Зашле

Координати: 41°22′20″N 21°08′35″E / 41.37222° СГШ; 21.14306° ИГД / 41.37222; 21.14306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зашле

Поглед на селото Зашле

Зашле во рамките на Македонија
Зашле
Местоположба на Зашле во Македонија
Зашле на карта

Карта

Координати 41°22′20″N 21°08′35″E / 41.37222° СГШ; 21.14306° ИГД / 41.37222; 21.14306
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 12 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10017
Надм. вис. 1233 м
Слава Илинден
Ѓурѓовден[2]
Зашле на општинската карта

Атарот на Зашле во рамките на општината
Зашле на Ризницата

Зашле — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Зашле се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместено на 28 километри од општинското средиште, градот Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.[3]

Поглед на планината Лубен над селото

Селото Зашле се наоѓа на крајниот североисточен дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на општините Крушево и Кичево. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 19,1 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 1.242,6 хектари, на шумите отпаѓаат 515,4 хектари, а на обработливото земјиште 140 хектари.[3]

Селото се граничи со селата Брезово и Кочиште (обете во Општина Демир Хисар), селата Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река (сите во Општина Крушево) и селото Цер (сместено во Општина Кичево).

Во селото има две прекрасни природни чешми за вода кои секогаш се со исти капацитет на истечност.

Од 1996 година патот е целосно асфалтиран[4], има водоводна мрежа низ целото село и телефонска говорница на сретсело до старото основно училиште и селската продавница, кои за жал сега се напуштени.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото Зашле било дел од Битолската каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на планината Лубен над селото

Во минатото, населението се занимавало со производство на вар, која била продавана во градовите Прилеп, Крушево и Кичево. Воедно, главна стопанска гранка била и сточарството, кое денес е сведено на само едно стадо овци од 150 грла и 30-40 кози.[4]

Селото има мешовита земјоделска функција. Поради планинската клима и недопрената природа, во поново време особено е развиено пчеларството.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948414—    
1953453+9.4%
1961402−11.3%
1971201−50.0%
1981103−48.8%
ГодинаНас.±%
199152−49.5%
199448−7.7%
200242−12.5%
202112−71.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зашле имало 280 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зашле имало 320 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зашле се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 63 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 320 414 453 402 201 103 52 48 42 12
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови[уреди | уреди извор]

Зашле е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[15]

  • Староседелци: Шулевци (6 к.) и Карадаг (1 к.).
  • Доселеници со непознато потекло: Раменовци или Илијовци или Рибаровци (24 к.), Пејовци (23 к.), Богдановци (14 к.) и Малци (11 к.). За Пејовци се мисли дека потекнуваат од предок Ром (Ѓуптин), а за Малци дека потекнуваат од предок Влав.
  • Доселеници со познато потекло: Спасеновци (1 к.), доселени се од селото Велмевци и Аризовци (5 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Зашле, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Кочишта и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочишта, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 650 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Караиче — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Кале — населба од средниот век;
  • На Куќишта — некропола од доцноантичко време;
  • Старо Кочиште — населба од средниот век.
Цркви[19]
Манастири
Споменици
  • Споменик од НОБ

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Илинденски денови

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1951 година од селото имало иселеници во САД (1 семејство), Србија (11 семејства, во Јабука, Белград, Стари Бечај, Рума и во Крагуевац), Романија (4 семејства), Крушево (4 семејства) и во Бугарија (2 семејства). По иселувањето на муслиманите од селото Кочиште неколку семејства од Зашле се населиле во тоа село.[15]

После 1960 година голем број од населението е иселено во Скопје, Демир Хисар, Битола, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.[26]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 129. Посетено на 16 ноември 2016.
  4. 4,0 4,1 Казиовска, Соња (7 август 2015). „Во Зашле 20 години немало ниту свадба ниту заплакало новороденче“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 19 ноември 2016.[мртва врска]
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 ноември 2016.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. 20,0 20,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. 24,0 24,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  26. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]