Боиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боиште
Боиште во рамките на Македонија
Боиште
Местоположба на Боиште во Македонија
Боиште на карта

Карта

Координати 41°11′46″N 21°06′01″E / 41.19611° СГШ; 21.10028° ИГД / 41.19611; 21.10028Координати: 41°11′46″N 21°06′01″E / 41.19611° СГШ; 21.10028° ИГД / 41.19611; 21.10028
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10005
Надм. вис. 958 м
Слава Ѓурѓовден
Петковден[2]
Боиште на општинската карта

Атарот на Боиште во рамките на општината

Боиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Боиште е планинско село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат двете планини, Плакенска и Илинска.

Се работи за планинска населба на надморска височина од 910 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Боиште — село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има релативно голем атар од 22 км2. Убедливо најголем дел од тоа земјиште отпаѓа на шумите (1176,1 хектари), а потоа на пасиштата со 495,2 хектари. Останатите 439,5 хектари отпаѓаат на обработливо земјиште. Селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948686—    
1953661−3.6%
1961495−25.1%
1971382−22.8%
1981180−52.9%
ГодинаНас.±%
19919−95.0%
199422+144.4%
20027−68.2%
20212−71.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Боиште имало 650 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Боиште имало 720 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Боишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 650 720 686 661 495 382 180 9 22 7 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Боиште е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Богдановци (9 к.); Дамчевци со Тодорчевци, Јанковци, Банаковци, Здравевци и Трајковци (11 к.); Џамбазовци (11 к.); Белевци (5 к.); Боцевци и Божиновци (3 к.); Вељанчевци (20 к.); Вековци (6 к.); Гајтановци со Чешалковци и Чукалковци (5 к.); Зајаковци (2 к.); Даљановци (5 к.); Пројковци со Китановци (6 к.); Перумуновци (4 к.); Цветковци со Јошаревци (10 к.); и Попевци (7 к.).[14]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Смилево, во која покрај селото Боиште, се наоѓале и селата Обедник и Смилево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 643 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект - куќа на васил талевски.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1952 година населението многу малку се иселувало од селото. Иселеници имало само во Битола (2 семејства).[14]

Посилен бран на иселување има после 1953 година, за што сведочи големиот пад на население, во 1953 во селото е забележана бројка од 661. А во 2002 година во селото живееле само 7 жители.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 33.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. Железник. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. 20,0 20,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. 23,0 23,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]