Пустец
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Села во Албанија | |
|---|---|
| Име: | Пустец |
| Област: | Горица |
| Округ: | Горица |
| Општина: | Пустец |
| Население: | 1400-1500 |
| Поштенски код: | - |
| Повикувачки број | - |
| Надморска височина: | 830 м. |
| Географска широчина: | 40° 47' 12" |
| Географска должина: | 20° 54' 7" |
| Мрежно место: | нема |
Пустец е село во Мала Преспа, Република Албанија, Општина Пустец, Округ Корча (Korça).
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Пустец e село во Република Албанија и административен центар на Општина Пустец во јужниот дел на областа Мала Преспа на брегот на Преспанското Езеро. . Градоначалник на општината е етнички Македонец, господин Едмонд Темелко (победник на изборите одржани на 18.2.2007), а сите членови на советот на општината се исто така етнички Македонци. Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол, 16-зрачното сонце над кое стои натпис на македонски јазик Општина Пустец, а под него на албански јазик. Тоа е всушност прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Република Албанија.
Историja [уреди]
Во селото постои црква „Свети Архангел Михаил“ изградена во 1754 година.
Економија [уреди]
Економската состојба во селото и целиот крај е катастрофална. Само 5% од жителите се вработени, а населението главно се занимава со земјоделство, риболов, сточарство и продавање на разна стока на пазарите во поголемите градови во Македонија и Албанија.
Демографија [уреди]
1900 година според бугаринот Васил К'нчов селото броело 410 Македонци православни (кај него „бугари“)[1].Во селото живеат околу 1300 жители, и скоро сите (над 99%) се Македонци
| Година | Популација |
| 1900 | 410 |
| 1926 | 515 |
| 1945 | 565 |
| 1960 | 697 |
| 1969 | 788 |
| 1979 | 941 |
| 1989 | 1,035 |
| 2000 | 1,120[2] |
| 2007 | 1 500 |
Општествени институции [уреди]
Во селото работат основно и средно училиште, а овозможено е образование на македонски јазик само до четврто одделение. Во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд на книги на македонски јазик.
