Голо Брдо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Golo Brdo.jpg

Голо Брдо (албански Gollobërdë) е географска, претежно планинска област во источниот дел на Република Албанија, југозападно од градот Дебар во Република Македонија. Населението во овој регион е претежно македонско од кои мнозинството се со исламска вероисповед. Македонците од овој дел на Албанија се организирани во здружение наречено Мир чијшто претседател е Кимет Фетаху.

И покрај тоа што Македонците се официјално признати како малцинска заедница во Албанија [1] , сега за сега македонскиот јазик официјално се употребува само во реонот на Мала Преспа, а не и во Голо Брдо и другите делови на Албанија каде живеат етнички Македонци. Во тие делови македонскиот јазик се користи во домашна и меѓусебна комуникација меѓу Македонците.

Во одредени делови на Голо Брдо постои и одредена група на луѓе кои се декларираат како етнички Бугари и се организирани во здружение наречено „Просперитет Голо Брдо“ чиј претседател е Хаџи Пируши од с. Стеблево. Но, за разлика од Македонците, Грците или Власите кои се официјално признати како малцински заедници во Република Албанија, албанската држава нема официјално признание за постоење на бугарска малцинска заедница во ниту еден дел од Албанија или дадено право на образование на бугарски јазик и покрај тоа што властите во Република Бугарија и самодекларираните Бугари во Албаниjа тврдат дека на Голо Брдо постои население со бугарска национална свест. Некои бугарски политичари одат до таму што покрај тврдењата за постоење на бугарско население во Албанија, сакаат да го претстават и македонското население низ Албанија како бугарско агитирајќи меѓу албанските власти.

[уреди] Села во Голо Брдо

Карта на Голо брдо

Областа Голо Брдо во 1924 година, дванаесет години по формирањето на Албанија, е поделена меѓу тогашна Југославија и Албанија. Во Албанија областа Голо Брдо територијално е поделена на три општини: Требишта, Острени и Стебљево, со 16 чисто македонски села : Вичишта, Миреши, Владимирица, Тучепи, Којовец , Смолник , Лешничани, Себишта, Мало Острени, Големо Острени, Врница, Пасинки, Требишта, Клење, Ѓиновец, Стебљево, Борово, Забзун, Студена, Оржано, Радоешта, Љубаљеш. Во Македонија од областа Голо Брдо припаѓаат селата Отишани, Џепиште. Во општините Острени и Требишта живеат само Македонци, а во општина Стебљево населението е етнички мешано и Македонци и Албанци.

Во областа Долно Поле, понасевер од Голо Брдо во општината Маќеларе останати се само три, од претходно сите македонски села Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле. Во 1924 година Албанија ги добива од тогашна Југославија во размената на територии по граничната линија.


[уреди] Види исто така

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици