Општина Гостивар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Општина Гостивар — општина во северозападниот дел на Република Македонија. На територијата на општината извира најголемата Македонска река Вардар.

Седиште на општината е градот Гостивар.

Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Гостивар

Map of Gostivar Municipality.svg

Знаме на Општина Гостивар Грб на Општина Гостивар
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Гостивар
Површина 513,39 км²
Демографија
Население 81.042 жители
- проценка од 31.12.2012 83.018 жители
Густина на население 157,86 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Невзат Бејта
Совет 31 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Браќа Гиноски б.б. 1230 Гостивар
Телефон 042 213-511, 042 217-234
Факс 042 214-406
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта
Карта на општина Гостивар со селските атари.
Демографска карта на општина Гостивар со селските атари.

Географска положба[уреди]

Околината на општина Гостивар изобилува со богата природа, поволна географска положба, над 500 м надморска височина прв жубор на изворот на реката Вардар, тука на западот на Мекедонија, опкружен од две тврдини, од Шар Планини и Сува Гора- си со многу други карактеристики, се простира мирен со неговите жители градот на многути настани и личности, ГОСТИВАР.

За да се дојде во Гостивар, од Охрид, или од Скопје или од Тетово, се користи модерниот автопат која што гази низ плодното полошко поле. Всушност сите комуникации, патни или железнички, овозможуваат брза циркулација, На стотина километри јужно се наоѓа аеродромот во Охрид од околу деведесетина километри од аеродромот во Скопје.

Гостивар е општина која зафаќа околу 650 километри квадратни површини. Градот претставува административна, политичка, бизнис и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро живеат речиси 36 илјади. Типична мултикултурна средина. Тука живеат Македонци, Албанци,Турци, Роми и други. Град кој претставува навистина убаво место за живеење, зашто нуди пријатна клима во сите периоди од годината извонредна местоположба, комуникации, услови за бизнис, школување...

Токму затоа со години наназад е јасно изразена експанзија и на населението, и на економскиот развој, на негувањето на особеностите и особено, на грижата и создавањето што е можно поквалитетни услови за живот.

Од пролетта 2005 година, перспективите се уште посилни, со децентрализацијата, со што грижата во најголем дел ја имаат локалните власти. Впрочем, резултатите веќе се гледаат. Традицијата го дава белегот на секоја средина.Жителите на Гостивар со задоволство ќе ви ја раскажат приказната за тоа како настанало името на нивниот град.

Историja[уреди]

За Гостивар се преплатени многу легенди од различни периоди. Според единствениот документ од античкиот период на историчарот Тит Ливи (59 п.н. ера-17 п.н.ера) се вели дека последниот цар на Македонија, Пасаи (179-163) со 10.000 војници по освојувањето на Ускана (Кичево) го освојува градот Драудак за подоцна да го освои Онеј (тетово). Од овие податоци може да се претпостави дека стариот град Драудак којшто имал голема важност, се наоѓа меѓу Кичево и Тетово, на местото на сегашен Гостивар.
Според една легенда сегашното има на градот Гостивар, настанало за време на владетелот Волкашин. Бидејќи доаѓале голем број на посетители, гости низ овие краишта, во текот турското владеење на турски го нарекувале „Гостивар“ што значи (гости има).Исто така збор ВАР или Вари во сите словенски јазици означува извор или место од каде што извира голема количина на вода - вриење ,а исто така означуvа и бања. Како поткрепа на ова ќе го додадеме како пример градот Карлови Вари во Чешка што е во превод Бањите на Карло има и други примери во словенските земји за наставката ВАР како што се Вуковар , Карлобар во Хрватска. Што во превод од старословенски би било „Бања за Гости“ . Како додаток на ова ќе кажеме дека во близина на Гостивар има село кое се вика Бањица. Самото име, односно Гостивар се нарекуваше местото на собирање на гости т.е.„Градот на гостите“.

Во 1850 година геологот и балканологот Ами Бег во описот на Тетово меѓу другото во еден дел вели дека во Полог се наоѓа „големото село“ Гостивар , додека како град Гостивар по прв пат се спомнува во двата записи од 19 век . Според нив оваа населба на Полог ја има оформено својата чаршија (плоштад) додека вторникот бил пазарен ден. Во 1874 год. градот имал 400 куќи , околу 2000 жители , додека на крајот на истиот век 3500 жители..
Врз основа на записите на Абдулаќим Догани ,Гостивар го добива името од девојката дојдена од Бар која што за место на живеење го има одбрано овој град. На локален јазик девојка е гоца и тоа од Бар (Тивар) , затоа произлегува името Гостивар од момата од Тивар.

Првиот бег на Гостивар бил Кара Мустафа Паша. Бо текот на владеењето на Султан Ибрахим Кан (1639-1648), во 1639 станува везир на Османската Импенија.
После неговата смрт, кога го ликвидираат во Истанбул, неговиот син Ебу Бекир доаѓа во Гостивар.Како голем богаташ, по неговото доселување во Гостивар, гради џамија, во близина на Бег Маало. Во вакуфнамето од 1688 година, кое го има видено лично Абулхаким Догани, до џамијата е изградено едно медресе, што е прва пкола во Гостивар, еден конвикт за учениците од блиските села, каде освен талебите (учениците) се хранеле и сиромашните од Гостивар. Во состав на овој комплекс функционирала и библиотека.

Џамијата на Ебу Бекир е срушена за повторно да ја игради неговиот стрико Исмаил Ага. тој бил голем богаташ. Ја изградил и саат кулата, што ни дава до знаење дека оттогаш ова џамија се вика Саат Џамија. Во 1920 година во џамија се реконструира. Во летото 1944 се реконструира, за 50 години подоцна, да се изгради врз темелите на ова џамија, еден убав објект до Саат Култата која се наоѓа во центарот на градот. Новата џамија, Саат џамија, има едно минаре со две шерифиња.
Полошката котлина настанала како последица на големи тектонски пореметувања при истечување на езерото кое постоело на котлинското дно во текот на терциер и квартер низ дервенска клисура преку Вардар во Егејско море.

