Општина Пробиштип

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Општина Пробиштип

Map of Probištip Municipality.svg

Знаме на Општина Пробиштип Грб на Општина Пробиштип
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Пробиштип
Површина 325,57 km²
Демографија
Население 16193 жители
Густина на население 49,74 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник Тони Тоневски
Совет 15 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Јаким Стојаковски 1 2210 Пробиштип
Телефон ++389 (32) 483-133
Факс ++389 (32) 483 047
Мрежно место Официјално мрежно место
Е-пошта е-пошта


Општина Пробиштип се наоѓа во северниот дел на Источна Македонија. Позната е по рудникот Злетово и рударско-преработувачката индустрија (батерии исл.). Во 2004 година на општината и беше припоена општината Злетово, која впрочем беше дел од Општина Пробиштип до 1996 година. Градоначалник на општината е Тони Тоневски. Општината Пробиштип се наоѓа во северо-источниот дел на Република Македонија, во средиштето на Кратовско-Злетовската вулканска и рудна област, во подножјето на Осоговските планини и течението на Злетовска река. Вкупниот број на жители на општината

Пробиштип изнесува околу 16.500, од кои околу 10.000 жители живеат во градот Пробиштип, а останатите во 36-те населби од просторот, кој го носи историско-географското име Злетовска област. Пробиштип, кој го носи епитетот, град на рударите, настанал по завршувањето на Втората светска војна и создавањето на современата слободна македонска држава во состав на тогашната федерална заедница Југославија. Градот се роди и растеше паралелно со развојот и растежот на Рудниците за олово и цинк "Злетово". Од почетниот период на оформување на малата населба, преку периодот помеѓу 1950 и 1955 година, кога се изградува и плански поставената, а за тоа време и модерно урбанизираната т.н. "рударска колонија".

Времето потоа, кога урбанизираната рударска населба полека но сигуно, прераснува во мал, но модерен и современ град, со целосно функционално поставена инфраструктура и значајна економска моќ и стопански развој. Пробиштип во својот максимален дострел, во времето на севкупната експанзија и големи успеси, му овозможи како град и општина да биде најбогат во Македонија, а главен носител на успешниот стопански развој, беа Рудниците "Злетово" и фабриката за акумулатори "Злетово".

Средината на осумдесетите години, за жал беше периодот кога се појавија првите почетоци на криза во работењето, раководењето и производните постигања во Рудниците "Злетово", а неколку години потоа и во Фабриката за акумулатори. Сеопштата криза во општината Пробиштип кулминираше во перидот на транзиција, времето на себенаоѓањето и опстојувањето на Република Македонија како самостојна и независна држава, криза која му се заканува на Пробиштип и на неговото понатомошно опстојување како град и општина.

Токму поради тоа и почетокот на изградбата на повеќенаменскиот регионален хидросистем "Злетовица" и сите позитивни трендови на сеопшт развој, кои непосредно или посредно ги отвараат активностите околу изградбата на сите објекти на Хидросистемот, ги враќа надежите на граѓаните на општина Пробиштип, како почеток на остварување на желбата и надежта за поубава и посреќна иднина.

Градот Пробиштип лежи на просечна надморска височина околу 600 метри ( лесново 950 м ) лежи длабоко истакнат на осоговските планини како орловско гнездо

Содржина

[уреди] Историja

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

Седиште на општината е градот Пробиштип.


Општина Пробиштип брои 16 193 жители од кои:

15 977 (98,67%) се Македонци

89 (0,55%) се Срби

37 (0,23%) се Власи

37 (0,23%) се Роми

6 (0,04%) се Турци

1 (0,01%) се Бошњаци

46 (0,28%) се други националности



Општина Пробиштип зафаќа територија од 325,57 km2 и има густина на населеност од 49,74 жители/km2.

Во состав на општинара влегуваат и 35 села: Бунеш, Бучиште, Гајранци, Горни Стубол, Горно Барбарево, Гризилевци, Гујновци, Добрево, Долни Стубол, Долно Барбарево, Древено, Дренок, Зарепинци, Зеленград, Злетово, Јамиште, Калниште, Куково, Кундино, Лезово, Лесново, Марчино, Неокази, Пестршино, Петршино, Пишица, Плешeнци, Пуздерци, Ратавица, Стрисовци, Стрмош, Трипатанци, Трооло, Турско Рудари и Шталковица.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

ФК Рудар (Пробиштип), оформен 1947 година. Има играно во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига).

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици