Ново Село (Демирхисарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село

Поглед на селото Ново Село

Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°18′17″N 21°11′26″E / 41.30472° СГШ; 21.19056° ИГД / 41.30472; 21.19056Координати: 41°18′17″N 21°11′26″E / 41.30472° СГШ; 21.19056° ИГД / 41.30472; 21.19056
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 29 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10023
Надм. вис. 670 м
Слава Арангел[2]
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Ново Село — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 5,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 282 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата 81 хектар.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ново Село било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948251—    
1953274+9.2%
1961239−12.8%
1971169−29.3%
1981120−29.0%
ГодинаНас.±%
199162−48.3%
199450−19.4%
200235−30.0%
202129−17.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ново Село имало 200 жители, сите Черкези.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 300 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 239 жители, а во 1994 година 50 жители македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 28 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 300 251 274 239 169 120 62 50 35 29
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Ново Село е македонско село, а во минатото било албанско.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]

  • Доселеници: Ѓоревци (2 к.), Вртигазовци (10 к.), Велевци (8 к.), Пејковци (3 к.), Димовци (1 к.), Кузмановци (2 к.), Цветановци (1 к.), Митановци (1 к.), Мијаковци (4 к.), Десановци (1 к.) и Котевци (1 к.), сите овие родови се доселени од селото Радово, повеќето родови во Радово имаат истоимени роднини; Настевци (1 к.), доселени се од селото Ракитница; Гуревци (2 к.), доселени се од селото Горно Дивјаци, Крушевско; Петревци (1 к.), доселени се од селото Душегубица, Кичевско; Деспотовци (1 к.), доселени се од селото Мало Илино и Мојсовци (1 к.), доселени се од селото Кошино, Прилепско.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“ над селото

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општествена зграда.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

Личности[уреди | уреди извор]

Родени

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 213-214. Посетено на 8 јануари 2017.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 февруари 2017.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Железник-Ново Село. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]