Општина Центар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Центар

Map of Centar Municipality, Macedonia.svg

Знаме на Општина Центар Грб на Општина Центар
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште [[Населба Центар, Град Скопје]]
Површина 7,52 km²
Демографија
Население 45362 жители
Густина на население 6.032,18 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник Владимир Тодоровиќ
Совет 23 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Михаил Цоков б.б. 1000 Скопје
Телефон 02 3222-716 (Ц.), 02 3223-343, 02 3225-352, 02 3128-043
Факс 02 3211-089, 02 3061-925
Мрежно место Официјално мрежно место
Е-пошта е-пошта


Општина Центар е општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Општина Центар се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет Св. Кирил и Методиј заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје. Градоначалник на општината е Владимир Тодоровиќ.

Содржина

[уреди] Географиja

Општина Центар зафаќа површина од 7,52 km2 и има густина на населеност од 6 032,18 жители/km2.

[уреди] Граници

Главна статија: Граници на Општина Центар

[уреди] Историja

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

Во Општина Центар живеат 45 412 жители од кои:

[уреди] Населби во Општина Центар

Под подрачјето на Општина Центар не влегуваат села и наслени места, односно целото подрачје на општината се протега на урбаната територија на градот Скопје.

Во состав на општината влегуваат следниве населби и маала: Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево Маало, Парк Маало и Тасино Чешмиче. (Во населбата денес како топоним односно месност постои Еврејско Маало на чие место било еврејска населба до втората светска војна).

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Органи

Органограм на Општина Центар

[уреди] Совет

Советот на Општина Центар се состои од 23 члена, на чело со претседател. При советот функционираат и комисии по разни области:

[уреди] Урбани заедници

Целокупното подрачје на Општина Центар е поделено на 17 урбани заедници.[1] Тие имаат свое седиште, а со нив раководат претседателите на урбаните заедници. Највисок орган на урбаната заедница е Советот на урбаната заедница, составен од 7 членови на Советот, од кои еден е претседателот на урбаната заедница, кој и ги води седниците на Советот.

Заради подобра координација на активностите на урбаните заедници, на иницијатива на претседателите на урбаните заедници е формирано Координативно тело на урбаните заедници во кое партиципираат сите урбани заедници претставувани од нивните претседатели. Со Координативното тело на урбаните заедници раководи претседателство во состав Мирчевски Дамјан- претседател на Координативното тело на урбаните заедници, Марковски Благоја, Игор Лешко, Драган Атанасовски и Стојан Донев - членови на претседателството на Координативното тело на урбаните заедници на општина Центар.

Урбана заедница Адреса на седиште Телефон Претседател
„Невена Георгиева Дуња“ Ул. „Васил Ѓоргов“ бр.2 071/ 248-956 Сашо Димитровски
„Боро Петрушевски Папучар“ Ул. „Ѓорги Скрижевски“ бр. 20 070/ 242-320 Благоја Марковски
„Кочо Рацин“ Ул. „Бигла“ бр. 2 075/ 603-053, 31-76-249 Неда Ивановска
„Мито Хаџивасилев Јасмин“ Ул. „50 Дивизија“ 075/ 590-985 Васе Трајковски
„Дане Крапчев“ Ул. „Алберт Ајнштајн“ 071/ 525-626, 32-30-202 Игор Лешко
„Наум Наумовски Борче“ Ул. „Орце Николов“ бр. 79 070/624-959, Даниел Темелковски
„Раде Јовчевски Корчагин“ Ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр.43 075/ 852-884, 31-34-878 Драган Атанасовски
„Миле Арсовски“ Ул. „Васил Стефановски“ бр.15 075/ 451-229, 32-98-569 Дамјан Мирчевски
„Мирче Ацев“ Ул. „Орце Николов“ бр.29 070/525-096 Бошко Лозанче
„Роберт Гајдиќ“ Ул. „Кочо Рацин“ бб 075/ 608-501 Зоран Велевски
„Васил Антевски Дрен“ Ул. „Коста Шахов“ бр.20 тел: Игор Стојановски
„Мирче Мацан“ Ул. „Пролет“ бр.39 077 / 713-355 Влатко Галабов
„Славе Георгиевски Шнајдерот“ Ул. „Мирче Ацев “ бб. Ристо Белов
„Благоја Деспотовски Шовељ“ Ул.„Ѓуро Стругар “ бр.15-а
„Јане Сандански“ Ул. „Битпазарска “ бр.125 071/ 839-233, 31-24-221 Стојан Донев
„Боте Ботевски“ Градски трговски центар 070/ 273-960, 31-62-855 Пане Глигоров
„Крњево“ /// 071-238-637 Влатко Митковски

[уреди] Проект „Безбедност за сите“

Урбаните заедници на општина Центар, организирани преку Координативното тело на урбаните заедници, отпочна со реализација на проектот „Безбедност за сите“, проект за зголемување на безбедноста на граѓаните преку интензивирање на соработката со полицијата. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Р.Македонија и претставува пилот проект од ваков карактер во Р.Македонија и во земјите од соседството. Носител на проектот е Координативното тело на урбаните заедници, а соработници претставници од МВР - ПС Центар, Општина Центар, невладини организации и агенциите за обезбедување.

[уреди] Културни и природни знаменитости

На подрачјето на општината се наоѓаат многу културно - историски споменици и знаменитости по кои е препознатливо Скопје и Македонија. На подрачјето на општината се наоѓаат познатите Камен Мост и скопското Кале (кои се застапени на грбот на градот Скопје). Исто така во Дебар Маало е остатокот од влезниот дел на првата македонска гимназија по втората светска војна, потоа се наоѓаат црквите Свети Димитрија и соборниот храм Свети Климент Охридски (за жал со новата територијална поделба на Општина Чаир и беше придодадена една од најстарите и најбогатите македонски цркви Свети Спас во која се наоѓа гробот на македонскиот херој и великан Гоце Делчев и извонреден резбан иконостас со непроценлива вредност).

[уреди] Збратимени општини

[уреди] Наводи

  1. http://www.opstinacentar.gov.mk/urbani_zaednici.aspx: „Целото подрачје на општина центар е поделено на 17 урбани заедници“
  2. Центар се збратими со Бејоглу во Истанбул“, Нова Македонија, 21 април 2012. Проверено на 21 април 2012.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици