Македонци-муслимани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај



Македонци-муслимани
Вкупен број на населението

120 000—220 000

Региони со значително население
Македонија Република Македонија 40 000—100 000
Албанија Албанија 80 000—120 000
Јазици
Македонски јазик
Религии

Ислам

Македонци-муслимани, Торбешиетнички Македонци по народност со исламска вероисповед, говорат на македонски јазик и се познати под повеќе различни имиња.

Бројност и застапеност во региони[уреди]

Бројноста на Македонците-муслимани во Македонија се движи од 40.000 до 100.000 луѓе. Највеќе се населени во Долна Река (поранешната Општина Ростуше), Торбешијата (Скопско), повеќе села во Струшко (поранешната Општина Лабуништа), Општина Центар Жупа и поширокиот Дебарски регион, Тетовскиот регион каде спаѓаат селата Јеловјане и Урвич, Општина Пласница, Општина Долнени, Битолско (во повеќе села од поранешната Општина Бистрица), селото Велешко итн.

Македонците со исламска вероисповед се исто така мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Република Македонија, особено во областите Гора (во Косово и Албанија) и Голо Брдо (во Албанија).

Во некои случаи за оваа категорија луѓе се користат термините Торбеши, Горанци, Помаци, Аповци или Потури.

Терминот „Торбеши“ има негативна и погрдна конотација. Има неколку теории за настанокот на името од кои најпознати се дека поради маките од Турците овие луѓе ја ставиле главата во торба (и преминале во исламот) и дека ја продале својата христијанска вера за торба сирење. Ова мислење категорично е невистинито и неприфатено од нивна страна, бидејќи верата не се продава ниту купува, туку поради нивното постојано патување на гурбет и со торба на рамо за да печалат пари за опстанок.

Покрај името Торбеши кое е општоприфатено (но сепак погрешно и погрдно) за Македонците-муслимани во разни краишта постојат разни имиња. За Македонците-муслимани во Кичевско се користи името Аповци (од турскиот збор „апо“ што значи браќа), а во некои краишта во источна Македонија се користи и името Потури кое пред сè има погрда конотација.

Поради тоа што овие луѓе се Македонци, нивните здруженија и организации постојано апелираат да се престане со употребата на разните имиња (кои често имаат погрдно значење) и за нив да се користи само името Македонци бидејќи тоа и се.

Поврзани групи[уреди]

Според регионите во кои живеат македонски муслимани (т.е. етнички Македонски со исламска вероисповед) се нарекуваат со различни имиња. Главна карактеристика за сите нив е што го зборуваат македонскиот јазик во дијалектна форма според регионот во кој живеат. Но сепак поради различноста на регионите во кои живеат секоја група има задржано свои специфични етнолошки карактеристики. Според тоа македонските муслимани можат да се поделат на следниве категории:

Историја[уреди]

Првите податоци за исламизирањето во Македонија датираат некаде од средината на XV век. Отпрвин примањето на исламот било доброволно и најчесто во ислам преминувале оние луѓе кои имале големи имоти и кои биле побогати со цел да ги зачуваат своите имоти и богатства од одземање од страна на Турците. Еден дел од Македонците христијани го примиле исламот со цел да ја задржат земјата и имотот, за и понатаму братски во задруги да ја обработуваат со своите роднини кои останале христијани. Со примањето на исламот на побогатите Македонци, Турците отпрвин сметале дека тоа ќе послужи за пример на останатото население во Македонија да ја прими исламската вера.

Подоцна откако доброволното примање на исламот земало многу мали размери, Турците започнале и со насилна исламизација на македонското население која се остварувала или преку директно исламизирање или преку принуда најчесто со киднапирање на женски членови на семејствата, ослободување од плаќање на даноци итн. Македонците-муслимани иако ја смениле својата вера, тие низ вековите не го примиле турскиот јазик и го задржале македонскиот јазик, а останале и македонските обичаи и традиции (прослава на Ѓурѓовден, посета и дарување во христијанска црква кога се има болно дете, а во некои куќи на Македонци-муслимани сѐ уште се чуваат православни икони итн.).

Исламот според негова концепција е вера на мирољубивост и толеранција, и според Куранскиот текст тој не смее да се наметне со сила и притисок, изборот да некој стане муслиман или не е прашање и волја на самата единка, затоа сметаме дека секоја констатација која тврди дека исламот вршел принудување ја сметаме за клевета и злонамера или неоснована. Бидејќи самиот факт дека тие и ден-денес зборуваат македонски јазик е непобитен факт дека Турците не вршеле притисок за примање на верата, ако се примаше верата со присила тогаш ќе се примеше и јазикот.

Актуелни состојби[уреди]

Во поново време (особено во текот на 90-тите години на ХХ век и во денешницата) Македонците со исламска вероисповед се предемет на напади на големонационалистичките апетити и проганди особено од страна на Албанците, а во помала мера и на Бошњаците, Турците и Србите. Во последно време се поголеми и пожестоки се притисоците и на Бугарите, особено во областите Гора и Голо Брдо, врз тие македонски муслимани со цел да се претстават како „етнички Бугари“. Во косовскиот дел на Гора постои здружение на Бугари-мохамедани (муслимани). Во најново време во Република Македонија, се забележуваат тенденции за одделување на Македонците-муслимани од македонската национална целост и конституирање во посебна етничка група. Оваа тенденција е поддржувана и пропагирана од страна на пратеникот и бизнисмен Фијат Цаноски и неговата политичка партија ПЕИ.

Организациите на Македонците-муслимани жестоко реагираат (особено г-дин Исмаил Бојда) преку повеќе написи во весниците и јавноста поради притисоците вршени од страна на Албанците во западна Македонија да се попишуваат како Албанци, заведувањето со албански имиња и презимиња во матичните книги во повеќе општини, насилното воведување на албански јазик во училиштата итн. Исто така во јавноста сè почесто и погласно остро се реагира на сепаратистичките и однародувачките тенденции на овој дел од македонскиот народ кои се поддржуваат од пратеникот Фијат Цаноски и неговата партија ПЕИ.

Исто така организациите на Македонците со исламска вероисповед реагираат на тоа дека под разни околности Македонците-муслимани на пописите се попишуваат како Турци или Албанци и бараат поголема грижа на државата за овие луѓе. Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на последното собрание (одржано во Скопје, 2006 година), достави барања до државата за поголема грижа кон овие луѓе и усвои програма за помош и поддршка на Македонците-муслимани.

Македонските муслимани од Гора (Горанци) во Косово официјално побараа да бидат вклучени во новиот предлог за уредувањето на Косово како посебна македонска национална заедница, со загарнитирани најмногу 9, а најмалку 3 пратенички места, со овозможено образование на мајчин македонски јазик и давање на културна автономија на областа Гора.

Познати личности[уреди]

Видете исто така[уреди]