 1026 и од 1037 до 1039 година жителите на Полин се соочиле и со земјотреси, суши, поплави и со епидемии што следуваат после нив. Живеејќи во времето на сето тоа, тие во својот Полин покрај езерото ги "дочекале" и сосема новите и најдолготрајни гости - господари, Турците османлии. Турците го дале третото име на градот - Дојран. Во втората половина на XV - от век Дојран бил нахија - центар на неколку селски општини. Речиси во истиот период (1519 година) или 148 години по доаѓањето на турците во Дојран, некои документи велат дека во него живееле 232 семејства. Од нив само три биле муслимански а сите останати 229 семејства биле христијански. Помасовно колонизирање на Дојран со турско население се случува во првата половина на XVII - от век. Тогаш во околината на Дојран настанале и селата во кои и денес живее исклучиво турско население: Ѓопчели, Чаушли, Севендекли, Дедели, Куртамзали, Органџали и други кои моментално се раселени. Заради блискоста и влијанието на актуелните општествени и политички процеси, Дојран бил град со амфитеатрален изглед од два дела: долен - каде што живеело месното население и горен во кој се лоцирало турското население. Градот бил изграден во стилот на Цариградската и Солунската архитектура. Имал калдрмисани улици, чиста вода за пиење каптирана од изворите над градот и спроведена до повеќе градски чешми преку канали со керамички цевки, градска бања - амам кој им служел на сите жители, мажи и жени, христијани и муслимани, три цркви и три џамии, неколку училишта (повеќе основни и една гимназија) и една заедничка саат кула. На Дојран во тоа време му припаѓале и околу 79 села при што имало околу 30 000 жители од кои над 18 000 Турци, повеќе од 9500 Македонци, околу 160 Евреи и 1000 Роми).

Против разурнатиот град во тоа време како да се свртело и езерото поплавувајќи го неговиот крајбрежен дел со се она што некогаш било кафеани, куќи, пазари и улици. Соочувајќи се со суровата реалност на својот Дојран кој не нудел буквално никакви услови за живот во него, шеесетина рибарски семејства во 1919/20 година својот копнеж за враќање на старото огниште го дотрошуваат во близина на темелите на стариот Тауријан. Тие на 4 километри од разрушениот Дојран создаваат нова населба која ја нарекуваат Нов Дојран. Но како и претходните "господари" Турците така и Кралството на СХС на овие простори населува 29 семејства српско население при што е формирана населбата Сретеново. Со тек на времето почнуваат да се враќаат семејства и во стариот град Дојран. Тогашната власт од свои причини управно - административниот живот го лоцирала во разурнатиот град. Така постепено отпочнало паралелно пулсирање на животот во Нов и во Стар Дојран. Во Втората Светска Војна Дојран повторно бил цел на желбите на соседите за конечно да биде ослободен на 5 - ти ноември 1944 година. Тоа значело квалитативно нов почеток и подеднаков и впечатлив напредок за двата Дојрана. Покрај Дојранското Езеро денеска на македонска страна постојат три населби: Нов Дојран, Стар Дојран и Николиќ во кој живеат над 4 000 жители. Населението некаде во средината на 50 - те години почнува да се занимава и со туризам. Во негова функција денес покрај дојранскиот брег постојат 40 објекти (хотели и одмаралишта) на претпријатија од целата земја, 4 комерцијални хотели и уште толку модерни казина и над 600 викендици.

Рибарски куќи

Личности[уреди]

Родени

Културно - историски споменици[уреди]

  • Црква Св. Илија (1905 – 1968)
  • Градска саат кула
  • Градска бања
  • Манастир (Марија-Магдалена)

Градоначалници на Општина Дојран[уреди]

  • Никола Ајцев
  • Ристо Гушев
  • Глигор Чабулев
  • Борче Стамов

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]