Демир Хисар
| Демир Хисар | |
|---|---|
![]() Општинската зграда на Демир Хисар |
|
| Mестоположба | |
|
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2) |
|
| Општи податоци | |
| Име: | Демир Хисар |
| Поштенски бр.: | 7240 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 047 |
| Автомобилска ознака: | BT |
| Мреж. место: | Официјална страна на општината и градот |
| Историја | |
| Управа | |
| Држава: | |
| Општина: | Демир Хисар |
| Географија | |
| Површина: | 478 |
| Население | |
| Население: | 2,593 |
| Образование: | |
Демир Хисар е град во Југозападна Македонија и е центар на општина Демир Хисар. Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв од 2000 m., кои што ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област. Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Планина. Тоа е името што и денес го носи. Територијата на општина Демир Хисар зафаќа површина од 478 km² и се вбројува во средно големите општини на Р. Македонија, со просечна густина на населението 21,5 жители на km².
Содржина |
[уреди] Население
Според пописот од 2002 година, Демир Хисар брои 2593 жители, од кои:
- Македонци 2473 (95,37%)
- Албанци 7
- Турци 3
- Роми 0
- Власи 6
- Срби 0
- Бошњаци 2
- oстанати 10
[уреди] Историјат
Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална корекција, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).
Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители. Во 1981 година имало 2283, а во 1985 - 2633 жители. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.
Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола, Крушево, Кичево и Прилеп.
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
Официјална веб страница на општина Демир Хисар
|
|||||||
