Скоруша

Координати: 41°32′34″N 22°19′29″E / 41.54278° СГШ; 22.32472° ИГД / 41.54278; 22.32472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Скоруша
Скоруша во рамките на Македонија
Скоруша
Местоположба на Скоруша во Македонија
Скоруша на карта

Карта

Координати 41°32′34″N 22°19′29″E / 41.54278° СГШ; 22.32472° ИГД / 41.54278; 22.32472
Регион  Југоисточен
Општина  Конче
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22041
Надм. вис. 531 м
Скоруша на општинската карта

Атарот на Скоруша во рамките на општината
Скоруша на Ризницата

Скоруша — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа меѓу Конечка Планина и Смрдеш во Општина Конче.

Историја[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е населен уште од бронзеното време, за што сведочат наодите од наоѓалиштето Белата Лоза западно до селото.

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948412—    
1953466+13.1%
1961438−6.0%
1971231−47.3%
198169−70.1%
ГодинаНас.±%
199123−66.7%
199418−21.7%
200211−38.9%
20210−100.0%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 300 жители, сите Македонци.[4] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Скоруша имало 360 Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 360 412 466 438 231 69 23 18 11 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Родови[уреди | уреди извор]

Скоруша е македонско село.

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.[11]

  • Староседелци: Јовановци (Ѓуревци и Маневци) (20 к.). Кодузовци (6 к.). Шајтанци (3 к.), Камчовци (1 к.). Ќировци (4 к.). Спасовци (1 к.). Велковци (1 к.). Пљачковци (Ѓоргевци и Мимоковци) (2 к.) и Дишовци (1 к.)
  • Доселеници: Калајневци (Андовци) (1 к.) доселени се од селото Калањево кај Неготино. Грнчаровци (3 к.) доселени се од селото Гарван. Ѓоргијевци (1 к.) доселени се од некој турски чифлик, од некое место во Радовишко.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Скоруша, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1614 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Долни Радеш.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[14]
Археолошки наоѓалишта

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 мај 2016.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 28 мај 2016.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. . Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]