Општина Дојран

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Дојран

Map of Dojran Municipality.svg

Знаме на Општина Дојран Грб на Општина Дојран
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Стар Дојран
Површина 129,16 км²
Демографија
Население 3426 жители
- проценка од 31.12.2011 3.335 жители
Густина на население 26,53 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Борче Стамов
Совет 9 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Кеј 5-ти ноември б.б. 1487 Стар Дојран
Телефон 034 225-278
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта
Карта на Општина Дојран со селските атари.

Општина Дојран е општина во југоисточниот дел на Република Македонија. Центар на општината е селото Стар Дојран.


Содржина

Географиja [уреди]

Градот и езерото Дојран се наоѓа во југо-источниот дел на Република Македонија, на околу 170 km од главниот град Скопје. Планината Беласица се протега на север од ова природно езеро.

Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата медитеранска клима која се карактеризира со топли и суви лета и свежи,влажни зими.

Тој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Бугарија и Република Грција.

Историja [уреди]

Студиите покажуваат на фактот дека оваа локација била населена дури од пред нашата ера. Инскрипции кои датираат од 5 в.п.н.е. го опишуваат животот на просторите на денешната територија на Дојран во предисториско време.

После Римскиот период, Дојран бил под Византиска јурисдикција и му било дадено името Полин (Polin) значејки-Град. Во 1391 год. Турците го освојуваат Дојран и староседелците се присилени да се преселат на територијата денес позната како Стар Дојран. Во 19 век Дојран станува прекрасен град сместен на падина од која се гледа езерото,мали дуќанчиња и дрварски работилници. По бомбардирањата во Првата Светска војна населението било приморано повторно да се сели, но овој пат за последен пат во местото денес познато како Нов Дојран.

Економија [уреди]

Демографија [уреди]

Општествени институции [уреди]

Администрација и политика [уреди]

Совет на Општина Дојран во периодот од 2013-2017:
  СДСМ (3)

Културни и природни знаменитости [уреди]

10 m длабокото езеро се наоѓа на 148 m надморска висина и е најмалечкото езеро во Република Македонија покривајќи површина од 42,7 km2. Езерото Дојран е формирано во Неогенот и е од тектонско-вулканско потекло. Нербетници, 'рбетници, 12 вида на ендемска фауна, 15 типови на риба и неколкуу видови на птици го населуваат ова езеро. Тоа е познато по специфичниот начин на риболов со помош на птиците кои ги бркаат рибите во јата директно во рибарските мрежи.

Во последната декада на 20-от век Дојран се соочи со еколошка криза и навидум безпомошно. Тоа дојде на очаен водостој на помалку од 50% од оригиналниот, ендемските видови почнаа да изумираат, се случија мутации на дел од флората, дојде до работ на изумирање на поголем број на видови на риби, климата се смени, но сепак со проект финансиран од Владата на Република Македонија езерото Дојран се спаси од тотално уништување и неговиот водостој почна да се нормализира.

Денес проектот сѐ уште функционира и водостојот е речиси на истото ниво како и пред катастрофата,но сепак дел од флората никогаш нема да се врати. Напорот кој е вложен во овој бисер на природата сепак се исплати,имено,голем број од младите луѓе кои својата перспектива ја бараа во некој од поголемите градови од републиката,се почесто се одлучуваат да останат во ова градче и да допринесат во доизградбата на неговата инфраструктура за хотелски и приватни сместувања.Поголем број од пропаднатите државни хотели веќе се успешно приватизирани и работат под полна пареа за да завршат со изградба до следната летна сезона. Државното претпријатие за стопански риболов на Дојранското езеро,исто така е успешно приватизирано и сега засега работи успешно.

Ноќниот живот во Дојран секоја година е сѐ подобар и подобар. Дојран станува вистинска дестинација за деновите како Илинден,1 и 2 мај,Божиќ и слични државни празници. Летниот одмор во Дојран може да ви овозможи и пријатни одморни денови,и врвулици по градскиот пазар. Можеби токму Дојран е местото кое можеби ќе заврши како една среќна приказна за еден град.

borders/Dojran 1.jpg [1]

Редовни настани [уреди]

Еден од позначајните настани во Дојран се т.н. Дојрански ракувања,кои се одржуваат секое лето во почетокот на месецот август во времетраење од неколку дена. Настанот е организиран од локалната самоуправа и на него настапуваат ансамбли од повеќе држави (играорци,драмски театри и сл.)

Личности [уреди]

Култура и спорт [уреди]

ФК Дојранско Езеро (Нов Дојран). Клубот има настапувано и во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига). Македонскиот репрезентативец Горан Мазнов ја има поланот својата кариера во ФК Дојранско Езеро.

Иселеништво [уреди]

Надворешни врски [уреди]