Добромирово

Координати: 41°14′23″N 21°8′58″E / 41.23972° СГШ; 21.14944° ИГД / 41.23972; 21.14944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Добромирово

Црквата „Пресв Богородица Балаклија“ со манастирските конаци на Добромирово

Добромирово во рамките на Македонија
Добромирово
Местоположба на Добромирово во Македонија
Добромирово на карта

Карта

Координати 41°14′23″N 21°8′58″E / 41.23972° СГШ; 21.14944° ИГД / 41.23972; 21.14944
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Горни Железник
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 908 м
Добромирово на Ризницата

Добромирово — историско село на територијата на Општина Демир Хисар,[2] во западниот атар на с. Слепче.

Географија[уреди | уреди извор]

Добромирово се наоѓало во областа Железник, во источните пазуви на Илиница (дел од Бигла), западно над селото Слепче и северно над Слепченскиот манастир. На ова место денес е манастирот Добромирово со црквата „Пресв. Богородица Балаклија“, наречена „Источен Петок“, која е обновена во 1970 година според старата црква на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото постоело барем уште од средниот век, за што сведочи истоименото наоѓалиште на ова место со старата црква и некропола, возобновена во 1970 г. облик на денешниот манастир во 1970 г.[3] Се смета дека местото е наречено по македонските владетели Добромир Хрс или Добромир Стрез, кои тука доаѓале на одмор.

Во османлиско време селото било тимар на извесен Азап, чии жители се занимавале претежно со сточарство и дрводелство. Во 1468 г. селото платило 1.035 акчиња данок, од кои 320 за пченица; 200 за ’рж и јачмен, како и за лен, свињи, ушур за лозје; за бостан, за воденици, за свадбарина и најмногу за испенџе — 381 акче.[2]

Добромирово се споменува во 1468 г. со следниве жители: Мирче, син на Негослав; Леко, син на Пралог; Доно, син на Никола; поп Велјан; поп Димитри; Никола, син на поп; Василко, Јано син на Богдан; Драле; Бојо, син на Драле; Никола, син на Ѓурко; Томо, син на Губеро; Јован, сиромав; Степан, брат на Јован; Дико, син на Миладин; Синком син на Дабе; син на Којо Степан, брат на Бојо; Андреја, Арбанаш; Ѓуро, син на Андреја; Владе; Рајан, син на Владе; Братул, син на Владе; Васил, син на Владе; Божик, син на Арбанаш; Којо, син на Богој; Јанко, син на Којко; Којо, син на Робе. Селото имало 28 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, во вкупно население од 145 жители.

Во 1568 г. селото е заведено со 125 жители.[2]

Во XVIII век почнало значително преселување на населението во Слепче, кои уште претходно често се симнувале во него.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 142. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]