Општина Свети Николе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Свети Николе

Map of Sveti Nikole Municipality.svg

Знаме на Општина Свети Николе Грб на Општина Свети Николе
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Свети Николе
Површина 482,89 км²
Демографија
Население 18.497 жители
- проценка од 31.12.2012 17.966 жители
Густина на население 38,30 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Зоран Тасев[1]
Совет 15 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Плоштад Илинден б.б. 2220 Свети Николе
Телефон 032 386-000, 032 443-910
Факс 032 386-000, 032 391-010
Портал Службен портал
Карта на Општина Свети Николе со селските атари.
Демографска карта на Општина Свети Николе со селските атари.

Општина Свети Николе се наоѓа во централно-источниот дел на Република Македонија, во плодната котлина Овче Поле која има голема плодност и земјоделско-економска важност и посебни културно-етнографски карактеристики. Општината зафаќа површина од 480 км2 и според тоа се вбројува во најголемите општини во Републиката, со 33 селски населби. Градоначалник на општината е Зоран Тасев.

Географиja[уреди]

Општината го зафаќа централниот дел на Република Македонија и се простира меѓу општините Велес, Лозово, Штип, Карбинци, Пробиштип, Кратово, Куманово и Петровец. Нејзината територија се поистоветува со областа Овче Поле.

Овче Поле е котлина која што лежи во сливот на Светиниколска Река, десна притока на Брегалница. Овчеполската котлина се наоѓа на надморска висина од 200 до 400м и е под влијание на континентални и медитерански климатски влијанија. Како средишен дел на котлината се наоѓа градот Свети Николе.

Градот Свети Николе е сместен во средишниот дел на општината и е поврзан со регионални патишта со општините: Куманово во должина од 43км, Штип - 25км и Велес 34км. Со главниот град на Републиката, Скопје, е поврзан преку Куманово во должина од 76км и преку Велес во должина од 86км, а во иднина се планира реализација на патниот правец Свети Николе - Миладиновци, кој значително е пократок околу (околу 52км).

Поголемите населени места со градот се поврзани со асфалтни локални патишта со вкупна должина од 107,95км. На оддалеченост од 10км од градот се наоѓа железничката станица „Овче Поле“, а на 60км од истиот се наоѓа аеродромот Петровец, што значи дека постои добра сообраќајна поврзаност.

Историja[уреди]

Античкото име на градот и општината Свети Николе е Пробатон. Пресуден историски момент е 1292 година, кога со изградба на црквата Свети Никола се одомаќинува името Свети Николе. Во 1845 година Свети Николе прераснува во гратче.

Економија[уреди]

Стопанската дејност во општина Свети Николе е во фаза на развој. Во моментот, стопанската дејност ја извршуваат 650 правни лица. На производството, како главна стопанска дејност, отпаѓаат 18,10% од стопанските субјекти. Бројот на невработени лица изнесува 3358 работоспособни лица.

Овчеполието е претежно земјоделски регион со вкупна површина од 28000 хектари, од кои 80% отпаѓаат на обработливо земјоделско земјиште. Плодните и обработливи земјоделски површини се доминантен природен ресурс во Овчеполието. Ова е основниот предуслов за што поголем дел од населението да се занимава со земјоделска и сточарска дејност. Постои поволна клима за одгледување на винова лоза, која носи високи годипшни приноси и производство на висококвалитетно вино по европски стандарди.

Очеполските села имаат идеални услови за органско земјоделско производство и производство на традиционални овчеполски производи.

Демографија[уреди]

Седиште на општината е градот Свети Николе. Густината на населението не е така голема и изнесува 38,5 жители на 1км2. Во оштината живеат вкупно 18 497 жители од кои:

Националност Број на жители Процент
Македонци 18 005 97,34%
Власи 238 1,29%
Турци 81 0,44%
Роми 72 0,39%
Срби 71 0,38%
Бошњаци 1 0,01%
Други националности 29 0,16%

Во општината не живеат Албанци.

Во состав на општината влегуваат и 32 села: Алакинце, Амзабегово, Арбасанци, Богословец, Буриловци, Горно Ѓуѓанце, Горно Црнилиште, Горобинци, Делисинци, Долно Ѓуѓанце, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Кнежје, Крушица, Макреш, Малино, Мездра, Мечкуевци, Мустафино, Немањица, Орел, Павлешенци, Патетино, Пеширово, Преод, Ранчинци, Сопот, Стануловци, Стањевци, Строиманци и Трстеник

Општествени институции[уреди]

Општината има солидна здравствена, социјална и образовна структура, како и завидна спортска традиција, место од каде голем број спортисти ги започнаа своите големи спортски кариери. На почетокот на октомври 2008 година, беше отворена спортската сала „Цар Самуил“, во соработка меѓу општината, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија.

Администрација и политика[уреди]

Со отпочнувањето на процесот на децентрализација, локалната самоуправа има зголемена моќ во решавањето на комуналните и инфраструктурните проблеми, со цел подобрување на целокупното урбано живеење и обезбедување одржлив развој на заедниците. Една од надлежностите на општината е локалниот економски развој, за која општината создава и имплементира важни стратешки документи каде плански се проектира еконоомскиот равој, како Стратегија за локален развој, Локален акционен олан за животна средина, Општински образовни политики, план за социјална заштита и др.

Во таа насока општината успеа да реализира повеќе проекти од сите области, а во тек се и други проекти кои во најскоро време треба да бидат реализирани.

Културни и природни знаменитости[уреди]

Културните активности се реализираат преку две општински институции:

  • Дом на култура „Крсте Мисирков“ - Свети Николе и
  • Народен музеј - Свети Николе.

Тие даваат белег на културното живеење во општината и пошироко. Домот на културата како центар на културата во градот и општината дава печат на современото културно живеење со своите разновидни и квалитетни културни содржини. Општината Свети Николе отсекогаш имала богата културна и особено фолкорна традиција. Богатата овчеполска фолклорна традиција истовремено претставува еден од фундаментите на богатото македонско народно творештво, кое со своите автентични вредности има светско значење.

Во зачувувањето и негувањето на изворните фолклорни дејности најголем придонес имаат 40 културно уметничките друштва кои работеле и работат на територијата на општината. Посебно се издвојува фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“, кој работи во составот на Домот на културата. Овој ансамбл, фолклорните вредности на овој крај ги претставува во континуитет повеќе од 40 години на разни фестивали во Македонија и надвор. Исто така позната е и фолк групата Слатка Тајна,која е позната низ Македонија по бројните настапи на телевизиите и фестивалите во државата ,но и надвор од неа.Групата досега има издадено еден албум,а од бројните сингл нумери се издвојува песната за родниот крај Овчеполие.

Редовни настани[уреди]

Свети Николе од далечната 1973 година беше организатор на манифестацијата „Регионални фолклорни смотри“ и ги опфаќаше општините од источниот регион со успешно презентирање на чистите вредности на македоснката фолклорна ризница. Овој настан израсна во препознатлив Меѓународен фестивал на изворен фолклор.

Меѓународниот фестивал на изворен фолклор Тодорица, кој се одржува секоја година континуирано во новиот милениум е поврзан со верскиот празникТодорова сабота“, а локалното население на Свети Николе го слави како народен собор „Тодорица“. Популарниот панаѓур, којшто трае три дена за време на празникот, претставува интересна можност за среќавање на граѓаните од градот и пошироко. Овој фестивал има богата традиција, а градот станува вистински центар на изворниот фолклор, вклучувајќи ги различните етноси од Македонија и пошироко.

Личности[уреди]

  • Гордана Нацева, ракометен голман во РК Овче Поле, РК Ѓорче Петров и државната репрезентација
  • Кирил Лазаров , ракометар, две сезони најдобар стрелец во Европскиот Клупски Ракомет, најдобар стрелец во историјата на светските ракометни првенства, првотимец во неколку реномирани Европски клубови и капитен на државната репрезентација.
  • Филип Лазаров, ракометар, брат на Кирил Лазаров, настапува во РК Металург од Скопје, и за државната репрезентација.
  • Маријана Мишева, естраден уметник,
  • Лазар Колишевски, Претседател на СФР Југославија

Култура и спорт[уреди]

ФК Овче Поле (Свети Николе, оформен 1925 година. Повеќе сезони бил член на 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига).

РК Овче Поле (Свети Николе), тука својата кариера ја имаат почнато браќата Кире и Филип Лазаров.

КК Овче Поле (Свети Николе), стана 10тиот член на првата кошаркарска лига на Македонија, во 2008 година.

Иселеништво[уреди]

Иако во минатото немало многу иселеници, во последните 15 години забележителен број на граѓани од овој крај се иселуваат во Италија, Америка, Германија, Швајцарија како и во далечната Австралија. Значителен број од нив најпрвин како сезонски работници ја напуштаат Македонија, за подоцна трајно да се преселат во странство.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]