Општина Радовиш
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | Радовиш | |||||||||
| Површина | 608 km² | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 28 244 жители | |||||||||
| Густина на население | 46,45 жители/km² | |||||||||
| Населени места |
Список
|
|||||||||
| Локална власт | ||||||||||
| Градоначалник | Д-р Роберт Велков | |||||||||
| Совет | 19 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Адреса на седиште | Општина Радовиш
бул. Александар Македонски 2420 Радовиш |
|||||||||
| Телефон | 032-635-007
032-635-164 |
|||||||||
| Факс | 032-630-290 | |||||||||
| Мрежно место | Официјално мрежно место | |||||||||
Општина Радовиш е општина во југоисточниот дел на Република Македонија, со површина од 608 км² и 28 244 жители. Центар на општината е град Радовиш.
Содржина |
[уреди] Населени места
Населени места во Општина Радовиш се градот Радовиш и околните села: Али Коч, Али Лобаси, Бучим, Воиславци, Дамјан, Држани, Дурутлија, Злеово, Ињево, Јаргулица, Калаузлија, Калуѓерица, Каралобоси, Караџалар, Козбунар, Коџалија, Ново Село, Ораовица, Папавница, Погулево, Подареш, Покрајчево, Прналија, Раклиш, Сариѓол, Смиланци, Сулдурци, Супурге, Тополница, Ќоселија, Худаверлија, Чешме Маале, Шаинташ, Шипковица и Штурово.
[уреди] Географиja
Сместена во југоисточниот дел од Републиката, општина Радовиш го зафака северозападниот дел од пространата радовишко - струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на реката Радовишка. Северниот дел припага на планината Плачковица, јужниот дел на планината Смрдешник, на северозапад се наога ридестиот дел на областа Јуруклук или Дамјанско поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на реката Радовишка. Општината Радовиш има добри гравитациско-контактни и функционални врски во правец Северо Запад-Југо Исток, односно Штип и Струмица , од кои градот Радовиш е оддалечен само 35 односно 30 км. Градот Радовиш е сместен во централниот дел на општината, на надморска височина од 380 м, и претставува општински административе центар со добра местоположба за развој на стопанството.
Како административен центар ги опслужува и жителите на општина Конче бидејќи во градот Радовиш се сместени сите државни институции кои имаат дејност на регионално ниво.
Територијата на општина Радовиш со 608 км²[1] се вбројува меѓу средно големите општини.
[уреди] Историja
На територијата на општина Радовиш уште од праисторијата се наоѓаат траги на материјалната култура. Посебно се интересни наодите од епохата на неолитот, енеолитот, халштатот и бронзата. Во времето на Филип II Македонски и Александар Македонски територијата на радовишко ја населувале Пеонците. Бројни остатоци од вредност се од времето на предримската и римската епоха. Тоа се претежно антички населби, некрополи, каструми, терми, аквадукти, милјокази и други наоди.
Градот Радовиш за прв пат се споменува во 1019 во Грамотата на Византискиот цар Василие Втори, а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век. Во тоа време, Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар. Името на Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини се уште постојат. Во периодот на 14 век бил под власт на српските владари-1361 година во него престојувал Цар Урош.
[уреди] Демографија
Во општина Радовиш има вкупно 36 населби, населени се само една градска и 20 селски населби со вкупен број на жители 28 244. Има три населби со повеќе од 1000 жители: Ораовица-1720, Ињево-1624, и Подареш-1413 жители во останатите населби живеат помеѓу 300 и 1000 жители. Во пет населби живеат помалку од 50-тина жители, а шест селски населби се целосно иселени.
[уреди] Етничка структура
- Македонци - 82 %
- Турци - 16,2 %
- Албанци - 0,05 %
- Власи - 0,08 %
- Роми - 1 %
- Други - 0.67 %
[уреди] Старосна структура
- од 0-14 год.- 51,06 %
- од 15-64 год.- 39,7 %
- над 65 год. - 9,24 %
[уреди] Структура на вработени според дејност
- стопанство 4011;
- нестопанство 850 ;
[уреди] Невработеност и активност
- околу 6800 невработени
- активно население: 22 561 жители, или 84,69%[2]
[уреди] Општествени институции
- ЈП „Плаваја“
- ЈП „Македонски Шуми“ - подружница „Плачковица“ - Радовиш
- РО „Мантово“ (во ликвидација)[3]
[уреди] Економија
Приватниот сектор во општината го сочинуваат: Рударство, угостителство, текстил, шумарство, месна индустрија, трговија на големо и мало, занаетчиство (поправка на моторни возила, часовници, чевли , бела техника и др.), индустрија за конзервирање, млечна индустрија, индустрија за неметали, тутунска индустрија, козметичко-фармацевтска, обработка на злато и сребро. Приватната дејност е 90 % од вкупното стопанство.
[уреди] Администрација и политика
Административниот центар на општина Радовиш е сместен во градот Радовиш. Градоначалник од 2005 г. е Д-р Роберт Велков. На локалните избори во 2005, 2009 и на парламентарните избори во 2008 победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
[уреди] Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Троица“ - еден од најновите, најубавите и најбогатите православни храмови на Балканот и пошироко.
[уреди] Редовни настани
Заштитник на општината и градот Радовиш е светецот Свети Спасо Радовишки. Празникот се чествува секоја година на 21 август во параклисот „Св. Спасо Радовишки“ на плоштадот во Радовиш.
[уреди] Култура и спорт
- ФК Плачковица, оформен 1942 година.
- Спортски навивачи - Лебари
[уреди] Иселеништво
[уреди] Личности
- Ацо Караманов - поет и борец во НОБ
- Никола Георгиев - учител, револуционер и градоначалник на Радовиш
- Павле Трајанов - политичар и претседател на партијата Демократски сојуз
- Милка Ефтимова - оперска пејачка и професорка на факултетот за музичка уметност
- Ристо Гуштеров - бизнисмен