Општина Сопиште

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Општина Сопиште е општина во Северна Македонија. Центар на општината е селото Сопиште.


На 14 септември 1996 година врз основа на Законот за територијална поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на Локалната Самоуправа објавен во Службен весник на Република Македонија број 49/96 е формирана Општина Сопиште како единица на локална самоуправа.

Општина Сопиште спаѓа во групата на средно - големи општини, од ридско планински тип. Распространета е на централниот дел на Р. Македонија и зафаќа површина од 223,53 км2.

Територијално го зафаќа југозападниот дел од Скопската котлина од должината на Маркова река на југ, спој со река Треска на запад, северно под падините на планината Водно.

Претходно до раните '60-ти Сопиште припаѓало на Општина Ракотинци, а од 1977 на град Скопје (Општина Кисела Вода).

Општина Сопиште се одликува со селски и приградски населби, во кои нема развиена индустрија, но затоа има индивидуално земјоделство со кое што се обработува вкупна аграрна површина од 21699 ха.

Култура 


Општината Сопиште на својата територија го има Говрлево, едно од нејзините 13 села, кое располага со прочуениот археолошки локалитет од пред 5000-7000 години пред новата ера. Ова археолошко наоѓалиште во себе содржи Археологијата со толкава старост која е ретка во светот и наоѓа во врвот на ранг-листите за истражувања и откритија кај научниот свет. Говрлево е наша гордост во Општината и сестран предизвик, што му дава белег на македонски , балкански и европски културен бисер од далечното минато на овој простор.

Според говрлевските наоди, со богатите откритија на стари неолитски предмети, како докази, се смета дека со нив е почетокот на европската цивилизација. Меѓу поретките пронајдени предмети на локалитетот “Говрлево” се Голиот Адам ( за кој научниците велат дека е единствен археолошки раритет во светот, кој спаѓа меѓу 10-те светски најзначајни археолошки наоди и претставува споменик на човештвото ) и Големата Мајка или Мајката Богинка. Овие две фигури се продукција и симбол на плодноста, основата на животот и човечките фундаметални вредности за сите времиња.

Фрапира староста со илјадниците години кај овие два меѓународни артефакта и нивната длабока предуховеност на човекот уште од тие исконски времиња како суштество од создавањето до денешни дни. Во некои европски земји најдени се и други фигури на Големата Мајка - Богинка,меѓутоа говрлевската по вредност, облик, продуховеност и значење, ги надминува сите, заземајќи го првото место. Истото е и со Голиот Адам, кој е олицетворение на маж со сите одлики на полот, со сите психо -физички особини и симбол на цврстина, волја, самоувереност и храброст, изразени преку ставот, положбата и пораките што зрачат од него. Во Говрлево се пронајдени и натписи со чудесно откритие на писмото и јазикот што уште тогаш го употребувале, а може да се дешифрира со нашиот денешен македонски јазик. За тоа најдобро сведоштво се двата царски печата со јасни графеми, црти и пораки што ги практикувале царските династии и владетелите.

Значи во Говрлево имало цивилизација на највисоко ниво, имало царства, имало култура за восхит на достигот пред толку илјади години. Секако, мала е нашата претстава , од сегашен агол гледано, за тоа каков раскош тука пулсирал, какви им биле секојдневијата со стандард и убавина според богатата природна разноликост и плодородие,покрај брзата и бистра река (Брзовец), густи шуми, ретки глетки, опојлив воздух, функционален сообраќај и комуникација, трговски врски и државно царско устројство. Тука имало здрава флора и фауна, ендемична и за поширокиот регион - од диви животни ( лавови, рисови, мечки, лисици и др.) до домашен добиток што и денес го имаме како бледа слика од тоа минато.

Во таа смисла нашата Општина вложува напори да се продолжи со натамошните откритија во Говрлево, како компететна локална самоуправа и да ви покаже вам на светот кој е и што е тој локалитет, зошто е голема и неодминлива неговата културна придобивка. Локалитетот во Говрлрво е од исклучителна важност не само за Општината Сопиште, туку и за Македонската цивилизација со Милениумски континуитети за Балканот и Европа.

Затоа Говрлево спаѓа во ретките потенцијални, археолошки , културни, туристички, историски и економско стратешки дестинации со перспективен развој. Во тој правец Општината вложува напори да се почне со негово институционализирање, презентирање и анимирање пред јавноста кај нас и во светот.

Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Сопиште

Map of Sopište Municipality.svg

Знаме на Општина Сопиште Грб на Општина Сопиште
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Село Сопиште
Површина 222,1 km²
Демографија
Население 9522 жители жители
Густина на население 25,47 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник Јован Ѓорѓијоски
Совет 11 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште ул. 2 бр. 2 1054 Сопиште
Телефон 02 2743-032
Факс 02 2743-032


Содржина

[уреди] Географиja

Општина Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно, на кординати 42` и 20`. Прекрасен амбиент се граничи со општините Кисела Вода, Центар, Студеничани и Сарај. Патно е поврзана со пат кој доаѓа од Скопје преку Кисела Вода и продолжува кон Батинци и Македонски Брод.

[уреди] Историja

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

[1]

[уреди] Општествени институции

Општината е неразвиена, како општесвени институции се застапени :

  • Општинска зграда
  • Пошта
  • Амбуланти
  • Полициска станица
  • Основно училиште

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски


Грешка при цитирањето: Статијата има ознаки <ref>, но не ја најдов потребната ознака {{наводи}} (или <references/>).

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици