Општина Карпош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Карпош

Map of Karpoš Municipality, Macedonia.svg

Знаме на Општина Карпош Грб на Општина Карпош
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Скопје
Површина 105 км²
Демографија
Население 58.359 жители
- проценка од 31.12.2012 60.520 жители
Густина на население 1.694,58 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Стевчо Јакимовски
Совет 23 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Бул. Партизански одреди 68,
1000 Скопје
Телефон 02 3061-353, 02 3061-425
Факс 02 3062-925
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта

Општина Карпош е една од десетте општини во главниот град на Република Македонија, Скопје.

Географиja[уреди]

Реки: Низ општината тече реката Вардар, а на еден дел од општината тече и реката Лепенец.

Езера: Нема

Планини: Дел од планината Водно.

Термални води: Нема

Руди, минерали: Нема

Историja[уреди]

Општината Карпош е формирана на 8 ноември 1976 година со Законот за образување на општини на Град Скопје и за утврдување на нивните подрачја ("Службен весник на СРМ" бр.8/76). Во првиот состав на Општината, Претседател на Собранието на Општина Карпош беше Ристо Попески, а Претседател на Извршниот совет на Собранието на Општина Карпош беше Крсте Сарџовски.

Најголемиот дел од подрачјето на кое е формирана општината го носело името Карпош кое е заедничко име (прекар) на две значајни личности од историјата на Македонскиот народ:

- Карпош - војвода, кој во 1689 година бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и Кумановскиот крај и се борел против турските феудалци - паши (Карпошево востание). Востанието било задушено, а Карпош бил заробен, набиен на колец, избоден со копја, по што од Камениот мост во Скопје Турците го фрлиле во реката Вардар.

- За да не се заборави името на Карпош тоа име го земал Христијан Тодоровски - народен херој на Македонија од НОБ, голем син на Куманово и легендарен партизански командант во Североисточна Македонија. Тој храбро загина на 7 февруари 1944 година, во борба против фашистичката полиција во селото Билјача.


По кажување на еминентни македонски историчари името на Општината Карпош не може да се поврзе само со една од овие две значајни историски личности, со оглед на тоа дека самото име Карпош асоцира на монолитност и истрајност на Македонскиот народ за сопствена држава и сопствен национален идентитет.

Економија[уреди]

Демографија[уреди]

- Национална структура

- Македонци 52,943 ( 88, 52 %)

- Срби 2195 ( 3, 67 %)

- Албанци 1952 ( 3, 26 %)

- Роми 615 ( 1.03 %)

- Власи 403 ( 0.68 %)

- Турци 334 ( 0,56 %)

- Др. 1364 ( 2,28 %)


- ВКУПНО 59.810 (100 %)


Општествени институции[уреди]

Администрација и политика[уреди]

Културни и природни знаменитости[уреди]

Општината Карпош е мошне богата со културно-историски споменици. На нејзиното подрачје се наоѓале/наоѓаат ретки споменици на македонската култура и традиција, а најзначајните настани од борбата за национална и социјална слобода на македонскиот народ се обележани со повеќе споменици и спомен-обележја:

Св. Пантелејмон - манастир со црква, задужбина на византискиот император Алексеј Комнeн. Се наоѓа во с. Горно Нерези. Подигнат е во 1164 година. Црквата претставува петокуполна градба врз крстообразна основа, со три апсиди и правоаголен нартекс. Градена е од кршен камен и тули. Посебна уметничка вредност има фрескоживописот, реализиран од сликар повикан од Цариград. Сликите што ги украсуваат ѕидовите претставуваат ремек-дело на уметничките текови од XII век и се предвесник на италијанската сликарска ренесанса. Од тој корпус, најпозната е композицијата "Оплакувањето на Христос". Во 1555 година, како последица од земјотрес, се урнала централната купола на црквата и највисоките сводни површини околу неа. Денешниот живопис на овој простор е од втората половина на XIV век.

Во подножјето на Зајчев Рид, од левата страна на реката Вардар, во непосредна близина на населбата Злокуќани, се наоѓа античкиот град Скупи, древниот предок на Скопје. Скупи бил подигнат од Римските легионери, тука најпрвин се наоѓал нивниот логор, во кој биле сместени 5-та Македонска и 4-та Скитска легија, како појдовна база за освојување на Дарданија. Подоцна тој логор ќе прерасне во Скупи. Скупи се наоѓал на една важна сообраќајница која ги поврзувала Егеј и Средна Европа, а во помала мера и Тракија со Јадранското Море. Пронајдените историски податоци зборуваат дека во 313 година Скупи станал епископско седиште, а нешто повеќе од еден век подоцна и архиепископско. Овој град својот голем економски и културен подем го забележал во два различни временски периоди, првиот во I и II век, а вториот во раниот IV век по Христа. Пронајдените материјали и предмети го покажуваат различниот социјален статус на граѓаните на Скупи, неговите културни и економски белези.

Во с. Долно Нерези се наоѓа споменик-пирамида посветен на паднатите борци од с. Долно Нерези. Споменикот се наоѓа до мостот на реката Вардар, на бул. "Партизански одреди";

Спомен-плоча во населбата Козле, која е поставена на местото каде што на 25 февруари 1944 година од бугарската полиција бил убиен македонскиот народен херој Кузман Јосифовски - Питу;

Во ноември 2014 година, по барање на Руската федерација, Советот на општината донесол одлука за поставување споменик на советскиот космонаут Јуриј Гагарин.[1]

Збратимени Општини[уреди]

Редовни настани[уреди]

Во Карпош се одржуваат спортски училишни лиги во фудбал, кошарка, шах и одбојка за девојчиња

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Карпош ќе постави споменик на Јуриј Гагарин“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 11 ноември 2014, стр. 17.