Општина Зелениково

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Општина Зелениково е општина во северниот дел на Република Македонија, близу до Скопје. Центар на општината е селото Зелениково.


Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Зелениково

Map of Zelenikovo Municipality.svg

Знаме на Општина Зелениково Грб на Општина Зелениково
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Село Зелениково
Површина 176,95 km²
Демографија
Население 4077 жители жители
Густина на население 23,04 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник Веле Груевски
Совет 9 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Зелениково 1053 Зелениково
Телефон 02 2717-046


Содржина

[уреди] Географиja

Општина Зелениково е општина во северниот дел на Република Македонија, сместена во крајниот југоисточен дел на Скопската котлина во близина на градот Скопје. Поточно општината Зелениково се наоѓа во горното Повардарие, во средото течение на реката Вардар во близина на сливот на Кадина Река и Пчиња. Територијата на општина Зелениково зафаќа површина од 176,95 km2 . Општината Зелениково се граничи со 4 општини и тоа: Велес од југ и југоисток, Чашка од југ, Студеничани од запад и Петровец од север и североисток. Самата општина има изразит рурален карактер и во своите граници опфаќа 14 населени места, од кои сите селски населби. Населението на општина Зелениково брои 4077 жители , што во однос на големината на територијата на општината покажува дека општина Зелениково има густина на населеност од 23,04 жители на km2, што ја вбројува во редот на ретко населени подрачја. Седиште на општината е село Зелениково, а градоначалник е Веле Груевски.

[уреди] Историja

Општина Зелениково е формирана како посебна општина во денешните граници со Законот за територијална организација на општините од 1996 година, а претходно била во рамките на Општина Кисела Вода и Општина Скопје во периодот на СФРЈ.

Со предлог Законот за територијална организација на општините во 2004 беше предвидено Општина Зелениково да се припои кон Општина Петровец, меѓутоа Општината Зелениково остана самостојна општина со поголеми можности за сопствен развој.

[уреди] Економија

Населението во Општина Зелениково се занимава со примарни и секундарни стопански дејности. Најразвиено е земјоделството односно полјоделството и сточарството. Поради поволноста на теренот и високата плодност на земјиштето во пределот околу реката Вардар е најзастапено полјоделството, пред се одгледувањето на житни култури (пченица, јачмен, овес, ’рж, пченка), градинарски култури (зелен пипер, домат, морков, кромид, лук, спанаќ, марула) како и индустриските култури (луцерка, фуражна пченка, детелина). Идеалните услови кои ги нудат ридските предели на општина Зелениково, последната деценија повторно го вратија и развија сточарството посебно козарството, по кое оваа општина е далеку позната, пред се по прочуеното козјо сирење и млеко од неколкуте млекарници од Таор, Пакошево и Зелениково. Покрај козарството, доста развиено е и овчарството. Покрај земјоделството и сточарството развиено е и индустриското производство во прехрамбената индустрија и фабриката за компјутерски микрочипови во село Орешани.

[уреди] Демографија

Според пописот од 2002 година, Општина Зелениково брои 4077 жители, чиј етнички состав е:

  • Македонци 2522 - 61,86%
  • Албанци 1206 - 29,58%
  • Турци 1 - 0,02%
  • Роми 92 - 2,26%
  • Власи 1 - 0,02%
  • Срби 45 - 1,10%
  • Бошњаци 191 - 4,68%
  • останати 19

[уреди] Општествени институции

Во општина Зелениково работи деветгодишно основно училиште „Марко Цепенков“ кое се наоѓа во Станица Зелениково. Во рамките на училиштето работат и градинка и библиотека. Во општината работат и јавна и приванти здравствени амбуланти кои се наоѓаат ов Станица Зелениково.

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

На територијата на Општина Зелениково се наоѓаат повеќе културно-историски споменици и знаменитости. Во близината на селото Таор се наоѓа археолошкиот локалитет со остатоците од античкиот град Тауресиум во кој е роден византискиот император Јустинијан I. Исто така во рамките на општината Зелениково се наоѓаат повеќе постари средновековни цркви и манастири меѓу кои: познатиот манастир „Свети Архангел Гаврил“ во селото Зелениково од XIV век, возобновен во 1845/46 година, манастирот „Свети Ѓорѓија“ и црквата „Воскресение Христово“ во Станица Зелениково, црквите „Свети Димитрија“ од XIV век и „Свети Илија“ од XVII век во селото Таор, а во Ново Село постои црквата „Свети Талеа“ од средновековието возобновена во 1896 година.

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици