Дебар
- За други значења на поимот Дебар видете на појаснителната страница
| Дебар | |
|---|---|
Поглед на градот Дебар од селото Рајчица |
|
| Mестоположба | |
Дебар на картата на Македонија |
|
|
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2) |
|
| Општи податоци | |
| Име: | Дебар |
| Поштенски бр.: | 1250 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 046 |
| Автомобилска ознака: | OH |
| Мреж. место: | debar.gov.mk |
| Историја | |
| Управа | |
| Држава: | |
| Општина: | Дебар |
| Градоначалник: | Аргетим Фида |
| Географија | |
| Население | |
| Население: | 14.561 |
| Образование: | |
Дебар е град во западниот дел на Македонија.
Содржина |
[уреди] Историја
Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е картата на Клавдиј Птоломеј, направена околу средината на 2 век во која се нарекува Deborus. Византискиот император Василиј II знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекува овој град Dibri во 1502. Во времето на османлиската империја Дебар бил дел од Битолскиот вилает. На почетокот на 19 век Дебар се побунил против турскиот султан, и во овој период, како што тврди еден француски патеписец - Дебар имал 64 продавници и 4200 жители. На крајот од векот, градот имал 15500 жители, но после Прва Светска војна, овој број се намалил.
Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во Македонија , Бугариjа, Србија па дури и во Русија. Кон крајот на 18 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник Григор Прличев, кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.
Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Стамбол гори, Дебар го гради“.
[уреди] Географија и местоположба
Градот Дебар се наоѓа во крајниот западен дел на Западна Македонија и воопшто на Република Македонија близу до границата со Албанија. Од Скопје е оддалечен 131 km, а најблиски градови до него се Струга (52 km) и Гостивар (71 km). Дебар лежи во југоисточниот дел на Дебарското поле на надморска височина од 625 метри. Истотака Дебар е опкружен со планините Дешат, (Крчин) Стогово и Јабланица. Дебар се наоѓа, до Дебарското Езеро, кое е заезерено на утоката на Радика во Црн Дрим.
[уреди] Насление
Според пописот од 2002 год., во градот Дебар живееле 14 561 жител[1], од кои:
Поради тешката економска состојба последните години е зголемено иселувањето од Дебар, чии жители најчесто се иселуваат во САД.
[уреди] Знаменитости на Дебар
Во непосредна близна на Дебар (веднаш после таблата од лева страна) се наоѓа селото Рајчица кое е всушност негово предградие, во кое се наоѓа женскиот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец кој е метох на најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. Манастирот е возобновен во 1999 година и денес таму повторно се слави Ѓурѓовден. Во близина на дебарските села Баниште и Долно Косоврасти се наоѓаат познатите Дебарски бањи. Во Дебар сѐ уште може да се најдат некои изумрени занаети како терзии, дограмаџии и останати занаети кои сѐ уште опстојуваат и во чаршиите во Прилеп и Битола. Истотака познати се и дебарските мајстори-ѕидари и дебарските тапанџии и зурлаџии.
[уреди] Економија
Најпознати и најголеми стопански капацитети кои вработуваат голем број работници се рудникот и фабриката за гипс „Радика - КНАУФ“, „Дебарските Бањи Цаpа“ и хидро-централата „Шпилје“. Во Дебар работат и неколку килимари чии килими често се пласираат на странските пазари. Со осамостојувањето на Македонија и отворањето на границата со Албанија во градот голем развој доживеа трговијата и малостопанството.
[уреди] Личности
- Иван Аговски - македонски револуционер
- Ибе Паликуќа - народен херој од НОБ
- Живко Ошавков - социолог и философ од Бугарија, еден од основоположниците на социологијата во Бугарија
- Јордан Даниловски (р. 15 јануари 1957) - македонски поет, критичар, есеист, романсиер.
- Васил Куноски (20 ноември 1916 - 13 јуни 1993) - македонски поет за деца.
- Иван Ивановски (10 јуни 1930) - македонски поет, раскажувач, писател за деца, театарски критичар.
[уреди] Наводи
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Дебар“ |
|
|||||||