Преглово
Преглово | |
Поглед кон Преглово | |
Координати 41°27′48″N 21°07′14″E / 41.46333° СГШ; 21.12056° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Пласница |
Област | Долно Кичево |
Население | 928 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6539 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03035 |
Надм. вис. | 753 м |
Преглово на општинската карта Атарот на Преглово во рамките на општината | |
Преглово на Ризницата |
Преглово — големо село во областа Долно Кичево, во Општина Пласница, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод. Денес, селото претставува скоро една заедничка целина со соседното село Пласница.
Етимологија
[уреди | уреди извор]По некое предание се верува дека името на селото потекнува од некоја жена Прегла, која живеела тука. Сепак, самите мештани не се сложуваат со истото.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова големо село се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Пласница, од десната страна на реката Треска. Од градот Македонски Брод, местото е оддалечено 11 километри.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 680 метри.[3] Селото е сместено во северното подножје на Бушева Планина, оддалечено 18 километри југоисточно од Кичево.
Селото се наоѓа во долината на малата Проска Река, која е десна притока на реката Треска. Преглово е во непосредна близина на поголемото и попознатото село Пласница. Ако се набљудуваат од далечина изгледаат како едно село.[4]
Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Гробишта, Агини Огради, Леништа, Попов Камен, Бегоо Трло, Бркоа Река, Преслап, Ѓупско Кладенче, Шемшионец, Дулески Трла и Стрмоштица. Месностите во внатрешниот дел на атарот на селото се следни: Петкашинец, Црквина, Јасика, Врата, Сарџионец, Гумниште, Старо Латово, Опаљено, Оџино Трло, Камилица, Киши Гроб, Голема Присојница и Саботна Вода. Месностите во котлинскиот дел на атарот на селото се следни: Шарен Камен, Лениште, Виткојца, Жежница, Орлојца, Бегоо Трло, Рамниште и Јусуфоа Нива.[4]
Селото има збиен тип. Се разликуваат пет маала, кои се наречени по родовите: Јусуфовско, Мифтароско, Пировско, Бетовско и Зејнеловско.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Преглово се смета за старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се сретнува во втората половина на XV век. Во тоа село живееле 32 словенско-христијански семејства.[4] Мештаните тврдат дека станува збор за постаро село од соседното Пласница.[2]
Подоцна, христијаните го прифатиле исламот. Оттогаш, селото е мусламанско-торбешко, додека поранешниот христијанскиот карактер на селото може да се забележи од одредени топоними.[4]
На месноста Гушаици има остатоци од ѕидини, каде населението побегнало за време на чумата.[2]
Постои предание дека селото некогаш било опустошено од чума, која ја донел некој човек од Прилеп со товар со волна.[2]
Во XIX век, Преглово било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 12,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 979 хектари, а на обработливото земјиште 154 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 230 жители, сите Македонци-муслимани.[5]
Според рускиот енограф Афанасиј Селишчев, селото било означено како населено со Македонци-муслимани.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Во 1961 година селото броело 601 жител, од кои 584 биле Турци, а 16 жители Македонци. Во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.031 жител, од кои 1.001 Турчин, 29 Македонци и 1 Албанец.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Преглово живееле 1.079 жители, од кои:[8]
*Населението е претежно македонско, но дел од македонското население со исламска вероисповед се изјаснило како Турци или Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 928 жители, од кои 6 Албанци, 916 Турци и 6 лица без податоци.[9]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Преглово:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | 511 |
1953 | 130 | 0 | 436 | 0 | 7 | — | 573 |
1961 | 16 | 0 | 584 | 1 | 0 | — | 601 |
1971 | 8 | 2 | 708 | 0 | 2 | — | 720 |
1981 | 32 | 1 | 303 | 0 | 631 | — | 967 |
1991 | 39 | 2 | 1.068 | 0 | 28 | — | 1.137 |
1994 | 29 | 1 | 1.001 | 0 | 0 | — | 1.031 |
2002 | 1 | 3 | 1.070 | 0 | 5 | — | 1.079 |
2021 | 0 | 6 | 916 | 0 | 0 | 6 | 928 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Потурчување
