Апостолски егзархат во Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот
Христијанство во Македонија

Христијански крст

Историја
Мисијата на Апостол Павле
Христијанизација
Свети Кирил · Свети Методиј
Свети Климент · Свети Наум
Самоилово царство
Отоманска империја
Странски пропаганди

Православие
Охридска архиепископија
МПЦ-ОА

Католицизам
Апостолски егзархат
Скопска бискупија
Римокатоличко влијание
Лазаристи

Протестантството
Протестанска пропаганда
Евангелско-методистичка црква
Баптистичка Црква

Апостолскиот егзархат во Македонија, исто така познат и под имињата Католичка црква од источен или византиски обред или Унијатска црква, е византиска sui iuris црква во рамките на унијата на римокатоличката и источните (православни) цркви, која го користи македонскиот јазик во литургијата.

Историја[уреди]

Црквата била основана во 1918 година кога било создадено Кралството Југославија, и кога помал број од Македонците се преобратиле во католицизмот во познатата Кукушка Унија. Егзархатот бил укинат во 1924 година. Во 2001 година откако Југославија била растурена, Светата Столица повторно го воспоставила Апостолскиот Егзархат во Македонија. Иако бројот на верници од латинскиот обред на римокатоличката црква е сѐ уште мал - повеќето се Албанци и припадници на другите народи од поранешните југословенски републики, Светата Столица ги поставувала римокатоличките бискупи на Скопје како поглавари на Апостолскиот Егзархат на Македонија. Денес, македонската грко-католичка црква има околу 11.000 верници.

Бискупи[уреди]

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Apostolic Exarchate of Macedonia (Macedonian)“ (на англиски). http://www.catholic-hierarchy.org/diocese/dmkby.html. конс. 3 октомври 2011.