Населено место

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Галичник - пример за рурално населено место

Населено место (или населба, освен во контекст на дел од град) е општ поим во географијата, археологијата и општествените науки што означува постојано или привременo живеалиште на заединца од луѓе, без оглед на големината, населението или значајноста на местото. Така, едно населено место може да биде група од неколку објекти, или пак велеград со околни предградија. Поимот подразбира селца, села, паланки, гратчиња и градови. Населеното место како географски и општествен поим се изучува во нижите паралелки по предметот Запознавање на општеството.

Градските места имаат многу инфраструктура и згради, додека руралните имаат помалку инфраструктура, а повеќе земјоделски објекти и обележја како патишта, огради, иригација, канали, бари, паркови, мелници, велепоседнички домови, шанци, цркви и слично.[1]

Во однос на нивниот распоред, руралните населени места можат да бидат од збиен или разбиен тип.

Во Република Македонија[уреди]

Во денешна Република Македонија официјално постојат само два вида населени места - село и град. Во минатото во Македонија постоеле повеќе различни видови на населени места со свои називи, во зависност од големината и улогата на местото.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]