Во ова геолошка фаза се формирал основниот рељеф на овој дел од Балканот, а со тоа и основниот рељеф на Полошката котрлина. Сува Гора со 1853 метри надморска височина и Шар Планина со 2 748 метри надморска височина го одбелешуваат целиот амбиент под кој е распослан градот.
Западните планини и подински делови се покриени со бујна вегетација давајќи им на пределите изразито шумовит карактер, додека источните со голи и пусти поради варовит состав.

Полошката котлина е на 300-600 метри надморска височина. Таа е вистинска ризница за агро-производство што обилно се користи. Развиеното земјоделско производство не може да се каже дека е доминантно. Зашто Гостивар денес прераснува во модерен бизнис центар во кој се развиваат производството и услугите.Подлогата е во минатото, во развиеното занаетчиство и во големите индустриски системи кои поради застарените модели на организација и управување, не успеаа да опстанат во пзарниот натпревар. Тука некогаш опстојуваа врни занаетчии кои на пазарот нудеа најразлични производи, за денеска да никнуваат компании чии брендови се познати и надвор од гранците на Македонија.

Територијата на Гостиварската општина е мошна богата област со постојани и повремени водени текови кои ја испречуваат областа сочинувајќи

сплет од реки и рекички богати со вода во тек на целата година.


Економија[уреди]

Демографија[уреди]

Старата општина Гостивар која опстојуваше до 2004 година имаше 49 545 жители од кои:

Но со новата териоторијална организација на општината и се придадоа неколку селски општини од околината (Долна Бањица, Вруток, Србиново, Чегране) националниот состав доживеа огромни промени во однос на застапеноста на Македонците и Албанците. Од тогашната застапеност на Македонците со 13 149 (26,54%) се смали нивниот процент на денешните 19,5% со што тие се мајоризираа, а бидејќи не се застапени со 20% за нив неважат повеќе малцинските права загарантирани со Рамковниот договор.

Сегашниот број на жители на општина Гостивар е 81 042 од кои:

Националитети
 

Број
 

Процент
 

Албанци

54038

66.6%

Македонци

15877

19.5%

Турци

7991

9.8%

Роми

2237

3.8%

Власи

15

0.01%

Срби

160

0.19%

Бошњаци

39

0.04%

и други

685

0.84%

Вкупно

81042

100%

Општината зафаќа 513,39 км2 и има густина на населеност од 157,86 жители на км2.

Во состав на општината влегуваат и 35 села: Балин Дол, Беловиште, Бродец, Вруток, Горна Бањица, Горно Јеловце, Горна Ѓоновица, Дебреше, Долна Бањица, Долно Јеловце, Долна Ѓоновица, Железна Река, Здуње, Корито, Куново, Лакавица, Лешница, Мало Турчане, Мердита, Митрој Крсти, Падалиште, Печково, Симница, Србиново, Сушица, Страјане, Равен, Речане, Трново, Тумчевиште, Ќафа, Форино, Чајле и Чегране.

Општествени институции[уреди]

Aдминистрација[уреди]

Организирање на општинската администрација
(1) За изврпување на работите од надлежност на органите на општината се организира општинска администрација.
(2) Општинската админисрација се организира во сектори и одделенија.
(3) Општината може да организира општински инспекторат заради вршење на инспекцискиот надзор над врпењето на работите од нејзина надлежност.
(4) Организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги утврдува советот, врз основа на предлог на градоначалникот.

Статус на вработените во општинската администрација
(1) Вработените во општинската администрација кои вршат стручни, нормативно-правни, извршни, управно-надзорни работи и решаваат управни работи имаат статус на државен службеник.
(2) За вработувањето, правата и должностите, системот на плати и надоместоци на плати, одговорноста, оценувањето и престанокот на работниот однос на вработените од ставот (1) на овој член же се применуваат одредбите од Законот за државните службеници.
(3) За вработените во општинската администрација кои вршат административно-технички и помошни работи се применуваат одредбите од работното законодавство.

Застапеност на заедниците при вработувањето

При вработувањето, во општинската администрација и во јавни служби кои ги основала општината ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници застапени во општината на сите нивоа, како и почитување на критериумите на стручност и компетентност.


Обврска на општинската администрација

Општинската администрација:
1. Ги подготвува актите за советот и градоначалникот;
2. Ги подготвува седниците на советот, како и седниците на неговите постојани и повремени комисии;
3. Врши стручни работи за советот и за градоначалникот;
4. Го води сметководството на општината;
5. Ја следи проблематиката во областите од надлежност на општината, врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за ниво решавање;
6. Доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон;
7. Ракува со документите на општината, и ги чува се до нивното уништување, односно предавање во Државниот архив на Република Македонија и
8. Врши и други работи што ќе ги определи советот и градоначалникот.

СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА ОПШТИНА ГОСТИВАР

Советот на Општина Гостивар на 29 јули 2005 година донесе Одлука за систематизација на работни места што ќе помогне до Општината поефикасно одговори на предизвикот за трансфер на надлежности од сентрално на локално ново. Според ова систематизација општинската администратица се состои од овиеЧ

-Сектор за правни, општи и јавни служби
- Сектор за финансии, буџет, локален економски развој и имплементација на проекти
-Сектор за урбанизам и заштита на животна средина, сообраќај и патишта и комунални дејности
- Сектор на инспекториат

Културни и природни знаменитости[уреди]

Редовни настани[уреди]

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Надворешни врски[уреди]