Општина Конче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Општина Конче
Sv.Stefan-Konche.jpg

Црква „Св. Стефан“ - симбол на Општина Конче.
Map of Konče Municipality.svg

Местоположба на Општина Конче во рамките на Македонија.
Знаме на Општина Конче Грб на Општина Конче
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Конче
Регион Југоисточен регион
Површина 233,05[1] км²
Основање 2004- денес
1996-2004
1955-1957
Службен јазик македонски
Демографија
Население 3,536[2] жители
- проценка од 31.12.2012 3.597 жители
Густина на население 15,17[1] жит/км²
Населени места
Етнички групи Македонци
Локална управа
Градоначалник Благој Јованов
Претседател Блаже Василев
Совет 9 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Конче, 2424, с. Конче, Македонија.
Телефон 032-630-325
Факс 032-630-327
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта
Карта на општина Конче со селските атари.

Општина Кончерурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Конче и во рамките на Општина Конче се уште 13 други населени места. Општината се наоѓа под падините на планината Серта, на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје, на автопатот Радовиш-Струмица. Општина Конче има вкупно население од 3,690 жители (2002) и вкупна површина од 233,05 километри квадратни. Населението на Општина Конче е воглавно Македонско, но има и мало турско малцинство. Актуелен градоначалник на Општина Конче е Стојан Лазарев.

Историja[уреди]

Конче било средновековено гратче кое своите почетоци ги бележи како манастрирски комплекс, а во исто време и како црковно и управно седиште. Манастирската црква која е посветена на Свети Стефан датира од пред 1366 година. Црквата и манастирот ги изградил Никола Стајневиќ, војвода на цар Душан и цар Урош. Овој комплекс, посебно црквата по својата уметничка вредност завзема важно место во историјата на македонската средновековна култура. На манастирот во Конче во тој период му биле доделени во посед следниве села: Конче, Лубница, Трескавец, Суви Дол, Дедино, Ракитец, Сеништа, Костадинци, Негрофонти, Грков Дол и Свети Костадин.[1]

Средновековниот период во историјата на Радовиш и Радовишко се карактеризира со посебен растеж како градот така и на неговата околина, посебно на Конче. Тоа се гледа како во економската политичката и просветно-културната историја. Политичките односи биле поврзани и речиси идентични како и во другите области на Македонија. Мегутоа карактеристично е што Радовиш и Конче добиле посебно внимание во тие односи.Тоа се потврдува со вниманието што тогашните завојувачи на Македонија им го придавале на овие центри. Македонскиот народ успеал и натаму да го продолжи континуитетот на својата самобитна обособеност, зашто сведочи придонесот во просветно-културниот растеж на овој крај.[1]

Географија[уреди]

Општина Конче се наоѓа во Југоисточна Македонија, поточно на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје. Општината е дел од Радовишкиот регион, а статистички е дел од Југоисточниот регион. Општината има вкупно население од 3,690 жители со густина на население од 15,17 жители на километар квадратен и вкупна површина од 233,05 километри квадратни. Центар на општината е селото Конче, по кое е добиено и името на општината. Во рамките на Општина Конче спаѓаат 14 села, и тоа: Габревци, Гарван, Горна Враштица, Горни Липовиќ, Дедино, Долна Враштица, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Загорци, Конче, Лубница, Негреновци, Ракитец и Скоруша. Општина Конче се граничи со Општина Штип, Општина Неготино, Општина Демир Капија, Општина Валандово, Општина Струмица, Општина Василево и Општина Радовиш.[1]

Економија[уреди]

Промената на социјалните и економските услови, заокружувањето на пазарната економија, како и процесот на децентрализација придонеле локалните власти во општините Радовиш и Конче да започнат да ги истражуваат своите капацитети и можности за подобрување на локалниот и микрорегионалниот економски развој, притоа создавајки синтеза на урбаниот и руралниот сегмент. Од таа причина Општина Радовиш и Општина Конче потпишале Меморандум во кој ги определиле насоките на заедничкото функционирање во подрачјето на локалниот економски развој. Двете општини ја основале заедничката Канцеларија за локален економски развој. Општина Конче е општина каде земјоделството, сточарството, водостопанството и шумарството се значајни стопански гранки. Така, во општината има производство на тутун од типот „Јака“ и општината произведува 5% од вкупното производство на тутун во Македонија. Понатака, во општината има ловен и риболовен туризам, како и дрвната индустрија.[1]

Администрација[уреди]

Актуелен градоначалник на Општина Конче е Стојан Лазарев. Советот на општината е составен од девет члена и тие се:

  • Стојче Коцев – претседател на Совет на општина Конче, с. Дедино
  • Зоран Јованов – член на Советот на општина Конче, с. Љубница
  • Живко Стојанов – член на Советот на општина Конче, с. Дедино
  • Зоранчо Илиевски – член на советот на општина Конче, с. Габревци
  • Бекир Реџепов – член на Советот на општина Конче, с. Конче
  • Зија Саидов – член на Советот на општина Конче, с. Конче
  • Марјанчо Ристов – член на Советот на општина Конче, с. Конче
  • Јонче Здравев – член на Советот на општина Конче, с. Долни Липовиќ
  • Јонче Горѓиев – член на Советот на општина Конче, с. Дедино

Демографија[уреди]

Како дел од Општина Конче се 11 населени места од кои 6 се активни, 3 се со многу мал број на жители , додека 2 села воопшто немаат жители. Вкупен број на жители во општината изнесува 3.536. Населението се занимава претежно со земјоделие.

Според пописот од 2002 година, најголема етничка група биле Македонците, но во општината живее и турско население. Процентуално, етничките групи се застапени[3]:

етничка група припадници
Македонци 3009
Турци 521
Срби 3
останати 3

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[2]:

јазик зборувачи
македонски 3007
турски 521
српски 6
останати 2

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[2]:

религија следбеници
православни 3009
муслимани 521
останати 6
Демографска карта на општина Конче.

Спроед податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Конче во 2011 се зголемил за 6.5% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Конче е втора општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[4]

Знаменитости и културно наследство[уреди]

Црква „Св. Стефан“
Црквата Свети Стефан е средновековен македонски православен црковен христијански храм кој се наоѓа во селото Конче. Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, во непосредна близина до училиштето Гоце Делчев. Изградена е во средновековието, поточно во 1366 година, во XIV век. Во минатото црквата била манастир со монаси и го носела името Света Богородица, по кое и денес е позната меѓу населението[5]. Ова име се поврзува и со чудесната икона на Света Богородица која сама се појавувала од Гевгелискиот крај во црквата.

Култура и спорт[уреди]

Во рамките на Општина Конче опстојува ФК Конче. Понатака, во општината се одржува традиционален турнир во мал фудбал за време на празникот на општина, 12 јули. Исто така, во општината опстојува женскиот фудбалски клуб „Спортски допири“. Од културниот живот, во Општина Конче опстојуваат следните културни здруженија ФА ,,Цветови“ од Дедино, КУД ,,Караџаоглан,“ од Конче и КУД ,, Македонски глас“ од Габревци.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]