[уреди | уреди извор]Поради социолошки, економски и политички влијанија, најголем дел од муслиманското население во селото се изјаснува како Турци. Македонскиот јазик е најзастапен, а јазиците на другите националности се изучуваат во поново време или воопшто не се говорат. На пописот од 2002 година, целото население е попишано како турско. На сите минати пописи или е заведено како македонско, или е во графата на муслимани или под друго. Општиот изговор на населението е дека отсекогаш биле Турци и дека во минатото им било забранувано да зборуваат на мајчиниот турски јазик. Најинтересен е фактот дека тие зборуваат на чист македонски јазик, а никогаш не биле под власт на држава која ја воделе Македонци, а да вршеле асимилација. После турското ропство, тој дел на Македонија бил под српска окупација, па тие го асимилирале народот во Срби, каде морало да се зборува на српски. Поаѓајќи од тој факт дека пласничани зборуваат на македонски, а не на окупаторскиот јазик - српски. По српската окупација, Македонија се ослободува и формира своја држава, каде Турците се конститутивен народ, а турскиот јазик мајчин за Турците. Сепак турскиот како наставен јазик е воведен дури по 1996 година, кога се формирала Општина Пласница.[10]
Гледна точка на месното население
[уреди | уреди извор]Месното население тврди дека се етнички Турци кои зборуваат на македонски јазик.
Општо гледиште
[уреди | уреди извор]Според останатите гледишта, целото население по етничка припадност всушност се Македонци, поточно Македонци-муслимани, кои се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини. Податоци за ова се наоѓаат во македонски, бугарски, српски и останати светски извори.
Родови
[уреди | уреди извор]Селото Преглово е торбешко.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Македонските муслимански (т.н. „торбешки“) родови: Јусуфовци (35 к.), Мифтаровци (20 к.), Пировци (20 к.), Бетовци (15 к.) и Зејновци (5 к.), сите се староседелски, освен родот Зејновци кои се доселени од околината на Дебар, изгледа нивното потекло е албанско. Имаат иселеници околу (20 к.) во соседното село Пласница.
- Во селото живее и едно ромско ковачко семејство.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Пировци (8 к.), Јусуфовци (12 к.), Шутаревци (14 к.) и Прлеви (1 к.). Сите се староседелци.[2]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Кемал Ататурк“, централно основно училиште на Пласница, сместено на самата граница помеѓу двете села
- Здравствен пункт Преглово, изграден во 1984 г.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Пласница, која била една од ретките општини во Македонија, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Брод во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Челопеци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ижиште, во која покрај селото Преглово, се наоѓале и селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница и Русјаци. Општината Ижиште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Дворци, Ижиште, Пласница и Преглово.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 276 и 276/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На парламентарните избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.129 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Џамии[14]
- Јешил џамија — старата селска џамија; и
- Јени џамија — новата селска џамија.
- Реки[15]
- Проска Река — мала река низ селото, десна притока на Треска
-
Јешил џамија
-
Коритото на Проска Река
-
Јени џамија
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од ова село се имаат иселено околу 18 торбешки семејства во Турција во периодот 1918-1957. Потоа, иселувањата престанале. Потоа иселеници има и во битолското село Будаково, родовите Алимовци (2 к.) и Велиовци (1 к.).[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 236. Посетено на 12 октомври 2020.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 118–119.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 октомври 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ ЛИСИЧАНИ НЕ ЈА САКААТ ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО[мртва врска]
- ↑ „ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ МАКЕДОНСКИ БРОД“. www.zdmakedonskibrod.mk. Посетено на 2020-10-17.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 17 октомври 2020.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 17 октомври 2020.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 57. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|