Општина Пласница
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | Село Пласница | |||||||||
| Површина | 54,44 km² | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 4545 жители | |||||||||
| Густина на население | 83,49 жители/km² | |||||||||
| Населени места | ||||||||||
| Локална власт | ||||||||||
| Градоначалник | Исмаил Јахоски | |||||||||
| Совет | 9 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Адреса на седиште | Општина Плашица Пласница | |||||||||
| Телефон | 045 287-086 | |||||||||
| Факс | 045 287-087 | |||||||||
| Мрежно место | Официјално мрежно место | |||||||||
Општина Пласница е општина во Западна Македонија. Центар на општината е селото Пласница.
Содржина |
[уреди] Географиja
Општина Пласница се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија и се протега на северните и североисточните падини на Бушева Планина и планината Сач. Територијата на општина Пласница има површина од 54,30км². Општината се граничи на североисток со општина Македонски Брод, на југоисток со општината Крушево и селото Сопотница и на запад со општина Вранештица. Во состав на општината се 4 населени места кои се сместени во горниот тек на реката Треска: Пласница, Преглово, Лисичани и Дворци.
Територијата на општина Пласница се наоѓа под влијание на умерено-континентална клима, која се одликува со ладни и врнежливи зими и суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна месечна температура е јули со 20,0 C°. Најстудени месеци се јануари со просечна месечна температура од 0,6 C° и декември со просечна месечна температура од 2,1 C°. Екстремните температури се движат од 38,9 C° во август до минус 25,9 C° во февруари. Годишниот период на сончеви часа изнесува 2263 часа или 6,2 часа дневно.
[уреди] Историja
Општина Пласница во овие администратитвни граници е од 1996 година според новата теритиријална поделба на Република Македонија, со поделба на општина Македонски Брод, кога се формирани уште две нови општини: Самоков и општина Пласница.
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 година во општина Пласница живеат 4.545 жители во 1.125 домаќинства и 1.225 станови. Густината на населеност во оваа општина е 84,2 жит./км². Според националната припадност во општината живеат 4.446 Турци, 34 Македонци, 20 Албанци и 45 жители кои се изјасниле како припадници на други заедници.
[уреди] Образование
Во општината постојат 2 основни училишта и тоа:
[уреди] Инфраструктура
[уреди] Патна мрежа
Низ територијата на општина Пласница поминува регионалниот пат P-513, Скопје-Кичево-Македонски Брод-Прилеп, и е единствен пат од повисока категорија. Патната мрежа во општината ја формираат и 20 локални патишта кои ги поврзуваат населените места во општината. Локалните патишта не се сите асфалтирани, дел од нив, низ населените места, се со набиен шлунак-макадам. Основна карактеристика на оваа секундарна мрежа е тоа што таа е со непостојан профил, со променлива широчина и без оформени тротоари, како и неповолниот меѓусебен однос на сообраќајниците. Заради овие причини, треба да се стави акцент на нова сообраќајна концепција со што ќе се придонесе кон максимално сообраќајно поврзување на сите објекти во населените места во општината.
[уреди] Водовод и канализација
Како главен извор за снабдување со вода на населението, индустријата и за комуналните потреби на населените места во општината се користат водите од регионалниот водовод "Студенчица". Процентот на домаќинства кои живеат во станови со приклучок на јавен водовод (во однос на вкупниот број на домаќинства) изнесува 97,5%. Водоснабдувањето во општината се врши од еден тип на водоводен систем и тоа: излезна шахта од главниот водовод на Ј. П. Студенчица (Кичево – Прилеп), потисен цевковод и четири резервоари, а потоа преку секундарната мрежа по гравитационен пат водата се дистрибуира до самото население. За разновидната секундарна мрежа се користени ПЕТ профили, со пречник од Ф 63 до Ф 160. Документацијата покажува дека водоводот е реализиран 100%, но на теренот населението се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Процентот на домаќинства кои живеат во станови со приклучок на јавна канализација (во однос на вкупниот број на домаќинства) изнесува 2,6%.
[уреди] Здравство
Во населеното место Преглово функционира здравствена станица, која е под Здравствениот Дом Македонски Брод. Здравствената станица во село Преглово функционира од 1965 година кога имало вработено еден доктор, една сестра и еден санитар. Но поради зголемувањето на бројот на населението и на потребите на граѓаните се изгради нов монтажен објект во 1985 година, во кој функционира здравствена амбуланта, една стоматолошка ординација, една аптека и една лабараторија. Според бројот на населението и населените места, бројот на вработените и услугите кои ги дава амбулантата не е соодветен на потребите на граѓаните од овие населени места. Вредно е да се напомене дека амбулантите работаат и во попладневна смена.
Во амбулантата се сместени стоматолошката ординација "Дентал" и аптеката "Кристи-фарм". Во населеното место Лисичани функционира здравствена станица која е под Здравствениот Дом Кичево, работи во една смена со еден доктор и една медицинска сестра.
[уреди] Надворешни врски
- Официјален сајт на Општина Пласница
- Општина Пласница на сајтот на Министертвото за локална Самоуправа
- Општинска база на податоци на Министерството за локална самоуправа -Пласница
|
|||||||